СТАТИЈА ЗА ПРОУЧУВАЊЕ 21
Дали ги цениш даровите што ни ги дава Бог?
Ти направи многу дела чудесни, о Јехова, Боже мој, и многу работи за нас си намислил (ПС. 40:5)
ПЕСНА 5 Божјите чудесни дела
КРАТОК ПРЕГЛЕД *
1-2. Во склад со Псалм 40:5, какви дарови ни дал Јехова, и зошто ќе ги разгледаме во оваа статија?
ЈЕХОВА е дарежлив Бог. Размисли за некои од даровите што ни ги дал. Тој ни ја подарил Земјата, која е прекрасна и уникатна планета. Нѐ создал со мозок, кој е вистинско ремек-дело. И, ни ја дал својата скапоцена Реч, Библијата. Бидејќи сме ги добиле овие работи како дар од Јехова, ние имаме дом, можеме да размислуваме и да комуницираме со другите, и имаме одговор на најважните животни прашања. (Прочитај Псалм 40:5.)
2 Во оваа статија накратко ќе ги разгледаме овие три дарови. Колку повеќе размислуваме за нив, толку повеќе ќе ги цениме и ќе имаме поголема желба да го радуваме Јехова, нашиот Творец кој многу нѐ сака (Отк. 4:11). Освен тоа, оваа статија ќе ни помогне да им изнесеме уверливи докази на оние што биле наведени да веруваат во еволуција.
НАШАТА УНИКАТНА ПЛАНЕТА
3. Зошто Земјата е уникатна планета?
3 Божјата мудрост јасно се гледа од начинот на кој ја создал Земјата — нашиот дом (Рим. 1:20; Евр. 3:4). Иако не е единствената планета што кружи околу Сонцето, Земјата е уникатна затоа што на неа постојат сите услови неопходни за живот.
4. Како се гледа мудроста на Бог од начинот на кој ја создал Земјата?
4 Нашата планета лебди во вселената како еден чамец што плови по океан. Но, размисли: Колку долго ќе живеат оние што пловат со чамецот ако треба сами да си произведуваат кислород, храна и вода, и ако не можат да ги фрлаат отпадоците надвор од него? Сигурно ќе умрат за кратко време. Но, како е со Земјата? Таа одржува во живот милијарди
суштества. На неа се произведува неопходниот кислород, како и сета храна и вода што ни се потребни, а нејзините резерви никогаш не се исцрпуваат. Иако отпадните материи не се исфрлаат надвор од Земјата, туку остануваат на неа, таа сепак е прекрасна и погодна за живот. Како е можно тоа? Јехова ја создал нашата планета за да може да го рециклира отпадот, односно повторно да го искористи за нешто друго. Ќе разгледаме накратко само два извонредно осмислени циклуса — кислородниот циклус и кружниот тек на водата.5. Што претставува кислородниот циклус, и што се потврдува со него?
5 Кислородот е неопходен за живот. Многу живи суштества — вклучувајќи ги и луѓето — зависат од него. Се проценува дека, за една година, живите суштества вдишуваат сто милијарди тони кислород, а издишуваат јаглерод диоксид кој се смета за отпаден гас. Сепак, никогаш не се троши целиот кислород, и атмосферата никогаш не се презаситува со јаглерод диоксид. Зошто? Затоа што Јехова создал други организми — од најголемите дрвја до најситните алги — кои го користат јаглерод диоксидот и испуштаат кислород во атмосферата. Кислородниот циклус го потврдува она што е запишано во Дела 17:24, 25, каде што за Бог се вели: „Тој самиот им дава на сите живот и здив“.
6. Што претставува кружниот тек на водата, и што докажува? (Види ја и рамката „ Кружниот тек на водата — дар од Јехова“.)
6 На Земјата има вода во течен облик затоа што нашата планета е на совршена оддалеченост од Сонцето. Кога би била само малку поблизу до него, сета вода би испарила и Земјата би била пуста и неподобна за живот. А кога би била малку подалеку од Сонцето, сета вода би замрзнала и нашата планета би се претворила во џиновска топка мраз. Бидејќи Јехова ја поставил Земјата на идеално место, кружниот тек на водата може да го поддржува животот. Сонцето ја загрева водата од океаните и од другите водни површини. Таа испарува и се создаваат облаци. Секоја година, поради топлината на Сонцето, испаруваат речиси 500.000 кубни километри вода. Таа вода останува во атмосферата околу десет дена пред да падне како дожд или снег. На крајот се враќа во океаните и морињата, и кружниот тек се повторува. Јехова го создал овој кружен тек за да може секогаш да има вода на Земјата. Ова е доказ колку тој е и мудар и моќен (Јов 36:27, 28; Проп. 1:7).
7. На кои начини може да покажеме дека сме благодарни за дарот кој е спомнат во Псалм 115:16?
7 Што ќе ни помогне уште повеќе да ја цениме нашата прекрасна планета и сите убави работи на неа? (Прочитај Псалм 115:16.) Добро е длабоко да размислуваме за сето она што го создал Јехова. Тоа ќе нѐ поттикне секој ден да му благодариме за добрите работи што ни ги дава. Покажуваме дека сме благодарни за Земјата како дар од Бог со тоа што правиме сѐ што е во наша моќ за да биде колку што е можно почиста онаму каде што живееме.
НАШИОТ УНИКАТЕН МОЗОК
8. Зошто може да кажеме дека нашиот мозок е извонредно ремек-дело?
8 Човечкиот мозок е извонредно ремек-дело. Уште додека сме биле во мајчината утроба, нашиот мозок се развивал според однапред утврден план, при што се создавале илјадници нови мозочни клетки во минута! Истражувачите проценуваат дека мозокот на возрасен човек — кој тежи само околу 1,5 кг. — се состои од речиси 100 милијарди
специјализирани клетки наречени неврони. Да разгледаме само неколку извонредни способности на нашиот мозок.9. Што ти покажува дека нашата способност за говор е дар од Бог?
9 Нашата способност за говор е вистинско чудо. Размисли за миг што се случува кога зборуваме. За да го изговориме секој збор, мозокот мора да ги координира движењата на околу 100 мускули кои се дел од нашиот јазик, грло, уста и граден кош. А за да може да се разбере она што го кажуваме, сите овие мускули мора да функционираат прецизно и усогласено. Резултатите од едно истражување во врска со нашата способност да учиме јазици, кои биле објавени во 2019 год., покажале дека новороденчињата можат да препознаат поединечни зборови. Ова откритие го поткрепува заклучокот до кој дошле многу истражувачи — дека ние имаме вродена способност да препознаваме зборови и да учиме јазици. Се разбира, нашата способност за говор е дар од Бог — тој му ја дал устата на човекот (2. Мој. 4:11).
10. Како може да покажеме ценење за говорот како дар од Бог?
10 Може да покажеме ценење за говорот како дар од Бог така што ќе им објасниме на оние што веруваат во еволуција зошто сме уверени дека тој создал сѐ (Пс. 9:1; 1. Пет. 3:15). Застапниците на таа теорија сакаат да нѐ убедат дека Земјата и целиот живот на неа настанале случајно. Со помош на Библијата и на некои од мислите што ги разгледавме во оваа статија можеме да го браниме нашиот небесен Татко. Како? Така што ќе им објасниме на оние што се спремни да слушаат зошто цврсто веруваме дека Јехова е Творецот на небото и на Земјата (Пс. 102:25; Иса. 40:25, 26).
11. Која е една причина зошто човечкиот мозок е неверојатен?
11 Луѓето имаат извонредна способност за памтење. Во минатото, еден научник проценил дека човечкиот мозок има капацитет да складира информации кои би можело да ги собере во околу 20 милиони книги. Но, денес се смета дека нашиот мозок има далеку поголема меморија. Која исклучителна способност ја има човекот благодарение на тоа што може да памти?
12. Како нашата способност да извлекуваме морални поуки нѐ разликува од животните?
12 Од сите суштества на Земјата, само ние како луѓе имаме способност да извлечеме морални поуки бидејќи можеме да го памтиме и да го анализираме она што ни се случувало во минатото. Како резултат на тоа, можеме да го менуваме нашето размислување и нашиот начин на живот, и да станеме подобри личности (1. Кор. 6:9-11; Кол. 3:9, 10). Всушност, ние можеме да си ја обликуваме совеста за да разликува што е исправно, а што погрешно (Евр. 5:14). Можеме да научиме да покажуваме љубов, сочувство и милосрдност, и да ги усвоиме Јеховините мерила за правда.
13. Во склад со Псалм 77:11, 12, како треба да го користиме памтењето кое ни е дар од Бог?
13 Можеме да покажеме ценење за памтењето како дар од Јехова така што ќе се трудиме никогаш да не заборавиме како тој ни помагал и нѐ тешел во минатото. Тоа ќе ни ја зајакне довербата дека ќе ни помага и во иднина. (Прочитај Псалм 77:11, 12; 78:4, 7.) Исто така, ќе покажеме ценење ако ги памтиме добрите работи што другите ги прават за нас и ако сме им благодарни за тоа. Истражувачите заклучиле дека благодарните луѓе се посреќни. Од друга страна, пак, иако има совршено памтење, Јехова одлучува да заборави некои работи. Добро е да го следиме неговиот пример во овој поглед. На пример, ако се каеме, Бог одлучува да ни прости и да ги заборави грешките што сме ги направиле (Пс. 25:7; 130:3, 4). Тој сака да постапуваме на ист начин со другите кога им е жал затоа што ни згрешиле и нѐ повредиле (Мат. 6:14; Лука 17:3, 4).
14. Како може да покажеме ценење за нашиот мозок како дар од Бог?
14 Можеме да покажеме ценење за нашиот извонреден мозок со тоа што ќе му оддаваме чест на оној што ни го дал како дар. Некои одлучуваат да го користат својот мозок за самите да си поставуваат мерила за исправно и погрешно. Но, бидејќи Јехова е тој што нѐ создал, разумно е да очекуваме дека неговите мерила се подобри од кои и да било мерила кои самите би можеле да си ги поставиме (Рим. 12:1, 2). Кога живееме според неговите мерила, водиме мирен живот (Иса. 48:17, 18). Освен тоа, јасно ни е која е смислата на нашето постоење — да му оддаваме чест и слава на нашиот Творец и Татко, и да го радуваме неговото срце (Изр. 27:11).
БИБЛИЈАТА — УНИКАТЕН ДАР
15. Како тоа што Јехова ни ја подарил Библијата покажува колку многу нѐ сака?
15 Библијата е скапоцен дар од нашиот небесен Татко. Тој ги поттикнал нејзините писатели да ја напишат бидејќи многу ги сака своите деца на Земјата. Преку својата Библијата — достапна на јазици што се зборуваат во Африка“.)
Реч, Јехова ни дава одговор на најважните прашања, како што се: Како сме настанале? Која е смислата на животот? Што ни носи иднината? Бидејќи сака сите негови деца да го дознаат одговорот на овие прашања, низ вековите Јехова поттикнал некои луѓе да ја преведат Библијата на многу јазици. Денес, целата Библија или делови од неа се достапни на повеќе од 3.000 јазици! Таа е најпреведуваната и најтиражната книга во човечката историја. Сеедно каде живеат или на кој јазик зборуваат, повеќето луѓе имаат можност да ја слушнат библиската порака на својот мајчин јазик. (Види ја рамката „16. Во склад со Матеј 28:19, 20, како можеме да покажеме дека ја цениме Библијата?
16 Можеме да покажеме дека ја цениме Библијата така што ќе ја читаме секој ден, длабоко ќе размислуваме за она што го учиме од неа и ќе даваме сѐ од себе да го применуваме. Освен тоа, му покажуваме на Бог колку сме благодарни за неговата Реч така што правиме сѐ што можеме за да ја пренесеме нејзината порака на колку што е можно повеќе луѓе (Пс. 1:1-3; Мат. 24:14; прочитај Матеј 28:19, 20).
17. Кои дарови од Бог ги разгледавме во оваа статија, и за што ќе се зборува во следната статија?
17 Во оваа статија разгледавме неколку дарови од Бог: нашиот дом, Земјата; нашиот неверојатен мозок; и Божјата Реч, Библијата. Но, Јехова ни дал и други дарови што не можеме да ги видиме со нашите очи. За нив ќе се зборува во следната статија.
ПЕСНА 12 Јехова е величествен Бог
^ пас. 5 Оваа статија ќе ни помогне да го продлабочиме нашето ценење за Јехова и за три дарови што тој ни ги дал. Исто така, ќе ни помогне да им изнесеме цврсти докази на оние што не веруваат дека постои Бог.
^ пас. 64 ОПИС НА СЛИКАТА: Една сестра учи друг јазик за да ги поучува доселениците за вистините од Божјата Реч.