Потрагата по вистинскиот Бог е наградена
Објавителите на Царството известуваат
Потрагата по вистинскиот Бог е наградена
ВО ДЕСЕТТИОТ век пр. н. е. двоплеменското царство Јуда било преплавено со лажно обожавање. Меѓутоа, среде ова разуздано идолопоклонство живеел еден човек чие срце било исправно настроено кон Бог. Неговото име било Јосафат. За него пророкот Јуј рекол: „Но и добро се најде во тебе, зашто ти . . . го расположи [подготви, NW] срцето свое за да Го побараш Бога“ (2. Летописи 19:3). Слично и денес, во овие „критични времиња со кои тешко ќе се излегува на крај“ (NW) милиони луѓе ‚ги подготвиле своите срца‘ да го бараат вистинскиот Бог, Јехова (2. Тимотеј 3:1—5). Тоа го потврдува следново искуство од Того (Западна Африка).
Казимир одел во католичко училиште и својата прва причеста ја имал на деветгодишна возраст. Меѓутоа, кога наполнил 14 години тој престанал да оди в црква. Тоа го навело да живее во страв бидејќи мислел дека поради тоа што изостанува од мисата ќе оди во огнен пекол или, во најмала рака, во чистилиште.
Во училиштето Казимир се придружил на една група младинци кои се состанувале еднаш седмично за да ја проучуваат Библијата. Исто така, тој почнал и самостојно да ја чита Библијата. Во една прилика, во книгата Откровение прочитал за ужасната дива ѕверка која излегла од морето (Откровение 13:1, 2). Кога го прашал водачот на групата која ја проучувала Библијата во врска со тоа, тој му рекол дека ѕверката е вистинска и дека таа дословно ќе излезе од морето. Ова објаснување го вознемирило Казимир бидејќи живеел недалеку од атлантскиот брег. Бил убеден дека тој ќе биде меѓу првите жртви на дивата ѕверка.
Казимир почнал да штеди пари за да може да побегне во пустината на север со цел да избега од дивата ѕверка. Му кажал за своите планови на еден соученик. Соученикот бил Јеховин сведок и го уверил дека од морето нема да излезе таква дословна ѕверка. Кратко после тоа, Казимир бил поканет на состаноците во Салата на Царството. Уживал во состаноците и почнал редовно да присуствува. Прифатил и домашна библиска студија.
Како што Казимир напредувал во студијата, започнало противење од семејството. Неговото семејство практикувало обожавање на предци и јадело неискрвавено месо што останувало од жртвите. Кога Казимир учтиво одбил да јаде месо, тие му се заканиле и побарале да го напушти домот. Казимир останал смирен, а заканите не биле спроведени. Меѓутоа, три месеци на семејните оброци се послужувало само такво месо. Казимир имал проблем зошто немал доволно за јадење, но го издржал тоа, како и другите тешкотии.
Продолжил духовно да напредува до степен на предание и крштавање. Подоцна бил наименуван за слуга помошник и присуствувал на четвртиот клас на Школата за оспособување слуги во Того. Моментално ужива во доброволна работа во подружницата.
Да, колку само се покажале вистинити зборовите на цар Давид во многу примери: „Ако Го бараш [Јехова], ќе го најдеш“ (1. Летописи 28:9).
[Слики на страница 8]
Казимир (десно) ужива во доброволна работа во подружницата