СТАТИЈА ЗА ПРОУЧУВАЊЕ 52
Родители — поучете ги своите деца да го сакаат Јехова
Децата се наследство од Јехова (ПС. 127:3)
ПЕСНА 134 Децата се скапоцен дар од Бог
КРАТОК ПРЕГЛЕД *
1. Каква одговорност им дава Јехова на родителите?
ЈЕХОВА ги создал првите маж и жена со желба да имаат деца. Библијата со право вели дека децата „се наследство од Јехова“ (Пс. 127:3). Што значи тоа? Замисли дека еден пријател те замолува да му причуваш голема сума пари. Како ќе се чувствуваш? Веројатно ќе ти биде мило затоа што има доверба во тебе. Но можеби и ќе бидеш загрижен дали ќе можеш добро да го чуваш тоа богатство. Јехова, нашиот најдобар пријател, им доверува на родителите нешто далеку повредно од пари. Тој им ја дава одговорноста да се грижат за доброто на своите деца.
2. Кои прашања ќе ги разгледаме?
2 Кој треба да одлучи дали и кога една брачна двојка ќе има деца? И што можат родителите да направат за да им помогнат на своите деца да имаат среќен живот? Да разгледаме некои начела од Божјата Реч кои можат да им помогнат на брачните двојки да носат мудри одлуки.
ПОЧИТУВАЈ ЈА НИВНАТА ОДЛУКА
3. а) Кој треба да одлучи дали една брачна двојка ќе има деца? б) Кое библиско начело треба да го земат предвид пријателите и роднините?
3 Во некои култури, од новите брачни двојки се очекува колку што е можно побрзо да имаат деца. Тие можеби се под притисок од семејството и од другите да го почитуваат тој обичај. Еден брат во Азија, по име Џетро, вели: „Во собранието, некои што имаат деца им вршат притисок на другите брачни двојки и тие да основаат семејство“. А еден друг брат во Азија, по име Џефри, вели: „Некои им кажуваат на брачните Гал. 6:5). Се разбира, пријателите и роднините сакаат новата брачна двојка да биде среќна. Но, сите мора да имаат на ум дека брачната двојка треба сама да одлучи дали ќе има деца или не (1. Тим. 5:13).
парови што немаат деца дека ќе нема кој да се грижи за нив кога ќе остарат“. Но, секој брачен пар треба сам да одлучи дали да има деца. Тоа е нивна одлука и нивна одговорност (4-5. За кои две прашања треба да разговара една брачна двојка, и кога е најдобро време за тоа? Објасни.
4 Ако една брачна двојка одлучи да има деца, добро е да разговара за следниве две важни прашања: 1) Кога да имаат деца? и 2) Колку деца сакаат да имаат? Зошто овие две прашања се толку важни? И кога би било најдобро двојката да разговара за нив?
5 Најдобро е да се разговара за оваа тема уште пред венчавката. Зошто? Затоа што е многу важно и мажот и жената да имаат ист став. Исто така, треба да размислат дали се подготвени за таа одговорност. Некои брачни двојки одлучиле да чекаат најмалку една или две години по венчавката пред да станат родители бидејќи се свесни дека грижата околу децата ќе им земе голем дел од времето и силата. Тие сметаат дека, со тоа што ќе почекаат некое време, ќе си дадат можност да се приспособат на брачниот живот и да се зближат еден со друг (Еф. 5:33).
6. Што одлучиле некои брачни парови поради времето во кое живееме?
6 Некои браќа и сестри одлучиле да го следат примерот на трите сина и снаите на Ное. Овие три брачни двојки немале веднаш деца (1. Мој. 6:18; 9:18, 19; 10:1; 2. Пет. 2:5). Исус го споредил нашето време со „деновите на Ное“, и нема сомнение дека живееме во „особено тешки времиња“ (Мат. 24:37; 2. Тим. 3:1). Имајќи го сето ова предвид, некои брачни парови одлучиле некое време да немаат деца за да можат да прават повеќе во службата за Јехова.
7. Како можат начелата од Лука 14:28, 29 и Изреки 21:5 да им помогнат на брачните двојки?
7 Кога една брачна двојка одлучува дали и колку деца да има, ќе биде мудро да го пресмета „трошокот“. (Прочитај Лука 14:28, 29.) Искусните родители потврдуваат дека, за да се одгледаат деца не се потребни само финансиски средства, туку и време и сила. Затоа е важно брачните двојки да размислат за следниве прашања: „Дали и двајцата ќе мора да работиме за да ги обезбедиме основните потреби на семејството? Дали се согласуваме околу тоа кои се нашите основни потреби? Ако треба и двајцата да работиме, кој ќе се грижи за децата и кој ќе влијае врз нивното размислување и нивните постапки?“ Двојките кои разговараат за овие прашања ги земаат предвид зборовите од Изреки 21:5. (Прочитај.)
8. а) Какви тешкотии треба да очекуваат брачните двојки? б) Што прави еден грижлив сопруг?
8 Секое дете има потреба и заслужува двајцата родители да му посветат доволно време и внимание. Според тоа, ако им се родат неколку деца за кратко време, на родителите може да им биде тешко да му посветат соодветно внимание на секое дете. Некои двојки што имале неколку мали деца во исто време рекле дека се чувствувале преоптоварени. Мајките може постојано да се чувствуваат физички и емоционално исцрпени. Поради тоа, може да немаат доволно сила редовно да проучуваат, да се молат и да проповедаат. Освен тоа, може да им биде тешко да ја слушаат програмата на состаноците и да извлечат корист од неа. Се разбира, еден грижлив сопруг ќе стори сѐ што може за да ѝ помага на жената околу децата и кога се на состанок и кога се дома. На пример, би можел да ѝ помага околу домашните обврски. Исто така, треба да даде сѐ од себе редовно да ја одржуваат Семејната вечер и да се погрижи сите во семејството да извлечат корист од неа. Многу е важно и редовно да учествува во службата на проповедање со сите членови на семејството.
ПОУЧУВАЈТЕ ГИ ДЕЦАТА ДА ГО САКААТ ЈЕХОВА
9-10. Што мора да направат родителите за да им помогнат на своите деца?
9 Кои се некои работи што можат да ги направат родителите за да им помогнат на децата да го сакаат Јехова? Како можат да ги заштитат своите деца од опасностите во овој свет? Да разгледаме некои чекори што можат да ги преземат родителите.
10 Молете го Јехова да ви помага. Размисли за примерот на Маној и жена му, кои биле родители на Самсон. Кога дознал дека тој и жена му ќе имаат дете, Маној го молел Јехова да им помогне да знаат како да го одгледаат.
11. Како некои родители го следеле примерот на Маној, за кој читаме во Судиите 13:8?
11 Нихад и Алма, * кои се од Босна и Херцеговина, го следеле примерот на Маној. Тие велат: „И ние како Маној го молевме Јехова да ни помогне да бидеме добри родители. Јехова ни одговори на молитвите на разни начини — преку Божјата Реч, библиските публикации, собраниските состаноци и конгресите“. (Прочитај Судиите 13:8.)
12. Каков пример им оставиле Јосиф и Марија на своите деца?
12 Поучувајте со својот пример. Иако е важно што им кажуваш на твоите деца, уште поважно е што правиш бидејќи твоите постапки веројатно ќе имаат многу поголемо влијание врз нив. Можеме да бидеме сигурни дека Јосиф и Марија им оставиле одличен пример на своите деца, вклучувајќи го и Исус. Јосиф напорно работел за да ги издржува жената и децата. Освен тоа, ги поттикнувал да ги ценат духовните работи (5. Мој. 4:9, 10). Тој секоја година го водел со себе семејството во Ерусалим за да ја прослават Пасхата, иако според Мојсеевиот закон не морал да го прави тоа (Лука 2:41, 42). Некои татковци во негово време можеби сметале дека е премногу тешко да го носат целото семејство на таков пат, дека тоа ќе им одземе многу време и дека ќе биде премногу скапо. Сепак, Јосиф очигледно ги ценел духовните работи и сметал дека неговите деца треба да го имаат истиот став. И Марија им оставила добар пример на децата. Таа добро го познавала Светото писмо. Со своите зборови и постапки, Марија без сомнение ги поучувала децата да ја сакаат Божјата Реч.
13. Како една брачна двојка го следела примерот на Јосиф и Марија?
13 Нихад и Алма, кои ги спомнавме претходно, сакале да го следат примерот на Јосиф и Марија. Како тоа им помогнало да го поучат нивниот син единец да го сака и да му служи на Јехова? Тие велат: „Со нашиот начин на живот, се трудевме да му покажеме на нашиот син колку е убаво да се живее според Јеховините начела“. Нихад додава: „Биди таква личност каква што сакаш твоето дете да стане“.
14. Зошто родителите мора да знаат со кого се дружат нивните деца?
14 Помогни им на децата да изберат добро друштво. И мајката и таткото мора да знаат со кого се дружат нивните деца и што прават. Тоа значи дека родителите треба да знаат со кого комуницираат нивните деца преку социјалните мрежи и преку мобилен телефон. Зошто ова е важно? Бидејќи оние со кои децата се дружат можат да влијаат врз нивното размислување и постапување (1. Кор. 15:33).
15. Што можат родителите да научат од примерот на Џеси?
15 Што можат да сторат родителите ако немаат многу познавање за компјутери или мобилни телефони? Џеси, еден татко од Филипините, вели: „Не се разбираме многу од технологијата. Но тоа не нѐ спречи да ги поучиме нашите деца за можните опасности од користењето електронски уреди“. Џеси не им забранил на своите деца да користат такви уреди само затоа што самиот не знае како да ги користи. Тој објаснува: „Им кажував на децата да ги користат нивните електронски уреди за да учат нов јазик, за да се подготвуваат за состаноци и за да ја читаат Библијата секој ден“. Родители, дали сте ги прочитале и дали сте разговарале со своите деца за корисните совети во врска со пишувањето пораки и ставањето слики на интернет кои можат да се најдат во делот „Тинејџери“ на jw.org®? Дали сте ги гледале заедно и дали сте разговарале за видеоклиповите Технологијата и ти — кој кого контролира? и Немој да се заплеткаш во социјалните мрежи? * Овие содржини можат да ви помогнат да ги поучите децата како мудро да ги користат електронските уреди (Изр. 13:20).
16. Што направиле многу родители, и со каков резултат?
16 Многу родители даваат сѐ од себе за да им овозможат на децата да се дружат со оние на кои службата за Јехова им е на прво место во животот. На пример, Жозеф и Елизабет, брачна двојка што живее во Брегот на Слоновата Коска, честопати го канеле на гости покраинскиот надгледник. Жозеф вели: „Ова многу добро влијаеше врз нашиот син. Тоа го поттикна да почне со пионерска служба, а сега служи како заменик на покраинскиот надгледник“. Дали и ти можеш да се погрижиш твоите деца да се дружат со такви браќа и сестри кои добро ќе влијаат врз нив?
17-18. Кога треба родителите да почнат да ги поучуваат децата?
17 Почни да ги поучуваш децата колку што е можно порано. Колку порано почнат родителите да ги поучуваат своите деца толку подобро (Изр. 22:6). Размисли за Тимотеј кој, кога пораснал, го придружувал Павле на неговите патувања. Евника, мајката на Тимотеј, како и неговата баба Лоида го поучувале „од рано детство“ (2. Тим. 1:5; 3:15).
18 Една друга брачна двојка од Брегот на Слоновата Коска, Жан-Клод и Лаура, успеале да ги поучат сите шест деца да го сакаат и да му служат на Јехова. Што им помогнало во тоа? Го следеле примерот на Евника и Лоида. Тие велат: „Почнавме да ја всадуваме Божјата Реч во нашите деца кратко откако се родија“ (5. Мој. 6:6, 7).
19. Што значи да ја всадуваш Божјата Реч во своите деца?
19 Што значи да ја всадуваш Јеховината Реч во своите деца? Во 5. Мојсеева 6:6, 7, хебрејскиот збор преведен со „всадувај“ ја пренесува мислата „да се поучува со постојано повторување“. За да го прават тоа, родителите треба редовно да поминуваат време со своите дечиња. Понекогаш, тие можеби се разочаруваат затоа што мораат повеќе пати да им ги повторуваат истите работи на децата. Но, родителите можат да гледаат на ова како на можност да им помогнат на децата да ја разберат Божјата Реч и да живеат според тоа што го учат од неа.
20. Објасни како зборовите од Псалм 127:4 можат да се применат на одгледувањето деца?
20 Добро запознај ги своите деца. Во Псалм 127, децата се споредени со стрели. (Прочитај Псалм 127:4.) Исто како што стрелите можат да се разликуваат по големината и по материјалот од кој се направени, така и децата се разликуваат меѓу себе. Затоа родителите треба да одредат како ќе го поучуваат секое од своите деца. Една брачна двојка Сведоци во денешен Израел, кои успеале да ги поучат своите две деца да му служат на Јехова, велат што им помогнало во тоа: „Ја проучувавме Библијата со секое дете посебно“. Се разбира, секој семеен поглавар ќе одлучи дали е потребно и возможно да проучуваат со своите деца на тој начин.
ЈЕХОВА ЌЕ ВИ ПОМОГНЕ
21. Каква помош можат родителите да очекуваат од Јехова?
21 На родителите понекогаш можеби им е премногу тешко да ги поучуваат своите деца, но децата се дар од Јехова. Тој секогаш е спремен да им помага на родителите. Јехова со задоволство ги слуша нивните молитви. И одговара на тие молитви преку Библијата, нашите публикации, како и примерот и советите на поискусните родители во собранието.
22. Кои се некои од најдобрите работи што родителите можат да им ги дадат на децата?
22 Родителите никогаш не престануваат да ги сакаат и да се грижат за своите деца. Но, обично се вели дека се потребни 20 години за да се одгледа едно дете. Затоа родителите треба добро да го искористат овој период така што на децата ќе им пружаат љубов, ќе им посветуваат време и ќе ги поучуваат за Божјата Реч. Тоа се некои од најдобрите работи што можат да им ги дадат на своите деца. Точно е дека нема секое дете да го цени таквото поучување. Но, многу од оние што биле одгледани од родители кои го сакаат Јехова, се согласуваат со она што го вели една сестра од Азија, по име Џоана Меј: „Кога размислувам за поучувањето што го добив од моите родители, многу сум им благодарна што убаво ме воспитаа и ме поучија да го сакам Јехова. Тие не ми подарија само живот туку ми помогнаа и да бидам среќна и исполнета“ (Изр. 23:24, 25). Милиони браќа и сестри го мислат истото.
ПЕСНА 59 Фали го со мене Јах!
^ пас. 5 Дали една брачна двојка треба да има деца? Ако да, колку деца треба да има? И како можат родителите да ги поучуваат децата да го сакаат и да му служат на Јехова? Во оваа статија се разгледуваат неколку библиски начела што можат да ни помогнат да добиеме одговор на овие прашања и се спомнуваат изјави на некои родители од наше време.
^ пас. 11 Некои имиња се сменети.