Никогаш не губи од вид колку е важно спорното прашање
За да се знае дека единствено ти, чие име е Јехова, си Севишен над целата земја! (ПС. 83:18)
1, 2. а) Што треба да му биде важно на секој човек? б)Зошто е важно да го поддржиме Јехова како Севишен Владетел?
НА МНОГУ луѓе денес парите им се најважното нешто во животот. Тие постојано размислуваат како да заработат повеќе пари или се грижат како да ги зачуваат тие што веќе ги имаат. На други, пак, најважни им се семејството, здравјето или целите што сакаат да ги постигнат.
2 Но, постои нешто што е многу поважно — да се докаже дека Јехова има право да владее над сѐ. Никогаш не смееме да заборавиме колку е важно ова. Доколку не внимаваме, би можеле толку да се преокупираме со секојдневните активности и со нашите проблеми што ќе изгубиме од вид колку е важно да се докаже дека Јехова е Севишен Владетел. Ако го поддржуваме Јехова како Севишен Владетел, ќе можеме подобро да се справиме со проблемите и ќе станеме поблиски со него.
ЗОШТО Е ТОЛКУ ВАЖНО?
3. Што тврди Сатана во врска со Божјето владеење?
3 Сатана Ѓаволот го покренал прашањето дали Јехова има право да владее. Сатана сака луѓето да мислат дека 1. Мој. 3:1-5). Исто така, тврди дека ниту еден човек не му е потполно верен на Бог и дека, ако се најде под многу силен притисок, секој човек ќе го отфрли Јехова како Владетел (Јов 2:4, 5). Поради ваквите тврдења на Ѓаволот, Јехова дозволува да помине време за да се види дека животот без Бог нема никаква смисла.
Јехова е лош Владетел и дека им ускратува нешто добро. Тој тврди дека луѓето ќе бидат посреќни ако владеат сами (4. Зошто мора да се даде одговор на прашањето дали Бог има право да владее?
4 Се разбира, Јехова знае дека обвинувањата на Ѓаволот не се точни. Тогаш, зошто дозволил да помине толку многу време за Сатана да се обиде да ги докаже своите тврдења? Бидејќи одговорот на спорното прашање ги засега и луѓето и ангелите. (Прочитај Псалм 83:18.) Адам и Ева го отфрлиле Јехова како свој Владетел, а оттогаш тоа го направиле и многумина други. Поради тоа, некои би можеле да помислат дека Ѓаволот е во право. Сѐ додека луѓето и ангелите си го поставуваат ова прашање, не може да има вистински мир и единство. Но, откако ќе се докаже дека Јехова има право да владее, секое суштество обдарено со разум ќе му се подложува како на Севишен Владетел во сета вечност. Во целиот универзум ќе владее мир (Еф. 1:9, 10).
5. На кој начин ние сме вклучени во спорното прашање?
5 Спорното прашање ќе биде одговорено така што ќе се докаже дека Јехова има право да владее над сѐ. Исто така, ќе се покаже дека владеењето на Сатана и луѓето е потполно неуспешно, и ќе биде отстрането. Ќе биде заменето со месијанското Царство преку кое ќе владее Бог. Неговото владеење ќе биде успешно. Освен тоа, Божјите верни слуги ќе имаат докажано дека луѓето можат да го поддржуваат Бог како свој Севишен Владетел (Иса. 45:23, 24). Сигурно секој од нас би сакал да биде меѓу нив. Затоа, никогаш да не изгубиме од вид колку, всушност, е важно спорното прашање.
ПОВАЖНО ОД НАШЕТО СПАСЕНИЕ
6. Колку е важно да се докаже дека Јехова има право да владее?
6 Да се докаже дека Јехова има право да владее над сѐ е важно спорно прашање во кое е вклучено човештвото. Тоа е поважно отколку ние да бидеме среќни. Но, ова не значи дека нашето спасение не е важно или дека Јехова не се грижи за нас. Зошто го велиме тоа?
7, 8. Како нам ќе ни користи тоа што ќе се докаже дека Јехова е Севишен Владетел?
7 Јехова многу ги сака луѓето. Всушност, толку сме скапоцени за него што го дал својот Син за да можеме да живееме вечно (Јован 3:16; 1. Јов. 4:9). Ако Јехова не ги исполни своите ветувања, Сатана и другите противници би биле во право. Сатана тврди дека Јехова е лажливец кој владее неправедно и кој им скратува добри работи на луѓето. Некои противници се потсмеваат велејќи: „Каде е таа негова ветена присутност? Откако умреа нашите прататковци, сѐ си стои како што било од почетокот на создавањето“ (2. Пет. 3:3, 4). Но, Јехова ќе ги исполни своите ветувања. Тој ќе ги спаси своите верни слуги затоа што тоа е тесно поврзано со неговото право да владее. (Прочитај Исаија 55:10, 11.) Освен тоа, Јеховиното владеење се темели на љубов. Затоа, можеме да бидеме уверени дека тој секогаш ќе ги сака и ќе ги цени своите верни слуги (2. Мој. 34:6).
8 Иако е многу важно да се докаже дека Јехова има право да владее, тоа не значи дека за него не е важно нашето спасение. Всушност, Јехова многу се грижи за нас. Сепак, ние треба да задржиме на ум што е поважно и треба верно да го поддржуваме како Севишен Владетел.
КАКО ЈОВ ГО СМЕНИЛ СВОЕТО ГЛЕДИШТЕ
9. Што тврдел Сатана во врска со Јов? (Види ја сликата на почетокот од статијата.)
9 Многу е важно исправно да гледаме на спорното прашање. Ова може да го видиме од книгата за Јов, една од првите библиски книги кои биле напишани. Од неа дознаваме дека Сатана тврдел дека Јов ќе му сврти грб на Бог ако доживее неописливо страдање. Сатана дури побарал Јехова да му нанесе неволји на Јов. Јехова не го направил тоа, но му дозволил нему да го испита Јов. Бог му рекол: „Сѐ што има е во твои раце“. (Прочитај Јов 1:7-12.) По кратко време, Јов ги изгубил своите слуги и својот имот. Потоа, дознал дека неговите десет деца трагично загинале. Сатана на некој начин направил да изгледа дека Бог ги предизвикал овие неволји (Јов 1:13-19). После тоа, Сатана му нанел на Јов тешка болест (Јов 2:7). Згора на сѐ, жена му на Јов и неговите тројца лажни пријатели многу го повредиле и го обесхрабриле со своите зборови (Јов 2:9; 3:11; 16:2).
10. Иако Јов покажал дека му е верен на Бог, зошто му била потребна исправка?
10 Дали тврдењето на Сатана се покажало вистинито? Не. Иако доживеал ужасни трагедии, Јов никогаш не го отфрлил Јехова (Јов 27:5). Сепак, одреден период, Јов изгубил од вид што е вистински важно и се преокупирал со своите проблеми. Тврдел дека не направил ништо лошо и сметал дека заслужува да знае зошто доживува такви страдања (Јов 7:20; 13:24). Сигурно можеме да разбереме зошто размислувал на ваков начин. Сепак, Јехова знаел дека Јов има погрешно гледиште и затоа му помогнал да го исправи. На кој начин?
11, 12. Како Јехова му помогнал на Јов да го исправи своето гледиште, и како реагирал тој?
11 Во книгата Јов поглавја 38 до 41 е запишано она што му го кажал Јехова на Јов. Бог не му објаснил зошто страда. Наместо тоа, сакал да му помогне да сфати колку е мал и безначаен во однос на Него. Јехова го поучил Јов дека има работи кои се поважни од неговите проблеми. (Прочитај Јов 38:18-21.) Божјите зборови му помогнале на Јов да го исправи своето погрешно гледиште.
12 Дали Јехова бил безобѕирен кон Јов со тоа што на таков начин го исправил откако толку многу страдал? Не. Ни Јов не мислел така. Тој го ценел советот што му го дал Јехова. Дури кажал: „Повлекувам сѐ што реков и се каам во прав и пепел“ (Јов 42:1-6). Претходно, младиот Елиу исто така му помогнал на Јов да си го исправи размислувањето (Јов 32:5-10). Откако Јов го прифатил советот од Јехова и го исправил своето гледиште, Јехова им покажал на другите дека Јов му угодил со тоа што му останал верен (Јов 42:7, 8).
13. Како советот на Јехова можеби му помогнал на Јов откако завршиле неговите неволји?
13 Советот што го добил од Јехова му користел на Јов дури и откако неговото страдање завршило. Јехова ги благословил подоцнежните години од животот на Јов повеќе отколку претходните. Со текот на времето, му се родиле седум синови и три ќерки (Јов 42:12-14). Иако Јов ги сакал овие деца, сигурно му недостасувале и оние што загинале. И, веројатно никогаш не ги заборавил сите ужасни работи што му се случиле нему и на неговото семејство. Дури и ако низ годините Јов сфатил од која причина страдал, можеби се прашувал зошто Бог дозволил толку многу да страда. Доколку Јов понекогаш го мачеле такви мисли, сигурно можел да се сети што му кажал Јехова. Тоа ќе го утешело и ќе му помогнело да гледа исправно на работите (Пс. 94:19).
14. Што можеме да научиме од она што му се случило на Јов?
14 Тоа што ќе размислуваме за она што му се случило на Јов ќе ни помогне да имаме исправно гледиште за работите и ќе ни влее утеха. Книгата за Јов е дел од извештаите кои Јехова ги зачувал „за наша поука, за преку својата истрајност и преку утехата од Писмата да имаме надеж“ (Рим. 15:4). Која е поуката за нас? Не треба толку многу да се преокупираме со сопствените проблеми што ќе заборавиме колку е важно да се докаже дека Јехова има право да владее. Слично на Јов, и ние го поддржуваме Јехова како Севишен Владетел со тоа што му остануваме верни и во тешки ситуации.
15. Што се постигнува кога му остануваме верни на Јехова и покрај испитите?
15 Зошто може да нѐ утеши она што му се случило на Јов? Неговото искуство ни открива еден важен факт — неволјите што ги доживуваме не се знак дека сме ја изгубиле Јеховината Изр. 27:11). Кога верно истрајуваме, го радуваме Јехова и нашата надеж за иднината станува поцврста. (Прочитај Римјаните 5:3-5.) Искуството на Јов покажува дека „Јехова е полн со сочувство и милосрден“ (Јак. 5:11). Ако го поддржуваме Јехова како наш Владетел, тој ќе нѐ награди. Ова ни помага да истраеме и да бидеме долготрпеливи со радост (Кол. 1:11).
милост. Всушност, неволјите ни даваат можност да го поддржиме Јехова како Севишен Владетел (ЗАДРЖИ ГО НА УМ СПОРНОТО ПРАШАЊЕ
16. Зошто треба да се потсетуваме колку е важно да се докаже дека Јехова има право да владее?
16 Точно е дека, кога се соочуваме со проблеми во животот, не е лесно да задржиме на ум колку е важно да се докаже дека Јехова има право да владее. Дури и малите проблеми може да ни се чинат големи ако премногу размислуваме за нив. Затоа, треба постојано да се потсетуваме колку е важно да го поддржуваме Јехова како Севишен Владетел без разлика какви неволји доживуваме.
17. Како тоа што сме зафатени во службата за Јехова ни помага да да не изгубиме од вид колку е важно спорното прашање?
17 Тоа што ќе останеме зафатени во службата за Јехова може да ни помогне да не изгубиме од вид колку е важно спорното прашање. На пример, една сестра по име Рене доживеала мозочен удар, имала хронични болки и боледувала од рак. Додека била во болница, таа им сведочела на вработените, на пациентите и на оние што доаѓале во посета. Во една прилика, кога Рене останала во болница две и пол недели, проповедала 80 часови. Иако знаела дека ќе умре, Рене никогаш не заборавила што е вистински важно. Тоа што го поддржувала Јехова како Севишен Владетел ѝ дало мир.
18. Што учиме од она што ѝ се случило на Џенифер?
18 Можеме да го поддржиме Јехова како Севишен Владетел и кога се соочуваме со помали проблеми. Една сестра по име Џенифер поминала три дена на аеродром додека чекала лет за дома. Летовите биле откажувани еден по друг. Бидејќи се чувствувала исцрпено и осамено, лесно можела да почне да се самосожалува. Но, наместо тоа, Џенифер го молела Јехова да ѝ помогне да им ја пренесе добрата вест на други луѓе што чекале на аеродромот. Каков бил резултатот? Успеала да им сведочи на голем број луѓе и да даде многу литература. Џенифер вели: „И покрај тоа што се најдов во тешка ситуација, Јехова ме благослови и ми даде сила да го возвишам неговото име“.
19. Која е една од разликите меѓу вистинската и лажната религија?
19 Само Божјиот народ навистина сфаќа колку е важно да се докаже дека Јехова има право да владее над сѐ. Тоа е една од разликите меѓу вистинската и лажната религија. Затоа, секој од нас треба да даде сѐ од себе за да го поддржува Јехова како Севишен Владетел.
20. Како гледа Јехова на сето она што го правиш за да го поддржиш како Севишен Владетел?
20 Јехова го забележува и го цени сето она што го правиме за да го поддржиме како Севишен Владетел. Тој многу се радува кога верно му служиме и кога истрајуваме во неволјите (Пс. 18:25). Во следната статија подетално ќе видиме зошто Јехова заслужува да го поддржуваме како Владетел и на кој начин можеме да го правиме тоа во уште поголема мера.