Предлог за овој месец
Дали уживаш да ги читаш животните приказни на нашите браќа и сестри?
Еден брачен пар кој чита по една животна приказна секое утро вели: „Кога ги читаме овие статии, се чувствуваме многу охрабрено и радосно. Тие нѐ потсетуваат дека и ние можеме да останеме верни во секакви околности“. Една сестра која го мисли истото напишала: „Овие животни приказни се утешни, поттикнувачки и охрабрувачки. Тие браќа и сестри имаат смисла во животот и се исполнети. Нивните искуства ме поттикнуваат да правам повеќе во службата и ми помагаат да ги охрабрувам моите деца да му служат на Јехова полновремено“.
Животните приказни можат да ти помогнат да си поставиш духовни цели и да ги оствариш, да надминеш лични слабости и да зачуваш радост и достоинство додека истрајуваш под тешки испити. Каде можеш да ги најдеш овие приказни?
Види ја рубриката „Библијата менува животи“ на jw.org или во JW Library®.
Пребарувај со изразот „Животна приказна“ во ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКАТА Watchtower или во Watchtower Library.