Прашања од читателите
Ако маж и жена кои не се во брак останале сами преку ноќ во иста куќа или стан без оправдана причина, дали тоа е доказ дека направиле грев и дека треба да се формира правен одбор?
Да, ако тие останале сами преку ноќ без оправдана причина, тоа е силен доказ дека направиле неморал и треба да се формира правен одбор (1. Кор. 6:18).
Старешинството внимателно го разгледува секој случај за да утврди дали треба да се формира правен одбор. На пример: Дали тие две лица се во врска? Дали старешините претходно им дале совет за нивното меѓусебно однесување? Зошто останале заедно таа ноќ? Дали однапред го планирале тоа? Дали имале друг избор или, пак, се случило нешто врз кое немале контрола како, на пример, некој неочекуван настан или некоја вонредна ситуација, поради што немале друг избор освен да ја минат ноќта сами во иста куќа или стан? (Проп. 9:11). Каде спиеле? Бидејќи секоја ситуација е различна, старешините можеби ќе треба да земат предвид и други фактори.
Откако ќе ги разгледа сите информации, старешинството ќе одлучи дали треба да се формира правен одбор.