Да се храбриме еден со друг, особено во ова време на крајот
Да се храбриме еден со друг, толку повеќе колку што гледате дека се приближува денот (ЕВР. 10:24, 25)
1. Зошто апостол Павле ги поттикнал првите еврејски христијани уште повеќе да се храбрат еден со друг?
АПОСТОЛ Павле им го дал следниов совет на еврејските христијани во првиот век: „Да размислуваме еден за друг за да се поттикнуваме кон љубов и кон добри дела, и да не ги пропуштаме нашите состаноци, како што некои имаат обичај, туку да се храбриме еден со друг, толку повеќе колку што гледате дека се приближува денот“ (Евр. 10:24, 25). Браќата можеби се прашувале зошто Павле им кажал уште повеќе да се храбрат еден со друг. За помалку од пет години, им станало јасно зошто. Тогаш сфатиле дека Јеховиниот ден на суд врз Ерусалим е близу и дека треба да го напуштат градот, како што им кажал Исус (Лука 21:20-22; Дела 2:19, 20). Тој Јеховин ден дошол во 70 год. од н.е., кога Римјаните го уништиле Ерусалим.
2. Зошто денес треба уште повеќе да се храбриме еден со друг?
2 Денес се наоѓаме во слична ситуација. Јеховиниот „голем и многу страшен“ ден е близу (Јоил 2:11). Зборовите на пророкот Софонија важат и за нашево време: „Близу е големиот ден на Јехова. Близу е и доаѓа многу брзо“ (Соф. 1:14). Од таа причина, треба „да размислуваме еден за друг за да се поттикнуваме кон љубов и кон добри дела“ (Евр. 10:24). Треба уште повеќе да покажуваме интерес за нашите браќа, за да можеме да ги охрабриме кога ќе имаат потреба.
КОЈ ИМА ПОТРЕБА ОД ОХРАБРУВАЊЕ?
3. На што укажал апостол Павле во врска со охрабрувањето? (Види ја сликата на почетокот од статијата.)
3 „Од загриженост срцето на човекот му премалува, а добриот збор го радува“ (Изр. 12:25). Од овие зборови се гледа дека понекогаш на сите ни треба охрабрување. Павле јасно дал до знаење дека охрабрување им треба дури и на оние што имаат одговорност да ги охрабруваат другите. На браќата во Рим тој им напишал: „Копнеам да ве видам, да ви дадам некаков духовен дар за да зајакнете, односно, заемно да се охрабриме, јас со вашата вера, а вие со мојата“ (Рим. 1:11, 12). Значи, дури и на апостол Павле понекогаш му требало охрабрување. (Прочитај Римјаните 15:30-32.)
4, 5. Кој денес има потреба од охрабрување, и зошто?
4 Денес, можеме да ги храбриме оние кои се во полновремена служба, како што се верните пионери. Многумина од нив направиле големи жртви за да служат како пионери. Истото важи и за мисионерите, покраинските надгледници и нивните сопруги, како и за оние што служат во подружниците или во преведувачките канцеларии. Сите тие прават жртви за да можат да му служат на Јехова во поголема мера, и затоа треба да ги храбриме. Охрабрување им треба и на оние што порано биле во полновремена служба, но повеќе немаат можност за тоа.
5 Потреба од охрабрување имаат и многуте браќа и сестри кои сѐ уште не стапиле во брак бидејќи, од послушност кон Јехова, сакаат да се мажат или женат „само во Господарот“ (1. Кор. 7:39). Освен тоа, на сопругите многу им значи кога нивните сопрузи им кажуваат дека ги сакаат и дека се благодарни за сѐ што прават (Изр. 31:28, 31). Охрабрување им треба и на христијаните кои остануваат верни и покрај прогонство или болест (2. Сол. 1:3-5). Јехова и Исус ги тешат сите овие верни браќа и сестри. (Прочитај 2. Солуњаните 2:16, 17.)
СТАРЕШИНИТЕ МОЖАТ ДА НЀ ОХРАБРАТ
6. Каква улога имаат старешините кои се спомнати во Исаија 32:1, 2?
6 Прочитај Исаија 32:1, 2. Живееме во тешко време, и затоа може лесно да се обесхрабриме. Но Исус нѐ храбри преку „кнезовите“, односно старешините — сеедно дали се помазани браќа или од другите овци. Овие старешини не се господари на нашата вера, туку наши соработници кои сакаат да ни помогнат да бидеме радосни и да му останеме верни на Бог (2. Кор. 1:24).
7, 8. Како можат старешините да покажат дека навистина се грижат за другите?
7 Старешините можат да го следат примерот на апостол Павле, кој секогаш се трудел да ги охрабри своите браќа. На христијаните во Солун кои биле прогонувани, тој им напишал: „Полни со љубов кон вас, бевме спремни да ви ја дадеме не само Божјата добра вест туку и својот живот, бидејќи ве засакавме“ (1. Сол. 2:8).
8 Старешините можат многу да ги охрабрат другите со своите зборови. Но дали тоа е секогаш доволно? Дела 20:35). До кој степен бил Павле спремен да им помага на другите? Тој рекол: „Ќе потрошам сѐ и ќе се истрошам себе за вашите души“. Со своите постапки, Павле покажал дека е спремен да даде сѐ од себе за да им служи (2. Кор. 12:15). Слично на тоа, старешините треба да ги храбрат и да ги тешат другите не само со зборови туку и со своите постапки. Со тоа покажуваат дека навистина се грижат за нас (1. Кор. 14:3).
На старешините од Ефес, Павле им кажал: „Морате да им помагате на слабите и да ги имате на ум зборовите на Господарот Исус, кој рече: ’Повеќе усреќува давањето отколку примањето‘“ (9. Како можат старешините да даваат совет на охрабрувачки начин?
9 За да ги зајакнат браќата, старешините понекогаш треба да им дадат совет на другите со цел да ги исправат. Тие можат од Библијата да научат како да го прават тоа на охрабрувачки начин. Исус дал одличен пример во овој поглед. По неговата смрт и воскресение, тој им дал строг совет на собранијата во Ефес, Пергам и Тијатира. Но пред да им даде совет, ги пофалил за сите добри работи што ги правеле (Отк. 2:1-5, 12, 13, 18, 19). На собранието во Лаодикија тој му рекол: „Јас ги укорувам и ги опоменувам сите што ги сакам. Затоа биди ревносен и покај се!“ (Отк. 3:19). Нашите старешини се трудат да го следат примерот на Исус во начинот на кој даваат совет.
ОХРАБРУВАЊЕТО НЕ Е ОДГОВОРНОСТ САМО НА СТАРЕШИНИТЕ
10. Како можеме сите ние да се охрабруваме еден со друг?
10 Старешините не се единствените кои треба да ги охрабруваат другите. Павле ги поттикнал сите христијани со своите зборови да ги изградуваат другите „според потребата“ (Еф. 4:29). Секој од нас треба да размислува какви потреби имаат другите за да може да им помогне. Павле им напишал на еврејските христијани: „Исправете ги премалените раце и ослабените колена и израмнете ги патеките по кои одат вашите нозе, за да не се шине куцото, туку напротив, да оздрави“ (Евр. 12:12, 13). Сите ние, вклучувајќи ги и децата, можеме да се зајакнуваме меѓу себе со нашите охрабрувачки зборови.
11. Што ѝ помогнало на Марта кога била многу потиштена?
11 Марта *‚ една сестра која некое време била многу потиштена, напишала: „Еднаш се молев за охрабрување, и уште истиот ден сретнав една постара сестра која покажа многу грижа и сочувство кон мене. Токму тоа ми требаше. Сестрата ми раскажа дека и таа минала низ истото, и повеќе не се чувствував толку осамено“. Таа сестра веројатно не била ни свесна колку ѝ помогнала на Марта со своите зборови!
12, 13. Како можеме да го примениме советот запишан во Филипјаните 2:1-4?
12 Павле им го пишал следново на христијаните во Филипи: „Затоа, ако имате некакво охрабрување во Христос, ако имате некаква утеха поттикната од љубов, ако имате некакво единство во духот, ако имате некакви нежни чувства и сомилост, надополнете ја мојата радост со ова: бидете сложни во размислувањето и имајте ја истата љубов, бидете еднодушни, еднакво размислувајте, не правете ништо од честољубие, ниту од суета, туку од понизност сметајте ги другите за поголеми од себе и не грижете се само за себе туку и за другите“ (Фил. 2:1-4).
13 Сите треба да се трудиме да си помагаме еден на друг. Ако сакаме да ги охрабриме нашите браќа и сестри, треба да ги тешиме со љубов, да покажуваме грижа за нив и да бидеме нежни и сочувствителни со нив.
КАКО МОЖЕМЕ ДА ГИ ОХРАБРУВАМЕ ДРУГИТЕ
14. Наведи еден начин на кој можеме да дадеме охрабрување.
14 Многу се радуваме кога ќе чуеме дека оние на кои некогаш сме им помогнале, останале верни слуги на Бог. Апостол Јован напишал: „За мене нема поголема радост од тоа да чујам дека моите деца живеат според вистината“ (3. Јов. 4). Многу пионери се пресреќни кога ќе дознаат дека некој кому му помогнале да ја дознае вистината пред многу години, сѐ уште верно му служи на Јехова, можеби дури и како пионер. Значи, ако некој пионер е обесхрабрен, можеме да го потсетиме колку многу им помагал на другите.
15. Како можеме да ги охрабриме оние што верно му служат на Јехова?
15 Голем број покраински надгледници рекле дека тие и нивните сопруги биле многу охрабрени кога добиле некоја картичка со благодарност за нивната посета на некое собрание. Ова важи и за старешините, мисионерите, пионерите и бетелците. За нив може да биде големо охрабрување ако им се заблагодариме што верно му служат на Јехова и покрај тешкотиите.
СЕКОЈ ОД НАС МОЖЕ ДА ГИ ХРАБРИ ДРУГИТЕ
16. Кои едноставни работи можат да охрабрат некого?
16 Што ако мислиш дека не можеш да ги охрабриш другите бидејќи не си многу комуникативен? Всушност, за да охрабриме некого, не е потребно многу. Обиди се со една топла насмевка. Ако не ти возврати на насмевката, тоа може да значи дека го мачи нешто. За да го утешиш, можеби ќе биде доволно само да го сослушаш (Јак. 1:19).
17. Како бил охрабрен еден млад брат?
17 Хенри, еден млад брат, бил многу Псалм 46, Софонија 3:17 и Марко 10:29, 30.
потиштен бидејќи некои од неговите најблиски престанале да му служат на Јехова. Меѓу нив бил и татко му, кој претходно служел како старешина. Еден покраински надгледник забележал дека Хенри е тажен и го викнал на кафе. Тој внимателно слушал додека Хенри му кажувал како се чувствува. По разговорот, Хенри сфатил дека единствениот начин на кој може да им помогне на најблиските да се вратат во вистината е самиот тој да му остане верен на Бог. Многу се утешил и од она што го прочитал во18. а) Што напишал цар Соломон во врска со охрабрувањето? б) Што учиме од зборовите на апостол Павле?
18 Што учиме од искуствата на Марта и на Хенри? Секој од нас може да охрабри некој брат или сестра што има потреба од утеха. Цар Соломон напишал: „Збор кажан во право време — колку е добар! Сјајот во очите го весели срцето, и добрата вест ги крепи коските“ (Изр. 15:23, 30). Можеш ли да се сетиш на некој што е потиштен? Би можел едноставно да му прочиташ нешто охрабрувачко од Стражарска кула или од нашата интернет-страница. Исто така, Павле напишал: „Поучувајте се и опоменувајте се еден со друг со псалми, со фалбени песни за Бог, со пријатни духовни песни. Пејте му на Јехова во своите срца“ (Кол. 3:16; Дела 16:25). Според тоа, ако заедно пееме теократски песни, тоа ќе ни помогне да се чувствуваме подобро.
19. Зошто наскоро ќе биде уште поважно да се храбриме меѓу себе, и што треба да правиме?
19 Како што наближува Јеховиниот ден, ќе биде уште поважно да се храбриме меѓу себе (Евр. 10:25). Ќе бидеме среќни ако го послушаме советот на апостол Павле: „Тешете се меѓусебно и изградувајте се еден со друг, како што веќе и правите“ (1. Сол. 5:11).
^ пас. 11 Имињата се сменети.