Проблеми кои се својствени за семејствата со очув или маќеа
Проблеми кои се својствени за семејствата со очув или маќеа
СРЕЌНИ СЕМЕЈСТВА СО МАЌЕА ИЛИ ОЧУВ СЕ МОЖНИ! КАКО?
Семејството со очув или маќеа станало вообичаен тип на домаќинство во многу делови од светот. Сепак, тие семејства си имаат свои карактеристични проблеми. Без сомнение, најголем предизвик е одгледувањето на децата. Меѓутоа, како што ќе се обидат да покажат наредните две статии, можно е успешно да се одгледаат деца во семејна средина со очув или маќеа.
ТРАДИЦИОНАЛНО, ОЧУВОТ И МАЌЕАТА СЕ НЕПОВОЛНО ПРЕТСТАВЕНИ ВО
печатот. Кога сме биле деца, многумина од нас чуле некоја верзија на приказната за Пепелашка која многу страдала од рацете на својата сурова маќеа. Децата во Европа ја учат и приказната Снежана и седумте џуџиња. Маќеата на Снежана се покажува како злобна вештерка!
Дали таквите приказни даваат точна слика за семејствата со очув или маќеа? Дали сите очуви и маќеи навистина се толку лоши? Не. Повеќето од нив им го посакуваат само најдоброто на децата кои ги наследуваат со бракот. Но, тие мора да се соочуваат со некои тешки проблеми кои се својствени за животот на семејствата со очув или маќеа.
Проблеми со одгледување на децата
Кога првиот брак се распаѓа, причината честопати е незрелоста на партнерите. Во вториот брак, справувањето со децата може да го затегне односот. Некои извештаи покажуваат дека од 10 комбинирани семејства, повеќе од 4 завршуваат со развод во првите пет години.
Можеби нововенчаните не го сфаќаат емоционалниот метеж, конфликтите на лојалност, како и чувствата на љубомора и огорченост кои ги предизвикува кај пасторчињата доаѓањето на очувот или маќеата. Можеби тие си замислуваат дека нивниот природен родител има поголема наклоност кон очувот или маќеата отколку кон нив. Освен тоа, на природниот родител, кој е напуштен од партнерот, можеби ќе му биде тешко да ја разбере понатамошната приврзаност на децата кон поранешниот партнер. Едно момче се обидело да го објасни добриот однос со својот биолошки татко, велејќи: „Мамо, јас знам дека тато со тебе лошо постапуваше, но со мене тој беше добар!“ Таквата изјава, иако е чесна, би можела да ја наведе мајката да чувствува силна огорченост кон таткото на детето.
Еден очув признал: „Не бев вистински подготвен да се справам со сите проблеми кои се поврзани со подигањето на моите пасторчиња. Влегов во таа ситуација мислејќи дека сега, штом се оженив со нивната мајка, јас сум им татко. Мене ми изгледаше многу едноставно! Не ја сфаќав приврзаноста на децата кон
нивниот биолошки татко, и направив многу грешки“.Може да се појави напнатост особено кога е во прашање стегата. На децата им е потребна стега полна со љубов. Но тие честопати се бунтуваат против неа, дури и тогаш кога доаѓа од природниот родител. Колку само е потешко да се прифати истата од очув или маќеа! Обично, кога ќе се соочи со таква стега, пасторчето ќе рече нешто како: „Ти всушност не си ми татко!“ Колку само можат таквите зборови да бидат тешки за еден добронамерен очув или маќеа!
Дали децата можат да бидат успешно одгледувани во комбинирано семејство? Дали можат очувот или маќеата да одиграат позитивна улога во градењето на едно успешно семејство? Одговорот на обете прашања е „да“, ако сите кои се вклучени го следат советот од Божјата инспирирана Реч, Библијата.
[Слика на страница 3]
„Ти всушност не си ми татко!“