Се сеќаваш ли?
Дали внимателно ги читаше последните неколку броеви од Стражарска кула? Види дали можеш да одговориш на следниве прашања:
Какви библиски докази постојат дека Бог сочувствува со нас?
Кога древните Израелци биле робови во Египет, Бог бил свесен за нивната мака и ја чувствувал нивната болка (2. Мој. 3:7; Иса. 63:9). Бидејќи сме создадени според Божјиот лик, и ние можеме да покажуваме сочувство. Јехова покажува сочувство кон нас дури и кога можеби сметаме дека не го заслужуваме тоа (wp18.3, стр. 8-9).
Како учењата на Исус им помогнале на луѓето да ги надминат предрасудите?
Многу Евреи во времето на Исус имале предрасуди. Тој нагласил дека треба да бидат понизни и поучувал дека е погрешно да се гордеат со своето етничко потекло. Исус ги поттикнал своите ученици да гледаат на соверниците како на браќа и сестри (w18.06, стр. 9-10).
Што учиме од тоа што Бог не му дозволил на Мојсеј да влезе во Ветената земја?
Мојсеј бил близок пријател со Јехова (5. Мој. 34:10). Кога биле при крајот на своето 40-годишно патување низ пустината, Израелците повторно се жалеле дека немаат вода. Бог му кажал на Мојсеј да ѝ рече на карпата да пушти вода. Наместо тоа, Мојсеј ја удрил карпата. Јехова многу се разгневил на Мојсеј. Зошто? Можеби затоа што Мојсеј не ги послушал неговите упатствата или можеби затоа што не му ја оддал на Јехова честа што ја заслужувал за тоа чудо (4. Мој. 20:6-12). Од ова учиме колку е важно да му бидеме послушни на Јехова и да му оддаваме чест (w18.07, стр. 13-14).
Кога формираме мислење за другите, зошто може лесно да направиме грешка ако судиме според надворешноста?
Три работи можат да влијаат врз нашето мислење за другите: расата или националноста, материјалната состојба и возраста. Многу е важно да се трудиме да гледаме на другите како Јехова, без предрасуди (Дела 10:34, 35; w18.08, стр. 8-12).
На кои начини би можеле постарите браќа да им помагаат на другите?
Кога некој постар брат ќе добие промена на задачата, треба да има на ум дека Јехова и понатаму ја цени неговата верност. Тој сѐ уште може да им помага на другите. На пример, може да им посветува време и внимание на сопрузите на сестрите кои не се Сведоци, да им помага на неактивните, да води библиски курсеви и да прави повеќе во разни гранки од службата (w18.09, стр. 8-11).
Кои се нашите главни публикации за служба?
Ние користиме визит-картички, покани, осум трактати, Стражарска кула, Разбудете се!, неколку брошури и две основни книги за проучување. Освен тоа, користиме и четири видеоклипови, меѓу кои е и видеоклипот Зошто да ја проучуваш Библијата? (w18.10, стр. 16).
Во Изреки 23:23 пишува: „Купувај ја вистината“. Како можеме да го правиме тоа?
Не ни требаат пари за да ја купиме вистината. Сепак, потребно е да одвоиме време и да вложиме труд за да ја стекнеме (w18.11, стр. 4).
Што можеме да научиме од тоа како постапил Осија со својата жена Гомер?
Гомер направила прељуба повеќе од еднаш, но Осија ѝ простил и останал во брак со неа. Ако брачниот другар на еден христијанин направи неморал, недолжниот сопружник може да одлучи да прости. Ако недолжниот сопружник повторно има сексуални односи со брачниот другар што направил неморал, повеќе нема библиска основа за развод (w18.12, стр. 13).