СТАТИЈА ЗА ПРОУЧУВАЊЕ 50
Слушај го гласот на добриот пастир
Тие ќе го слушаат мојот глас (ЈОВАН 10:16)
ПЕСНА 3 Нашата сила, надеж и доверба
КРАТОК ПРЕГЛЕД *
1. Која е една причина зошто Исус ги споредил своите следбеници со овци?
БЛИСКИОТ однос со своите ученици Исус го споредил со блискиот однос што еден пастир го има со своите овци (Јован 10:14). Ова е многу соодветна споредба. Овците го знаат својот пастир и реагираат на неговиот глас. Во ова се уверил еден турист, кој рекол: „Сакавме да сликаме некои овци и ги повикувавме да ни се приближат. Но, тие не го сторија тоа бидејќи не ги познаваа нашите гласови. Потоа дојде едно младо овчарче и само што ги повика, тие веднаш дојдоа“.
2-3. а) Како следбениците на Исус покажуваат дека го слушаат неговиот глас? б) Што ќе разгледаме во оваа и во следната статија?
2 Искуството на овој турист нѐ потсетува на она што Исус го кажал во врска со своите овци, односно ученици. Тој рекол: „Тие ќе го слушаат мојот глас“ (Јован 10:16). Но Исус е на небото. Тогаш, како може да го слушаме? Еден важен начин како покажуваме дека го слушаме гласот на нашиот Господар е така што ги применуваме неговите поуки во својот живот (Мат. 7:24, 25).
3 Во оваа и во следната статија ќе разгледаме некои поуки што Исус ги дал. Како што ќе видиме, тој нѐ поучил кои работи не треба да ги правиме и кои работи треба да ги правиме. Најпрво ќе разгледаме две работи кои нашиот добар пастир нѐ поучил да не ги правиме.
„НЕ БИДЕТЕ ЗАГРИЖЕНИ“
4. Според Лука 12:29, што може да ни предизвика загриженост?
4 Прочитај Лука 12:29. Исус ги поттикнал своите следбеници да не бидат загрижени за материјалните потреби. Знаеме дека поуките на Исус секогаш се мудри и се за наше добро. Ние сакаме да го примениме овој совет, но понекогаш тоа може да ни биде тешко. Зошто?
5. Зошто можеби некои се загрижени за своите материјални потреби?
5 Некои можеби се загрижени за своите материјални потреби — храна, облека и покрив над главата. Тие можеби живеат во земја каде што владее тешка економска ситуација. Поради тоа, можеби им е тешко да заработат доволно пари за да се грижат за своето семејство. Или, можеби починал оној што го издржувал семејството, оставајќи ги другите членови без финансиска поддршка. Исто така, поради кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД-19, многумина можеби ја изгубиле својата работа (Проп. 9:11). Доколку и ние се соочуваме со вакви или со некои други потешкотии, како може да го следиме советот на Исус да не бидеме загрижени?
6. Опиши што се случило со апостол Петар во една прилика.
6 Во една прилика, апостол Петар и другите апостоли пловеле со чамец по Галилејското Море кога се подигнала силна бура. Тогаш тие го забележале Исус како оди по морето, и Петар му рекол: „Господару, ако си ти, заповедај ми да дојдам кај тебе по водата!“ Откако Исус му рекол: „Дојди“, Петар излегол од чамецот и тргнал кон него „одејќи по водата“. Но, што се случило потоа? Кога го видел бурниот ветар, се исплашил и почнал да тоне, па извикал: „Господару, спаси ме!“ Исус ја испружил раката и го спасил. Очигледно е дека Петар можел да оди по разбрануваните води сѐ додека го држел погледот вперен кон Исус. Но, кога го свртел погледот кон бурата, се исплашил и почнал да тоне (Мат. 14:24-31).
7. Што може да научиме од примерот на Петар?
7 Може да извлечеме поука од примерот на Петар. Кога излегол од чамецот и почнал да оди по водата, тој не очекувал дека вниманието ќе му биде одвлечено и дека ќе почне да тоне. Петар сакал да стигне до својот Господар одејќи по водата. Но, наместо да продолжи да гледа во Исус, тој се загрижил поради бурата. Се разбира, ние не можеме да одиме по вода, но се соочуваме со испити на верата. Ако погледот не ни е вперен во Јехова и во неговите ветувања, ќе почнеме да тонеме во духовен поглед. Затоа, сеедно какви симболични бури ќе се појават во нашиот живот, погледот мора и понатаму да ни остане насочен кон Јехова и да имаме доверба дека тој може да ни помогне. Како да успееме во тоа?
8. Што може да ни помогне да не бидеме претерано загрижени за нашите материјални потреби?
8 Наместо претерано да се грижиме за нашите проблеми, треба да имаме доверба во Јехова. Да задржиме на ум дека нашиот добар Татко, Јехова, ветува дека ќе се грижи за нашите материјални потреби ако ги ставиме духовните работи на прво место (Мат. 6:32, 33). Тој секогаш го исполнува ова ветување! (5. Мој. 8:4, 15, 16; Пс. 37:25). Штом Јехова се грижи за птиците и за цвеќињата, немаме причина да бидеме загрижени за тоа што ќе јадеме или што ќе облечеме (Мат. 6:26-30; Фил. 4:6, 7). Исто како што грижливите родители од љубов им го обезбедуваат на своите деца она што им е потребно за живот, така и нашиот небесен Татко од љубов им го обезбедува на своите слуги она што им е потребно во материјален поглед. Навистина може да бидеме уверени дека Јехова ќе се грижи за нас!
9. Што учиш од искуството на еден брачен пар пионери?
9 Да разгледаме едно искуство што покажува како Јехова може да се погрижи за нашите материјални потреби. Еден брачен пар пионери возеле со својата стара кола повеќе од еден час до еден бегалски камп за да земат некои сестри кои живееле таму и да ги однесат на состанок. Братот рекол: „По состанокот, ги поканивме сестрите кај нас на ручек, ама после сфативме дека немаме што да им принесеме“. Но, што се случило? Братот додал: „Кога стигнавме дома, пред вратата имаше две големи ќеси со храна. Не знаевме кој ги донел. Јехова се погрижи за нас“. По некое време, на овој брачен пар му се расипала колата, која им била потребна за служба. Но, тие немале пари да ја поправат. Сепак, ја однеле колата кај еден автомеханичар за да видат колку ќе ги чини поправката. Тогаш дошол еден човек и прашал: „Чија е таа кола?“ Братот му рекол дека е негова и дека треба да се поправи. Човекот му одговорил: „Тоа не е важно. Жена ми сака ваква кола и тоа токму во оваа боја. Колку бараш за неа?“ Братот му ја продал колата и добил доволно пари за да си купи друга. Тој рекол: „Бевме многу среќни. Знаевме дека тоа не беше случајност. Јехова ни помогна“.
10. Како од Псалм 37:5 се гледа дека не треба претерано да бидеме загрижени за нашите материјални потреби?
10 Кога го слушаме добриот пастир и не се грижиме претерано за материјалните потреби, може да бидеме уверени дека Јехова ќе ни го обезбеди она што ни е неопходно. (Прочитај Псалм 37:5; 1. Пет. 5:7.) Размисли за проблемите што ги спомнавме во пасус 5. Можеби досега Јехова се грижел за нашите секојдневни потреби преку оној што е глава на нашето семејство или преку нашиот работодавец. Доколку оној што е глава на семејството повеќе не е во можност да го прави тоа или доколку ние останеме без работа, Јехова ќе се погрижи за нас на некој друг начин. Може да бидеме уверени во тоа. Сега да разгледаме уште една работа која нашиот добар пастир нѐ поттикнува да не ја правиме.
„НЕ СУДЕТЕ“
11. Според Матеј 7:1, 2, што ни кажал Исус да не правиме, и зошто ова понекогаш не ни е лесно?
11 Прочитај Матеј 7:1, 2. Исус знаел дека, поради несовршеноста, луѓето имаат склоност да ги критикуваат другите. Затоа, тој рекол: „Не судете“. Можеби многу се трудиме да не им судиме на нашите соверници. Но сепак, поради нашата несовршеност, не успеваме секогаш во тоа. Доколку забележиме дека понекогаш сме критизерски настроени, што треба да правиме? Да го слушаме Исус и да даваме сѐ од себе да не им судиме на другите.
12-13. Како примерот на Јехова може да ни помогне да не им судиме на другите?
12 Може многу да ни користи ако размислуваме за примерот на Јехова. Тој се концентрира на доброто кај луѓето. Тоа се гледа од начинот на кој постапил со цар Давид, кој направил сериозни грешки. На пример, тој извршил прељуба со Витсавеа, па дури и го убил нејзиниот сопруг (2. Сам. 11:2-4, 14, 15, 24). Поради тоа, не само што страдал Давид туку страдало и целото негово семејство, вклучувајќи ги и другите негови жени (2. Сам. 12:10, 11). Во друга прилика, тој не покажал потполна доверба во Јехова, и направил нешто што Јехова не му го заповедал — наредил да се избројат мажите во израелската војска. Можеби го сторил тоа затоа што бил горд на својата голема војска на која можел да се потпре за заштита. Кој бил исходот од неговата постапка? Дури 70.000 Израелци умреле од помор! (2. Сам. 24:1-4, 10-15).
13 Да си живеел во Израел во тоа време, како ќе гледаше на Давид? Дали ќе сметаше дека не ја заслужува Јеховината милост? Јехова не мислел така. Тој се концентрирал на тоа колку верен му бил Давид во текот на целиот свој живот и на тоа дека искрено се покајал. Затоа, му ги простил тешките гревови што ги направил. Тој знаел дека Давид многу го сака и дека сака да го прави она што е исправно. Зарем не си благодарен што Бог се концентрира на доброто во нас? (1. Цар. 9:4; 1. Лет. 29:10, 17).
14. Што може да ни помогне да не им судиме на другите?
14 Јехова не очекува од нас да бидеме совршени, и затоа и ние не треба да очекуваме другите да бидат совршени. Наместо тоа, треба да го бараме доброто кај нив. Обично, многу лесно можеме да ги видиме нивните несовршености, и поради тоа да ги критикуваме. Меѓутоа, една духовна личност добро соработува со другите иако можеби ги забележува нивните слабости. Еден необработен дијамант можеби не изгледа убаво, но оној што е прониклив знае дека таквиот дијамант ќе биде многу убав и скапоцен откако ќе се исече и избруси. Исто како Јехова и Исус, да не се концентрираме на несовршеностите кај другите, туку да ги гледаме нивните добри особини.
15. Како тоа што ќе ги земаме предвид околностите на другите ќе ни помогне да не им судиме?
15 Освен што ќе се концентрираме на добрите особини кај другите, што друго може Лука 21:1-4).
да ни помогне да не им судиме? Обиди се да замислиш во какви околности се наоѓаат. Размисли за следниов пример. Еден ден, додека бил во храмот, Исус видел како една сиромашна вдовица пушта две парички од мала вредност во садовите за прилози. Тој не рекол: „Зошто оваа жена не стави повеќе?“ Наместо да се концентрира на сумата што оваа вдовица ја дала, Исус ги зел предвид нејзините мотиви и околности и ја пофалил затоа што направила сѐ што можела (16. Што учиш од искуството на Вероника?
16 Од искуството на една сестра по име Вероника гледаме зошто е важно да размислуваме за околностите на другите. Во нејзиното собрание служела и една самохрана мајка со својот син. Вероника признала: „Имав впечаток дека не се редовни на состаноците и во служба. Поради тоа, имав лошо мислење за нив. Но, еден ден отидов во служба со мајката. Таа ми објасни со какви потешкотии се соочува поради тоа што нејзиниот син има аутизам. Сфатив дека таа давала сѐ од себе за да се грижи за нивните физички и духовни потреби. Понекогаш, поради здравствената состојба на нејзиниот син, одела на состаноци во друго собрание“. Вероника рекла: „Воопшто не бев свесна колку ѝ е тежок животот на оваа сестра. Сега многу ја сакам и ја ценам поради сиот труд што го вложува за да му служи на Јехова“.
17. На што нѐ поттикнуваат зборовите од Јаков 2:8, и како може да го правиме тоа?
Јаков 2:8.) Исто така, треба сесрдно да го молиме Јехова да ни помогне да престанеме да судиме. Ќе постапиме во склад со нашите молитви ако преземеме иницијатива подобро да го запознаеме лицето кон кое имаме негативен став. На пример, би можеле да договориме служба со него или да го поканиме на гости. Додека се трудиме подобро да го запознаеме, да го следиме примерот на Јехова и на Исус така што ќе се концентрираме на неговите добри особини. Со тоа ќе покажеме дека сме послушни на заповедта што ни ја дал добриот пастир да не судиме.
17 Што треба да правиме ако забележиме дека сме критизерски настроени кон некој соверник? Не смееме да заборавиме дека треба да ги сакаме нашите браќа. (Прочитај18. Како може да покажеме дека го слушаме гласот на добриот пастир?
18 Исто како што овците го слушаат гласот на својот пастир, така и следбениците на Исус го слушаат неговиот глас. Ако даваме сѐ од себе да не бидеме претерано загрижени за нашите материјални потреби и да не им судиме на другите, Јехова и Исус ќе го благословат нашиот труд. Сеедно дали сме дел од „малото стадо“ или од „другите овци“, да продолжиме да го слушаме гласот на добриот пастир (Лука 12:32; Јован 10:11, 14, 16). Во следната статија ќе разгледаме две работи за кои Исус рекол дека неговите следбеници треба да ги прават.
ПЕСНА 101 Да бидеме сложни и единствени
^ пас. 5 Исус рекол дека неговите овци ќе го слушаат неговиот глас. Со тоа сакал да каже дека неговите ученици ќе ги слушаат неговите поуки и ќе ги применуваат во својот живот. Во оваа статија ќе разгледаме две поуки на Исус — да не бидеме загрижени за материјалните работи и да не им судиме на другите. Ќе видиме како може да го примениме она што тој ни го кажал.
^ пас. 51 ОПИС НА СЛИКАТА: Еден брат ја изгубил работата, нема доволно пари за потребите на семејството и мора да се сели. Ако не е внимателен, би можел да стане толку многу загрижен што Јехова повеќе нема да му биде на прво место.
^ пас. 53 ОПИС НА СЛИКАТА: Еден брат касни на состанок. Но, тој покажува убави особини со тоа што сведочи неформално, ѝ помага на една постара сестра и го средува дворот на салата.