Еден оптичар посејува семе
Еден оптичар посејува семе
Каква врска имаат напорите на еден оптичар од Лавов (Украина) со формирањето на едно собрание на Јеховините сведоци на руски јазик во Хаифа (Израел), места кои ги делат 2.000 километри и неколку земји? Оваа приказна ја покажува вистинитоста на библиската изјава во Проповедник 11:6: „Наутро сеј го своето семе а навечер твојата рака нека не почива, зашто не знаеш дали ќе биде подобро ова или она, или двете ќе бидат еднакво добри“.
НАШАТА приказна започнува во 1990 кога Ела, млада жена со еврејско потекло, живеела во Лавов. Ела и нејзиното семејство се подготвувале да се преселат во Израел. Кратко пред да заминат, Ела имала закажано кај еден оптичар кој бил Јеховин сведок. Во тоа време, делото на Јеховините сведоци во Украина било забрането. Сепак, оптичарот презел иницијатива да ги сподели со Ела своите верувања темелени на Библијата. Ја изненадил кога ѝ рекол дека
Бог има свое лично име. Тоа ја подбудило љубопитноста на Ела, и следела убава библиска дискусија.Ела толку уживала во дискусијата што замолила за уште една дискусија следната седмица, а и седмицата после тоа. Нејзиниот интерес растел, но имало еден проблем. Брзо се приближувал денот кога нејзиното семејство требало да замине за Израел. Ела имала уште многу да учи! За да го искористи најдобро преостанатото време, побарала да има библиска студија секој ден до своето заминување. Иако Ела не ја обновила својата студија веднаш кога стигнала во Израел, семето на вистината пуштило корен во нејзиното срце. До крајот на годината, повторно сериозно се зафатила со проучување на Библијата.
Во Персискиот Залив избувнала војна и Израел се нашол под проектилски напад од Ирак. Ова била честа тема на разговор. Еден ден во супермаркет, Ела начула едно семејство кое зборувало руски, нови доселеници. Иако сѐ уште и самата ја проучувала Библијата, Ела му пристапила на семејството и го споделила со нив библиското ветување за мирољубив свет. Како резултат на тоа, бабата Галина, мајката Наташа, синот Саша (Ариел) и ќерката Илана се приклучиле на библиската студија на Ела.
Саша бил првиот член на семејството кој стигнал до крштавање — и покрај многуте искушенија. Иако бил студент со одличен успех, бил истеран од училиштето бидејќи неговата христијанска совест не му дозволувала да учествува во предвоена обука, нешто што се барало со школскиот наставен план (Исаија 2:2-4). Случајот на Саша отишол до израелскиот Врховен суд во Ерусалим, кој пофално донел одлука Саша да биде повторно примен за да може да го заврши школското полугодие. Случајот добил сенароден публицитет. Како резултат на тоа, многу Израелци дознале за верувањата на Јеховините сведоци. *
Откако матурирал во средното училиште, Саша стапил во полновремена служба на Јеховините сведоци. Денес служи како специјален пионер и собраниски старешина. Неговата сестра, Илана, му се придружила во полновремената служба. Нивната мајка и нивната баба се крстени Сведоци. Семето што го посеал оптичарот сѐ уште донесувало плод!
Во меѓувреме, Ела продолжила духовно да напредува и наскоро проповедала од куќа до куќа. На првата врата ја сретнала Фаина, која била неодамна дојдена од Украина. Фаина страдала од депресија. Подоцна Ела дознала дека кратко пред да чукне на вратата на Фаина, депримираната жена му се молела на Бог: „Не знам кој си, но ако ме слушаш, помогни ми“. Таа и Ела имале една подбудувачка дискусија. Фаина поставила многу прашања и внимателно размислила за одговорите што ѝ биле дадени. Со текот на времето, таа се уверила дека Јеховините сведоци поучуваат за вистината од Библијата. Ја приспособила својата програма на студиите на универзитетот за да може да поминува повеќе време со собранието и во делото на проповедање. Фаина се крстила во мај 1994. И таа ја прифатила пионерската служба, издржувајќи
се со работа со скратено работно време на полето на компјутерите.Во ноември 1994, додека учествувала во делото на проповедање, Ела одеднаш се почувствувала многу лошо. Отишла во болница каде што испитувањата откриле дека добила крвавење на чирот на дванаесетпалечното црево. До вечерта хемоглобинот на Ела паднал на 7,2. Еден старешина од нејзиното собрание, претседавач на локалниот Одбор за контактирање со болниците (ОКБ), ги снабдил лекарите со информации за бројни медицински постапки во кои не се барала употреба на трансфузија на крв. * Операцијата била успешно направена без крв и Ела потполно закрепнала (Дела 15:28, 29).
Карл, гинекологот на Ела, Евреин роден во Германија, бил многу импресиониран. Тогаш се сетил дека неговите родители, кои го преживеале холокаустот, познавале Јеховини сведоци во концентрационите логори. Карл поставувал многу прашања. Иако бил презафатен со медицинската практика, одвојувал време за редовна библиска студија. До следната година, почнал да ги посетува седмичните христијански состаноци.
Каков бил резултатот од семето што го посеал оптичарот? Веќе видовме што се случило со Саша и со неговото семејство. Што се однесува до Ела, таа е специјален пионер. Нејзината ќерка, Ина, која штотуку го завршила средното училиште, започнува со својата кариера како пионер. И Фаина служи како специјален пионер. А Карл, гинекологот на Ела, сега е крстен Сведок и слуга помошник, и ја споделува исцелителната моќ на библиската вистина со своите пациенти и со другите.
Малата група доселеници кои зборуваат руски, а која почна како дел од еврејското собрание Хаифа, сега прерасна во едно ревно руско собрание со над 120 објавители на Царството. Овој пораст се должи, делумно, на фактот што еден оптичар во Лавов ја искористил приликата да посее семе!
[Фусноти]
^ За додатни детали, види го хрватското издание на Разбудете се! од 8 ноември 1994, страници 12—15.
^ ОКБ ги претставуваат Јеховините сведоци по целиот свет, помагајќи во комуникацијата меѓу пациентот и болничкиот персонал. Исто така, тој обезбедува информации за алтернативно медицинско лекување темелено на најновите медицински истражувања.
[Карта на страница 29]
(Види во публикацијата)
УКРАИНА
ИЗРАЕЛ
[Извор на слика]
Mountain High Maps® Copyright © 1997 Digital Wisdom, Inc.
[Слики на страница 30]
Ела и нејзината ќерка Ина
[Слика на страница 31]
Среќна група Сведоци кои зборуваат руски во Хаифа. Одлево надесно: Саша, Илана, Наташа, Галина, Фаина, Ела, Ина и Карл