СТАТИЈА ЗА ПРОУЧУВАЊЕ 12
Кога е време да се зборува?
Има време за молчење и време за зборување (ПРОП. 3:1, 7)
ПЕСНА 124 Секогаш да бидеме верни!
КРАТОК ПРЕГЛЕД *
1. Што учиме од Проповедник 3:1, 7?
НЕКОИ од нас се многу зборливи, а други обично си молчат. Како што се гледа од мотото на оваа статија, има време кога се зборува и време кога се молчи. (Прочитај Проповедник 3:1, 7.) Понекогаш си мислиме дека би било убаво некои браќа и сестри да зборуваат повеќе, а други да зборуваат помалку.
2. Кој има право да поставува мерила за тоа кога и како треба да зборуваме?
2 Говорот е дар од Јехова (2. Мој. 4:10, 11; Отк. 4:11). Преку својата Реч, тој ни помага да сфатиме како можеме да го користиме овој дар на исправен начин. Во оваа статија, ќе разгледаме библиски примери што ќе ни помогнат да процениме кога е добро да зборуваме, а кога да молчиме. Ќе видиме и што мисли Јехова за она што им го кажуваме на другите. Прво, да разгледаме кога треба да зборуваме.
КОГА ТРЕБА ДА ЗБОРУВАМЕ?
3. Според Римјаните 10:14, кога треба да зборуваме?
3 Секогаш треба да бидеме спремни да зборуваме за Јехова и за Царството (Мат. 24:14; прочитај Римјаните 10:14). Така го следиме примерот на Исус. Една од главните причини зошто дошол на Земјата била да им ја каже на другите вистината за својот Татко (Јован 18:37). Но, не смееме да заборавиме дека е важно и како зборуваме. Затоа, кога разговараме со другите за Јехова, мора да го правиме тоа „благо и со длабока почит“, и да покажеме обѕир кон нивните чувства и верувања (1. Пет. 3:15). Така ќе можат да извлечат поука од она што им го кажуваме и можеби ќе посакаат да дознаат нешто повеќе за Бог.
4. Во склад со Изреки 9:9, како може со нашиот говор да им помогнеме на другите?
Изреки 9:9.) Зошто е толку важно да бидеме храбри и да зборуваме отворено кога тоа е потребно? Да разгледаме еден лош и еден добар пример. Првиот е за еден маж кој требало да ги укори своите синови, а вториот е за една жена која требало смело да зборува со еден иден цар.
4 Старешините не треба да се колебаат да му дадат совет на некој брат или сестра кога тоа е потребно. Се разбира, треба да го изберат вистинското време да зборуваат со него за да не го стават во незгодна ситуација. Добро е да почекаат да разговараат насамо со него. Старешините секогаш се трудат да му го зачуваат достоинството на оној со кого зборуваат. Сепак, тоа не ги спречува да споделат со него некои библиски начела што можат да му помогнат да постапува мудро. (Прочитај5. Во која ситуација првосвештеникот Илиј пропуштил да зборува отворено?
5 Првосвештеникот Илиј имал два сина кои многу ги сакал. Меѓутоа, неговите синови немале никаква почит кон Јехова. Тие служеле на одговорни положби како свештеници во светиот шатор. Но, го злоупотребиле својот авторитет, покажале крајно непочитување кон жртвите кои му се принесувале на Јехова и бесрамно вршеле блуд (1. Сам. 2:12-17, 22). Според Мојсеевиот закон, синовите на Илиј заслужувале смрт. Но, бидејќи бил попустлив, тој само благо ги прекорил, и им дозволил и понатаму да служат во светиот шатор (5. Мој. 21:18-21). Што мислел Јехова за начинот на кој Илиј се справил со овој проблем? Тој му рекол: „Зошто им укажуваш поголема чест на своите синови отколку мене?“ Јехова одлучил да ги погуби тие двајца злобни луѓе (1. Сам. 2:29, 34).
6. Што учиме од Илиј?
6 Од Илиј учиме нешто многу важно. Ако дознаеме дека некој пријател или член на семејството го прекршил Божјиот закон, мора да зборуваме со него за тоа и да му укажеме на Јеховините мерила. Потоа мора да се погрижиме да ја добие потребната помош од старешините кои се поставени од Јехова (Јак. 5:14). Не сакаме да бидеме како Илиј и да му укажеме поголема чест на пријателот или на некој од семејството отколку на Јехова. Потребна е храброст за да зборуваме отворено со некого кому му е потребна исправка, но вреди да го сториме тоа. За разлика од Илиј, една Израелка по име Авигеја покажала таква храброст. Да видиме како.
7. Зошто Авигеја зборувала со Давид?
7 Авигеја му била жена на еден богат човек кој се викал Навал. Додека се криеле од цар Саул, Давид и неговите луѓе поминувале доста време со пастирите на Навал и ги штителе неговите стада од разбојници. Дали Навал им бил благодарен за тоа? Не. Кога Давид ги испратил своите луѓе да го замолат за малку храна и вода, Навал се разгневил и почнал да ги навредува (1. Сам. 25:5-8, 10-12, 14). Штом чул за тоа, Давид тргнал да го убие секое машко од домот на Навал (1. Сам. 25:13, 22). Како можело да се избегне тоа? Авигеја сфатила дека е време да зборува. Затоа храбро им излегла во пресрет на 400 гладни, гневни и вооружени луѓе за да зборува со Давид.
8. Што учиме од примерот на Авигеја?
8 Кога се сретнала со Давид, Авигеја зборувала храбро, уверливо и со почит. Иако воопшто не била виновна за проблемот, таа му се извинила. Се потпирала на Јехова за помош и покажала доверба дека Давид ќе постапи исправно (1. Сам. 25:24, 26, 28, 33, 34). Исто како Авигеја, и нам ни е потребна храброст за да зборуваме со некого што тргнал во погрешен правец (Пс. 141:5). Точно, мора да зборуваме со почит, но мора да бидеме и смели. Кога со љубов му го даваме потребниот совет некому, докажуваме дека сме му вистински пријатели (Изр. 27:17).
9-10. Што треба да имаат на ум старешините кога даваат совет?
9 Особено старешините мора да имаат храброст да зборуваат со оние во собранието кои можеби прават нешто погрешно без Гал. 6:1). Старешините понизно признаваат дека и самите се несовршени и дека можеби еден ден и ним ќе им треба совет. Но, не дозволуваат тоа да ги спречи да дадат укор кога е потребно (2. Тим. 4:2; Тит 1:9). Кога советуваат некого, се трудат да го прават тоа така што ќе го поучуваат тактично и стрпливо. Тие го сакаат својот брат, и таа љубов ги поттикнува да му помогнат (Изр. 13:24). Но, најважно од сѐ им е да му оддадат чест на Јехова со тоа што ќе се држат за неговите мерила и ќе го штитат собранието (Дела 20:28).
да бидат свесни за тоа (10 Досега разгледавме кога треба да зборуваме. Сепак, во некои ситуации е најдобро да не кажеме ништо. Зошто понекогаш ова може да биде тешко?
КОГА ТРЕБА ДА МОЛЧИМЕ?
11. Која споредба ја употребил Јаков, и зошто е соодветна?
11 Не е секогаш лесно да си го зауздаме јазикот. Библискиот писател Јаков употребил соодветна споредба во врска со ова. Тој напишал: „Ако некој не греши во зборови, тој е совршен човек, способен да го заузда и целото тело“ (Јак. 3:2, 3). За да може да управува со коњот, јавачот користи узда која му ја става на главата и во устата. Ако ја испушти уздата, ќе изгуби контрола над коњот. Така животното може да се повреди и себеси и јавачот. На сличен начин, ако не си го контролираме јазикот, може да направиме голема штета. Да разгледаме некои ситуации во кои треба да си го зауздаме јазикот и да молчиме.
12. Во која ситуација треба да си го контролираме јазикот и да молчиме?
12 Како реагираш кога некој брат или сестра знае доверливи информации? На пример, ако се сретнеш со некој што живее во
земја каде што нашето дело е забрането, дали си на искушение да го распрашуваш за тоа како браќата ја извршуваат службата таму? Сигурно би го направил тоа од исправни мотиви. Ние ги сакаме браќата и сакаме да знаеме што им се случува. Исто така, сакаме да бидеме конкретни кога се молиме за нив. Сепак, ова е една ситуација во која треба да си го контролираме јазикот и да молчиме. Ако се обидуваме по секоја цена да извлечеме доверливи информации од некого, не покажуваме љубов — ниту кон него ниту кон браќата и сестрите кои имаат доверба дека тој нема да каже ништо за нивните активности. Сигурно никој од нас не би сакал уште повеќе да им ја отежне ситуацијата на нашите браќа и сестри кои живеат во земји каде што делото е под забрана. Освен тоа, ниту еден брат или сестра кои живеат во тие земји не треба да откриваат детали за тоа како тамошните Сведоци ја вршат службата или другите христијански активности.13. Во склад со Изреки 11:13, што се очекува од старешините, и зошто?
13 Особено старешините мора да го применуваат библиското начело од Изреки 11:13 така што ќе бидат доверливи. (Прочитај.) Ова може да биде тешко, посебно ако еден старешина е женет. Факт е дека сопружниците се поблиски кога често разговараат и си ги споделуваат своите најдлабоки чувства, мисли и стравови. Но, еден старешина е свесен дека не смее да ѝ открива на својата жена информации што некој од собранието му ги кажал во доверба. Во спротивно, браќата повеќе нема да му веруваат и нема да имаат добро мислење за него. Оние кои се поставени на одговорни положби во собранието не смеат да бидат „дволични“ (1. Тим. 3:8). Со други зборови, не смеат да бидат неискрени или да озборуваат. Ако старешината си ја сака жената, нема да ја оптоварува со информации што таа не треба да ги знае.
14. Како може жената да му помогне на својот маж кој е старешина да си го зачува угледот?
14 И жената може да му помогне на својот маж да си го зачува угледот така што нема да му врши притисок да зборува со неа за доверливи работи. Кога го применува овој совет, таа не само што го поддржува својот сопруг туку покажува почит и кон оние што му се довериле. Најважно од сѐ, го радува Јехова затоа што придонесува во собранието да владее мир и единство (Рим. 14:19).
ШТО МИСЛИ ЈЕХОВА ЗА ОНА ШТО ИМ ГО КАЖУВАМЕ НА ДРУГИТЕ?
15. Што мислел Јехова за тројцата пријатели на Јов, и зошто?
15 Од библиската книга за Јов може да научиме многу за тоа како и кога да зборуваме. Откако Јов го снашле повеќе тешки неволји, кај него дошле четворица луѓе за да го утешат и да го посоветуваат. Тие седеле долго време покрај него без да кажат ниту збор. Но, од она што подоцна го кажале тројца од нив — Елифаз, Вилдад и Софар — јасно се гледа дека не го искористиле тоа време за да размислат како да му помогнат на Јов, туку за да докажат дека самиот си е виновен за она што го снашло. Иако некои нивни изјави биле точни, повеќето од она што го кажале за Јов и за Јехова било или невистинито или бесчувствително. Тие строго го осудиле Јов (Јов 32:1-3). Како реагирал Јехова? Библијата вели дека неговиот гнев се распалил против нив. Тој рекол дека постапиле безумно и им заповедал да побараат од Јов да се моли за нив (Јов 42:7-9).
16. Што може да научиме од лошите примери на Елифаз, Вилдад и Софар?
Мат. 7:1-5). Наместо тоа, треба внимателно да ги сослушаме пред да кажеме нешто. Само така ќе може да разбереме низ што поминуваат (1. Пет. 3:8). Второ, кога ќе дојде ред да зборуваме, мора да бидеме обѕирни и она што ќе го кажеме мора да биде точно (Еф. 4:25). И трето, учиме дека на Јехова му е многу важно она што им го кажуваме на другите.
16 Можеме да научиме повеќе работи од лошите примери на Елифаз, Вилдад и Софар. Прво, не треба да ги осудуваме нашите браќа (17. Што може да научиме од примерот на Елиу?
17 Четвртиот пријател што дошол кај Јов бил Елиу, кој му бил роднина на Авраам. Додека Јов и другите тројца зборувале, Елиу слушал. Очигледно добро внимавал на она што се кажувало бидејќи на крајот можел да даде сочувствителен, но искрен совет кој му помогнал на Јов да си го исправи размислувањето (Јов 33:1, 6, 17). За Елиу било најважно да го прослави Јехова, а не да се возвиши себеси или некој друг човек (Јов 32:21, 22; 37:23, 24). Од неговиот пример учиме дека има време кога човек треба да молчи и да слуша (Јак. 1:19). Освен тоа, учиме дека кога даваме совет, најважно треба да ни биде да му оддадеме чест на Јехова, а не себеси.
18. Како може да покажеме дека сме благодарни за говорот како дар од Бог?
18 Можеме да покажеме дека сме благодарни за говорот како дар од Бог така што ќе ги применуваме библиските совети во врска со тоа кога и како да зборуваме. Под водство на светиот дух, мудриот цар Соломон напишал: „Зборови кажани во право време се златни јаболка во сребрени садови“ (Изр. 25:11). Ако внимателно ги слушаме другите и ако размислуваме пред да кажеме нешто, нашите зборови ќе бидат како тие златни јаболка — скапоцени и убави. Тогаш, сеедно дали зборуваме малку или многу, со нашиот говор ќе ги зајакнуваме другите и ќе го радуваме Јехова (Изр. 23:15; Еф. 4:29). Тоа е најдобриот начин да му покажеме на Бог дека сме благодарни за тој дар што ни го дал!
ПЕСНА 82 „Нека свети вашата светлина“
^ пас. 5 Во Божјата Реч има начела кои можат да ни помогнат да процениме кога да зборуваме, а кога да молчиме. Кога го знаеме и го применуваме она што го вели Библијата, ќе го радуваме Јехова со нашиот говор.
^ пас. 62 ОПИС НА СЛИКАТА: Една сестра ѝ дава мудар совет на друга сестра.
^ пас. 64 ОПИС НА СЛИКАТА: Еден брат му дава предлози во врска со чистотата на друг брат.
^ пас. 66 ОПИС НА СЛИКАТА: Авигеја го избрала вистинското време да зборува со Давид, и тоа имало добар исход.
^ пас. 68 ОПИС НА СЛИКАТА: Една брачна двојка се труди да не каже ништо за тоа како се врши нашето дело онаму каде што тоа е забрането.
^ пас. 70 ОПИС НА СЛИКАТА: Еден старешина внимава неговата жена да не го слуша кога тој има разговор за доверливи собраниски работи.