Млади, како може да се подготвите за крштавање?
„Задоволство ми е да ја вршам твојата волја, Боже мој“ (ПС. 40:8)
1, 2. а) Зошто крштавањето е важен чекор? б) Кога може некој да се крсти?
ДАЛИ си млада личност која размислува да се крсти? Тоа е најголемата чест што може да ја има некој човек. Но, како што видовме во претходната статија, крштавањето е важен чекор со кој покажуваш дека си му го заветувал својот живот на Бог. Со други зборови, си му ветил дека ќе му служиш засекогаш и дека неговата волја ќе ти биде најважна од сѐ. Се разбира, за да се крстиш, мора да бидеш доволно зрел, мора да знаеш што значи заветот кој му го даваш на Бог и мора навистина да сакаш да го направиш тој чекор.
2 Меѓутоа, можеби не си сигурен дали си спремен за крштавање. Или, пак, можеби сакаш да се крстиш, но твоите родители сметаат дека треба да почекаш уште малку за да стекнеш поголемо животно искуство. Како и да е, не се разочарувај. Продолжи и понатаму да напредуваш, и наскоро ќе можеш да се крстиш. Имајќи го ова на ум, размисли како би можел: 1) да ги зацврстиш своите уверувања,
2) да покажуваш вера со своите дела, и 3) да ја продлабочуваш својата благодарност кон Јехова.ЗАЦВРСТИ ГИ СВОИТЕ УВЕРУВАЊА
3, 4. Што можат да научат младите од Тимотеј?
3 Размисли како би одговорил на следниве прашања: Зошто верувам дека постои Бог? Зошто сум сигурен дека Библијата е Божја Реч? Зошто сметам дека е подобро да се живее според Божјите морални мерила отколку според мерилата на светот? Целта на овие прашања не е да ти родат сомнежи. Напротив, тие треба да ти помогнат да го послушаш следниов совет на апостол Павле: ,Утврдете која е Божјата волја — што е добро, прифатливо и совршено‘ (Рим. 12:2). Зошто треба да го сториш тоа?
4 Размисли за Тимотеј. Тој добро ги познавал светите списи. Мајка му и баба му го поучиле за нив уште „од рано детство“. Сепак, Павле му го дал следниов совет: „Остани во она што си го научил и во кое си се уверил“ (2. Тим. 3:14, 15). Тимотеј бил сигурен дека ја нашол вистината. Тој не ја прифатил затоа што мајка му и баба му го барале тоа од него, туку затоа што ,го користел својот разум‘ и самиот се уверил во она што го учел. (Прочитај Римјаните 12:1.)
5, 6. Зошто е добро да научиш да ,го користиш својот разум‘ уште од рана возраст?
5 А како е со тебе? Можеби ја знаеш вистината од Библијата веќе подолго време. Ако е така, зошто не си поставиш цел уште подобро да испиташ на што се темелат твоите верувања? Тоа ќе ја зајакне твојата вера и ќе ти помогне да се спротивставиш на притисокот од врсниците, на она што го нуди светот, па дури и на сопствените чувства.
6 Ако уште од рана возраст научиш да ,го користиш својот разум‘, ќе можеш да дадеш логични одговори кога твоите врсници ќе ти постават некои од следниве прашања: „Зошто си сигурен дека има Бог? Ако Бог нѐ сака, зошто допушта да се случуваат лоши работи? Како е можно Бог да нема почеток?“ Доколку си добро подготвен, ваквите прашања нема да ја поткопаат твојата вера туку ќе те поттикнат додатно да истражуваш.
7-9. Како интернет-рубриката „Што учи Библијата?“ може да ти помогне да ги зацврстиш твоите уверувања?
7 Ако темелно ја проучуваш Библијата, ќе добиеш одговор на многу прашања, ќе расчистиш со сомнежите и ќе ги зацврстиш твоите уверувања (Дела 17:11). Имаме многу публикации кои можат да ти помогнат во тоа. На мнозина им користела брошурата Дали животот е Божје дело? и книгата Постои ли Творец кој се грижи за тебе? Освен тоа, на многу млади им помогнала интернет-рубриката „Што учи Библијата?“ Таа се наоѓа на нашата интернет-страница jw.org, во делот БИБЛИСКИ УЧЕЊА/ТИНЕЈЏЕРИ. Секој работен лист од оваа рубрика може да ги зацврсти твоите уверувања во врска со одредена библиска тема.
8 Бидејќи веќе ја познаваш Библијата, можеби брзо ќе одговориш на некои прашања од работните листови. Но, зошто си уверен дека тоа е одговорот? Со помош на овие работни листови ќе можеш внимателно да разгледаш повеќе библиски стихови и да запишеш што мислиш за нив. Исто така, ќе можеш да се подготвиш да им ги објасниш своите верувања на другите. Ако имаш пристап до интернет-рубриката „Што
учи Библијата?“, би можел да ја користиш во текот на личното проучување за да ги зацврстиш своите уверувања.9 Кога ќе се увериш дека она што стои во Божјата Реч е вистина, ти правиш важен чекор кон целта да се крстиш. Една сестра која е тинејџерка рекла: „Пред да се крстам, ја проучував Библијата и се уверив дека ова е вистинската религија. Од ден на ден сум сѐ посигурна во тоа“.
ПОКАЖУВАЈ ВЕРА СО СВОИТЕ ДЕЛА
10. Зошто е разумно да се очекува еден крстен христијанин да ја покажува својата вера со дела?
10 Библијата вели: „Верата — ако нема дела, сама по себе е мртва“ (Јак. 2:17). Твоите цврсти уверувања сигурно ќе влијаат врз твоите постапки, односно дела. Тие ,ќе бидат свети и по нив ќе се види дека си му оддаден на Бог‘. (Прочитај 2. Петрово 3:11.)
11. Како можат нашите дела да бидат свети?
11 За твоите дела да бидат свети, мора да даваш сѐ од себе за да постапуваш исправно. Размисли за последните шест месеци. Како покажа дека навистина знаеш да разликуваш што е добро, а што зло? (Евр. 5:14). Можеш ли да се сетиш на конкретни ситуации кога се спротивстави на некое искушение или на притисокот од врсниците? Дали со своето однесување на училиште им даваш добар пример на другите? Дали му остануваш верен на Јехова или, пак, се обидуваш да бидеш ист како соучениците само за да не те исмеваат? (1. Пет. 4:3, 4). Се разбира, никој не е совршен. Дури и на некои што долго време му служат на Јехова можеби понекогаш им е страв да ја бранат својата вера пред другите. Сепак, оној што му се заветувал на Јехова со право се гордее што го носи неговото име, и го покажува тоа со своите постапки.
12. Кои се некои дела што покажуваат дека си му ,оддаден на Бог‘, и како треба да гледаш на нив?
12 Во делата по кои може да се види дека си му ,оддаден на Бог‘ спаѓаат христијанските активности, како што се состаноците и проповедањето. Исто така, во овие дела се вклучени и духовни активности кои другите не ги гледаат, како што се твоите лични молитви и проучување. Оние што му го заветувале животот на Јехова воопшто не ги сметаат овие работи за товар. Напротив, тие се чувствуваат исто како цар Давид, кој рекол: „Задоволство ми е да ја вршам твојата волја, Боже мој, и твојот закон е длабоко во мене“ (Пс. 40:8).
13, 14. Што може да ти помогне да ги исполниш своите духовни цели, и каква корист извлекле некои млади луѓе?
13 На страници 308-309 од книгата Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2, има работен лист кој може да ти помогне да си поставиш цели. Таму можеш да го запишеш одговорот на прашања како што се: „Колку си конкретен во молитвите, и што покажуваат тие за твојата љубов кон Јехова?“, „Што проучуваш?“ и „Одиш ли во служба дури и ако твоите родители не одат?“ На овој лист можеш да ги напишеш и твоите лични цели во поглед на молитвите, проучувањето и службата.
14 Овој работен лист им бил од голема помош на многу млади кои размислувале да се крстат. Една млада сестра по име Тилда вели: „Ги запишав моите цели на овој лист. Ги остварував една по една, и следната година бев спремна за крштавање“.
Еден млад брат, кој се вика Патрик, извлекол слична корист. Тој рекол: „Веќе знаев кои се моите цели, но тоа што ги запишав ме поттикна уште повеќе да се потрудам да ги постигнам“.15. Зошто треба самиот да одлучиш да му се заветуваш на Јехова?
15 Едно важно прашање на овој работен лист е: „Би продолжил ли да му служиш на Јехова дури и ако твоите родители и пријатели престанат?“ Кога ќе му го заветуваш животот на Јехова и ќе се крстиш, ти ќе имаш свој личен однос со него. Твојата служба за Бог не треба да зависи од другите, па дури ни од твоите родители. Твоите ,свети дела по кои се гледа дека си му оддаден на Бог‘ се јасен доказ дека си се уверил во библиската вистина и дека напредуваш кон крштавање.
ПРОДЛАБОЧУВАЈ ЈА ТВОЈАТА БЛАГОДАРНОСТ
16, 17. а) Од која причина некој треба да се крсти како христијанин? б) Која споредба може да ни помогне да бидеме уште поблагодарни за откупнината?
16 Еден човек кој добро го познавал Мојсеевиот закон го прашал Исус: „Која е најголемата заповед?“ А тој му одговорил: „Сакај го Јехова, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој ум“ (Мат. 22:35-37). Со тоа Исус покажал дека главна причина зошто некој одлучува да се крсти и да стане христијанин треба да биде љубовта кон Јехова. Што може најмногу да ја разгори твојата љубов кон Бог? Една работа е тоа што длабоко ќе размислуваш за откупнината — најголемиот дар што Тој им го дал на луѓето. (Прочитај 2. Коринќаните 5:14, 15; 1. Јованово 4:9, 19.) Тоа ќе те поттикне да покажеш благодарност за овој прекрасен дар.
17 Ова може да се објасни со следнава споредба: Замисли дека се давиш, но некој ти подава рака и те спасува. Дали едноставно ќе си отидеш дома, ќе се исушиш и ќе заборавиш што направил тој човек за тебе? Се разбира дека не! Сигурно ќе му бидеш многу благодарен и ќе се чувствуваш како негов должник. Слично на тоа, треба да им бидеме многу благодарни на Јехова Бог и на Исус Христос бидејќи им го должиме својот живот. Тие нѐ спасиле од грев и смрт. Благодарение на откупнината, имаме можност да живееме вечно во рајот на Земјата!
18, 19. а) Зошто не треба да се плашиш да му го заветуваш својот живот на Јехова? б) Во која смисла твојот живот ќе биде подобар ако му служиш на Јехова?
Евр. 11:6). Кога ќе му се заветуваш на Бог и ќе се крстиш, твојот живот нема да стане полош, туку подобар. Еден 24-годишен брат, кој се крстил пред да стане тинејџер, вели: „Можеби подобро ќе ја разбирав вистината ако бев повозрасен. Но, тоа што одлучив да му се заветувам на Јехова ме заштити од влијанието на светот“.
18 Дали си благодарен за она што Јехова го сторил за тебе? Ако да, тогаш е добро да му се заветуваш и да се крстиш. Кога му го заветуваш животот на Бог, ти му ветуваш дека ќе ја вршиш неговата волја засекогаш, без разлика што ќе се случи. Дали треба да се плашиш да му дадеш таков завет? Воопшто не! Имај на ум дека Јехова ти го мисли најдоброто, и дека „ги наградува оние што ревносно го бараат“ (19 Јехова е сосема поинаков од Сатана, кој е себичен и воопшто не му е гајле за тебе. Ѓаволот не им нуди никаква трајна награда на оние што застануваат на негова страна. Тој нема ниту добра вест, ниту надеж за иднината. Како би можел да понуди нешто што и самиот го нема? Тој може да ти понуди само мрачна иднина, бидејќи токму тоа го чека него! (Отк. 20:10).
20. Како може еден млад човек духовно да напредува за да се крсти? (Види ја и рамката „ Што ќе ти помогне духовно да напредуваш?“)
20 Кога ќе решиш да му се заветуваш на Јехова, ти ќе ја донесеш најдобрата одлука во животот. Дали си спремен на тој чекор? Ако да, немој да чекаш. Од друга страна, ако ти треба повеќе време, примени ги предлозите од оваа статија и продолжи да напредуваш. Павле им напишал на Филипјаните: „Сеедно колку сме напредувале досега, да продолжиме да одиме со истиот вообичаен чекор“ (Фил. 3:16). Ако го послушаш овој совет, наскоро ќе сакаш да му го заветуваш својот живот на Јехова и да се крстиш.