Вирсавија — каде што бунарот значи живот
Сцени од ветената земја
Вирсавија — каде што бунарот значи живот
„ОД ДАН до Вирсавија.“ Тоа е познат израз за библиските читатели. Го опишува целиот Израел, од Дан, близу до северната граница, до Вирсавија, на југ. Мирот за време на владеењето на Соломон е опишан на следниов начин: „И живееја Јудејците и Израил спокојно, секој под лозата своја и под смоквата своја, од Дан до Вирсавија, преку сите Соломонови дни“ (3. Царства 4:25; Судии Израилеви 20:1).
Меѓутоа, разликата помеѓу Дан и Вирсавија не била само во тоа што тие биле толку оддалечени еден од друг. На пример, Дан имал врнежи во изобилство; водата извирала од земјата формирајќи го едниот од главните извори на реката Јордан, како што може да се види и на фотографијава десно. Во Вирсавија било сосем поинаку бидејќи лежи во едно суво подрачје помеѓу морскиот брег и јужниот дел на Мртвото Море.
Годишните врнежи во подрачјето на Вирсавија изнесувале само 15 до 20 сантиметри на квадратен метар. Знаејќи го ова, забележи го ридот, односно брегот на Вирсавија на горната фотографија. * Зеленилото што го гледаш укажува дека фотографијата горе е направена после скудните зимски дождови, кога полињата околу Вирсавија се зелени само за кратко време. Околните рамнини се, како тогаш, така и денес погодни за житните култури.
Бидејќи подрачјето било суво, библиските извештаи за Вирсавија ги истакнуваат бунарите и водените текови. Градот е сместен близу патишта, односно каравански рути кои ја крстосуваат ненаселената пустина јужно од неа. Можеш ли да си замислиш како патниците кои поминуваат или се запираат овде, бараат вода за себе и своите животни. Водата не навирала од земјата, како во Дан, туку можела да се добие само од бунари. Поправо, хебрејскиот збор бее́р (вир) се однесува на јама или ископан отвор од кој се зема подземна вода. Вирсавија значи „Бунар на заклетвата“ или „Бунар на седумте“.
Авраам со своето семејство долго време престојувал во Вирсавија и нејзината околина, знаејќи од колкава важност се бунарите. Кога Сарината слугинка Агара избегала во пустината, веројатно планирала да земе вода од бунарите или од некој бедуин кој го користел истиот — слично на бедуинкава на следната страница горе која зема вода од бунар на 1. Мојсеева 21:19).
полуостровот Синај. Кога Авраам подоцна морал да ја отера Агара со нејзиниот пакосен син, тој љубезно ѝ снабдил залиха со вода. Што се случило кога таа се потрошила? „Бог ѝ ги отвори очите, и таа виде извор на жива вода; и отиде, па го наполни мевот со вода, и го напои детето“ (Од каде Авраам зел вода за да го наполни мешинот на Агара? Веројатно од изворот кој тој го ископал, близу кој засадил вреж (1. Мојсеева 21:25-33). Може да се рече дека научниците денес ја увидуваат исправноста на Авраамовиот избор за вреж, бидејќи ова дрво има танки листови преку кои сосем малку губи влага што му овозможува да опстане наспроти сушата во ова подрачје. (Види ја сликата долу.)
Авраамовото копање на бунарот е спомнато во врска со препирката помеѓу него и еден филистејски цар. Изворот бил вреден имот поради недостигот на вода и трудот кој бил потребен за да се ископа длабок бунар. Всушност, во тоа време користењето на бунар без дозвола значело прекршување на правата на имотот. (Спореди 4. Мојсеева 20:17, 19.)
Доколку го посетиш ридот Вирсавија, можеш да погледнеш во длабок бунар на југоисточниот гребен. Не е познато кога бил првиот прокоп низ цврстата карпа и горниот дел (како што се гледа долу), кој потоа е зацврстен со камења. Денешните археолози ја оцениле длабочината на 30 метри без да го достигнат дното. Еден од нив забележал: „Не може со сигурност да се заклучи дека овој бунар е . . . ‚Бунарот на Заклетвата‘ каде Авраам и Авимелех склучиле сојуз“ (Biblical Archaeology Review).
Очевидно Вирсавија се проширила во подоцнежниот библиски период, кога станал утврден град со голема порта. Меѓутоа, тајната на неговата успешна егзистенција била животоважната вода од овој длабок бунар.
[Фуснота]
^ пас. 5 За поголем преглед на ридот на Вирсавија види во Календарот на Јеховините сведоци за 1993 година
[Извор на слика на страница 24]
Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.
[Извор на слика на страница 25]
Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.