Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Можеш ли да му се приближиш на невидлив Бог?

Можеш ли да му се приближиш на невидлив Бог?

Можеш ли да му се приближиш на невидлив Бог?

‚Како можам да развијам близок однос со некој кого не можам да го видам?‘ можеби прашуваш. Ова може да изгледа како оправдано прашање. Но, размисли:

КОЛКУ е важно гледањето за развивање трајни врски полни со љубов? Зарем факторите кои не се гледаат не се подеднакво, ако не и уште поважни? Секако! Од таа причина, некои луѓе развиле близок однос со други преку редовно допишување — нивните писма искрено ги пренесуваат симпатиите, антипатиите, целите, начелата, смислата за хумор и другите карактерни црти или интереси на личноста.

И слепите луѓе докажуваат дека гледањето не е пресудно за развивање близок однос со друга личност. Разгледај го примерот на Едвард и Гвен, брачна двојка слепи. * Едвард ја запознал Гвен во училиште за слепи возрасни луѓе, каде што му била соученичка. Тој се восхитувал на нејзините особини, особено на нејзината искреност во говорот и однесувањето, и на нејзиниот одличен став кон работата. Гвен пак, од своја страна, била привлечена кон Едвард, бидејќи, како што се изразила таа, „ги покажувал сите особини за кои била воспитана дека се многу важни“. Три години откако започнале со додворување се венчале.

„Кога сте заедно“, вели Едвард, „слепилото всушност не игра улога во градењето однос со другата личност. Можеби не можете да се видите, но чувствата не се слепи.“ Сега, после 57 години, тие сѐ уште многу се сакаат. Објаснуваат дека тајната на нивниот прекрасен однос вклучува најмалку четири работи: 1) да се забележат особините на другиот, 2) да се размислува за тие особини и да се биде привлечен кон нив, 3) да се одржува добра комуникација и 4) да се вршат работите заедно.

Овие четири точки се витални за кој и да е добар однос, сеедно дали е тоа меѓу пријатели, брачни партнери или, што е уште поважно, меѓу луѓето и Бог. Во следната статија ќе видиме како применувањето на овие точки може да ни помогне да развиеме близок однос со Бог, иако не можеме да го видиме. *

[Фусноти]

^ пас. 4 Имињата се изменети.

^ пас. 6 За разлика од односот меѓу луѓе, односот со Бог се темели на вера во неговото постоење (Евреите 11:6). За темелна дискусија во врска со градењето силна вера во Бог, те молиме види ја книгата Постои ли Творец кој се грижи за тебе?, издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.