Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

„Лек за твојот папок“

„Лек за твојот папок“

„Лек за твојот папок“

СЕ СМЕТА дека голем број од болестите на човештвото се предизвикани од емоционални стресови како што се страв, тага, завист, огорченост, омраза и чувство на вина. Со оглед на ова, колку само е утешителна библиската изјава дека ‚стравот од Јехова‘ е „лек за твојот папок и освежување за твоите коски“! (Пословици 3:7, 8NW).

Коските се потпорната структура на телото. Според тоа, Библијата го користи зборот „коски“ метафорично, за да претстави нечие битие — особено кога е под влијание на длабоки чувства и емоции. Но, на кој начин стравот од Јехова е „лек за твојот папок“?

Библиските изучувачи имаат различни мислења во врска со спомнувањето на ‚папокот‘ во овој пасус. Еден толкувач вели дека поради тоа што е во „централниот регион на телото“, ‚папокот‘ можеби ги претставува сите витални органи. Друг изучувач сугерира дека зборот „папок“ може да значи папочна врвца, на начинот на кој е употребен во Езекиел 16:4. Ако тоа е случај, можеби во Пословици 3:8 се нагласува нашата потреба од потполна зависност од Бог — исто како што беспомошниот фетус целосно зависи за прехрана од мајката. Уште една идеја е дека овде „папок“ може да укажува на мускулите и тетивите на телото. Во контекст на овој стих, можеби е направен контраст на тие делови во однос на „коските“ — поцврстите компоненти на телото.

Сеедно какво е конкретното значење, едно е сигурно: Покажувањето побожен страв од Јехова е мудар правец. Приспособувањето кон Божјите мерила може да придонесе за нашата физичка благосостојба сега. Освен тоа, може да ни ја донесе Јеховината наклоност која ќе води до бескраен живот во совршено здравје — физичко и емоционално — во неговиот претстоен нов свет (Исаија 33:24; Откровение 21:4; 22:2).

[Извор на слика на страница 32]

Dr. G. Moscoso/SPL/Photo Researchers