Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

„Каде беше Бог?“

„Каде беше Бог?“

„ПОСТОЈАНО СЕ ПРАШУВАМ: КАДЕ БЕШЕ БОГ?“ — папата Бенедикт XVI, додека бил во посета на поранешниот концентрационен логор во Аушвиц (Полска)

КОГА ЌЕ СЕ СЛУЧИ НЕКОЈА ТРАГЕДИЈА, ДАЛИ СЕ ПРАШУВАШ: „КАДЕ БЕШЕ БОГ?“ ИЛИ, АКО ТИ СИ ДОЖИВЕАЛ ТРАГЕДИЈА, СЕ ПРАШУВАШ ЛИ ДАЛИ НА БОГ МУ Е ГРИЖА ЗА ТЕБЕ?

Можеби се чувствуваш како Шила, која живее во САД. Таа пораснала во религиозно семејство. Шила вели: „Уште како дете верував дека постои Бог и дека тој нѐ создал. Сепак, никогаш не се чувствував блиска со него. Си мислев дека ме забележува, ама дека не му е грижа за мене. Не сметав дека ме мрази, ама не сметав ни дека ме сака“. Зошто Шила се сомневала дека Бог ја сака? Таа вели: „Како семејство доживеавме многу трагедии, и се чинеше дека Бог воопшто не ни помагаше“.

Можеби и ти веруваш дека постои Бог. Сепак, можеби се прашуваш дали тој навистина се грижи за тебе. Праведниот човек Јов, кој верувал дека Бог има моќ и мудрост, имал слични сомнежи (Јов 2:3; 9:4). Откако доживеал неколку трагедии по ред, и не гледал никаков излез, Јов го прашал Бог: „Зошто го свртуваш лицето и гледаш непријател во мене?“ (Јов 13:24).

Според Библијата, дали Бог е виновен за трагедиите што се случуваат? Постојат ли докази дека Бог се грижи за луѓето како целина, но и за секој од нас поединечно? Како можеш да знаеш дали Бог те забележува, те разбира, сочувствува со тебе и ти помага да се носиш со проблемите?

Во следните статии ќе видиме како начинот на кој Бог нѐ создал покажува дека тој се грижи за нас (Римјаните 1:20). Исто така, ќе разгледаме некои работи од Библијата кои потврдуваат дека Бог е заинтересиран за луѓето. Колку подобро го запознаваш Бог преку неговите созданија и преку неговата Реч, толку поуверен ќе бидеш дека тој се грижи за тебе (1. Јованово 2:3; 1. Петрово 5:7).