Служев секаде каде што бев потребен
Животна приказна
Служев секаде каде што бев потребен
РАСКАЖАЛ ЏЕЈМС Б. БЕРИ
Беше 1939 година. Големата депресија го отежнуваше животот во Соединетите Држави, а над Европа се надвиснуваше војна. Мојот помлад брат Бинет и јас отпатувавме од нашиот дом во Мисисипи во Хјустон (Тексас) во потрага по работа.
ЕДЕН ден, кон крајот на летото, слушнавме како на радио прокрчи едно драматично соопштение: Хитлеровите војски навлегоа во Полска. „Почна Армагедон!“ викна брат ми. Веднаш ја напуштивме работата. Отидовме во најблиската Сала на Царството и присуствувавме на нашиот прв состанок. Зошто во Сала на Царството? Да почнам од почеток.
Роден сум во Хеврон (Мисисипи) во 1915. Живеевме во земјоделско село. Библиските студенти, како што тогаш се нарекуваа Јеховините сведоци, го поминуваа тоа подрачје отприлика еднаш годишно и организираа говор во нечиј дом. Како резултат на тоа, моите родители имаа многу библиски публикации. Бинет и јас верувавме во тоа што го научуваа тие книги: во пеколот не е жешко, душата умира, праведните ќе живеат на Земјата засекогаш. Сепак, имавме уште многу да учиме. Некое време откако го завршив училиштето, брат ми и јас се упативме кон Тексас во потрага по работа.
Кога конечно стапивме во контакт со Сведоците во Салата на Царството, нѐ прашаа дали сме пионери. Немавме поим дека пионер е полновремен министер на Јеховините сведоци. Потоа, нѐ прашаа дали би сакале да проповедаме. „Секако!“ одговоривме. Претпоставувавме дека тие ќе испратат некого со нас за да ни покаже како
се прави тоа. Наместо тоа, само ни врачија една мапа и ни рекоа: „Работете овде!“ Па, Бинет и јас не знаевме ништо за тоа како се проповеда, а ја мразевме и самата помисла некој да нѐ засрами. На крај, само ја фрливме картичката на подрачјето во поштенско сандаче и се вративме во Мисисипи!Ја правиме библиската вистина своја сопственост
Откако се вративме дома, ги читавме публикациите на Сведоците секој ден речиси една година. Дома немавме струја, па така ноќе читавме на светлина од оган. Во тие денови зонските слуги, или патувачките надгледници, ги посетуваа собранијата на Јеховините сведоци и изолираните Сведоци за да ги зајакнат духовно. Еден од тие слуги, Тед Клајн, го посети нашето собрание и нѐ придружуваше Бинет и мене во делото на проповедање од врата до врата, честопати поведувајќи нѐ истовремено обајцата. Ни објасни што всушност е пионерското дело.
Дружењето со него навистина нѐ наведе да размислуваме да направиме повеќе за да му служиме на Бог. Така, на 18 април 1940 брат Клајн нѐ крсти Бинет, нашата сестра Велва и мене. Нашите родители присуствуваа на крштавањето, и беа среќни поради нашата одлука. Отприлика по две години се крстија и тие. Обајцата му останаа верни на Бог сѐ до својата смрт — татко ми во 1956, а мајка ми во 1975.
Кога брат Клајн ме праша дали би можел да пионерам, му реков дека би сакал, но дека немам пари, облека, ништо. „За тоа не грижи се“, ми рече, „јас ќе средам.“ Така и направи. Најпрвин ја испрати мојата молба за пионерска служба. Потоа, ме зеде со него во Њу Орлеанс, оддалечен 300 километри, и ми покажа некои убави станови над една Сала на Царството. Тие беа за пионери. Набрзо се преселив таму и ја започнав мојата кариера на пионер. Сведоците во Њу Орлеанс им помагаа на пионерите давајќи им облека, пари и храна. Преку ден, браќата ни носеа храна и ја оставаа на врата или дури во фрижидер. Еден брат кој во близина имаше свој ресторан редовно нѐ канеше кога ќе завршеше со работа да земеме свежа храна — месо, леб, чили и пити — што останало од тој ден.
Се соочуваме со насилство од толпи
По некое време, добив доделба да пионерам во Џексон (Мисисипи). Таму мојот помлад партнер и јас наидовме на насилство од толпи, и се чинеше дека тие се поддржувани од локалните чувари на редот и мирот! Слично беше и на нашата следна доделба — Колумбус (Мисисипи). Со оглед на тоа што им проповедавме на луѓе од сите раси и националности, некои белци нѐ мразеа. Многумина веруваа дека сме виновни за бунт. Такво гледиште имаше командирот ветеран на Американската легија, една многу патриотска организација. Тој неколкупати ги подбуцна разлутените толпи да нѐ нападнат.
Првиот пат кога бевме нападнати во Колумбус, една толпа дојде по нас додека нудевме списанија на улица. Нѐ истуркаа до стаклениот излог на една продавница. Се собра мноштво за да види што се случува. Набрзо дојде полиција и нѐ одведе до судската зграда. Толпата, која нѐ следеше до судската зграда, пред сите службеници изјави дека ако го напуштиме градот до извесен датум, би можеле да си заминеме со глави. А ако го напуштиме градот после
тој датум, ќе останеме без глави! Мислевме дека е најдобро да го напуштиме градот за извесно време. Но, по неколку седмици се вративме и продолживме со проповедање.Недолго потоа, нѐ нападна една осумчлена група мажи и нѐ ставија во нивните две коли. Нѐ одвезоа во шумата, нѐ соблекоа и нѐ удрија по 30 пати со мојот ремен! Имаа пиштоли, па дури и јажиња, и морам да кажам дека бевме преплашени. Мислев дека ќе нѐ врзат и ќе нѐ фрлат во реката. Ни ја искинаа литературата и ја расфрлија, па дури и го распарчија нашиот фонограф од една пенушка.
Откако нѐ искамшикуваа, ни рекоа да се облечеме и да тргнеме по една патека низ шумата и да не се свртуваме назад. Додека одевме, навистина мислевме дека ако се осмелиме да се свртиме, ќе нѐ стрелаат — и ќе поминат неказнети! Но, по неколку минути, чувме како си заминуваат.
Во една друга прилика, една разлутена толпа нѐ гонеше, и моравме да ја врземе нашата облека околу врат и да препливаме една река за да избегаме. Недолго потоа, бевме уапсени под обвинение за бунт. Поминавме во затвор три седмици пред да биде судењето. Тој настан доби многу широк публицитет во Колумбус. На студентите на еден колеџ во близина дури им беше дозволено порано да си заминат од час за да присуствуваат. Кога дојде денот, судницата беше преполна — имаше место само за стоење! Меѓу оние кои сведочеа за Државата спаѓаа двајца проповедници, градоначалникот и полицајци.
Еден Сведок адвокат по име Џ. К. Кларк и неговиот придружник беа испратени за да нѐ претставуваат. Тие замолија да се отфрлат обвиненијата за бунт поради недостиг на докази. Адвокатот кој работеше со брат Кларк, иако не беше Јеховин сведок, изнесе силни изјави во наша корист. Во еден момент му рече на судијата: „Луѓето велат дека Јеховините сведоци се луди. Луди? Томас Едисон бил луд!“ Потоа укажа на осветлението и рече: „Но, погледнете во сијалицата!“ Едисон, кој ја измислил сијалицата, можеби некои го сметале за луд, но никој не можел да ги оспори неговите достигнувања.
Откако го сослуша сведоштвото, судијата кој претседаваше на окружниот суд му рече на обвинителот: „Немате ни трошка доказ за бунт, а тие имаат право да го вршат ова дело. Не враќајте ми ги во оваа судница и не трошете ги времето и парите на Државата, како и моето време, сѐ додека немате докази!“ Победивме!
Но, потоа судијата нѐ повика во неговата канцеларија. Тој знаеше дека целиот град беше против неговата одлука. Затоа нѐ предупреди: „Она што го реков беше во согласност со законот, но мојот личен совет до вас двајцата е: Бегајте одовде, или ќе ве убијат!“ Знаевме дека беше во право, па затоа го напуштивме градот.
Оттаму им се придружив на Бинет и Велва, кои служеа во Кларксвил (Тенеси), како специјални пионери. По неколку месеци, бевме доделени во Париз (Кентаки). Една и пол година потоа, штотуку бевме спремни да формираме собрание таму кога Бинет и јас добивме една навистина посебна покана.
За мисионерска служба
Кога ја видовме поканата да присуствуваме на вториот клас на Библиската школа Гилеад на Watchtower, си помисливме: ‚Направиле грешка! Зошто би поканиле две скромни момчиња од Мисисипи на таа школа?‘ Ние си мислевме дека сакаат образовани луѓе, но сепак отидовме. Во класот имаше 100 студенти, а курсот траеше пет месеци. Промоцијата беше на 31 јануари 1944, и бевме желни да служиме на странски терен. Но, во тие денови беше потребно многу време за да се извадат пасоши и визи, па затоа студентите беа привремено доделувани во Соединетите Држави. Откако извесно време служевме како пионери во Алабама и Џорџија, Бинет и јас конечно ја добивме нашата доделба — Барбадос (Западноиндиските Острови).
Втората светска војна сѐ уште беше во тек, а делото и литературата на Јеховините сведоци беа забранети на многу места, вклучувајќи го и Барбадос. На тамошната царина, службениците го отворија и го проверија нашиот багаж и ја најдоа литературата што ја имавме скриено во него. Си помисливме: ‚Готови сме‘. Наместо тоа, еден службеник само ни рече: „Жал ни е што моравме да го провериме вашиот багаж; дел од оваа литература е забранета на Барбадос“. Сепак, ни дозволи да го внесеме секое парче литература што го имавме спакувано! Подоцна, кога им сведочевме на државните службеници, тие рекоа дека не знаат зошто литературата била забранета. По неколку месеци, забраната беше укината.
Имавме голем успех во службата на Барбадос. Секој од нас водеше најмалку по 15 библиски студии, и повеќето од студентите напредуваа духовно. Бевме среќни кога гледавме како некои од нив доаѓаат на собраниските состаноци. Меѓутоа, бидејќи извесно време литературата беше забранета, на браќата таму им недостигаше тековно разбирање за тоа како треба да се водат состаноците. Но, наскоро можевме да обучиме извесен број способни браќа. Го имавме задоволството да им помогнеме на многумина од нашите студенти да започнат со христијанската служба и да видиме како собранието расте.
Подигање семејство
По околу 18 месеци поминати на Барбадос, требаше да се оперирам и се вратив во Соединетите Држави. Додека бев таму се оженив со Дороти, Сведок, со која се допишував. Потоа мојата сопруга и јас пионеревме во Талахеси (Флорида), но по шест месеци се преселивме во Луисвил (Кентаки), каде еден Сведок ми понуди работа. Брат ми Бинет продолжи со службата на Барбадос уште многу години. Подоцна се ожени со една мисионерка и служеа во патувачкото дело на островите. На крај, мораа да се вратат во Соединетите Држави од здравствени причини. Продолжија да служат во патувачкото дело во шпанските
собранија сѐ до смртта на Бинет во 1990, кога тој имаше 73 години.Во 1950 Дороти го роди нашето прво дете, девојченце на кое му дадовме име Дерил. На крај имавме пет деца. Второто наше дете, Дерик, умре од менингитис кога имаше само две и пол години. Но, во 1956 се роди Лесли ‚ а по него Иврет, во 1958. Дороти и јас настојувавме да ги подигаме децата на патот на библиската вистина. Секогаш се обидувавме да имаме програма за седмична семејна библиска студија и да ја правиме интересна за сите деца. Кога Дерил, Лесли и Иврет сѐ уште беа млади, им дававме секоја седмица да истражуваат прашања и да одговорат следната седмица. Исто така, тие глумеа како проповедаат од куќа до куќа. Едното ќе отидеше во гардеробата и ќе глумеше станар. Другото стоеше однадвор и чукаше. Користеа комичен дијалог за да се заплашат едно со друго, но ова им помогна да развијат љубов кон делото на проповедање. Исто така, редовно проповедавме заедно со нив.
Кога се роди нашиот најмлад син, Елтон, во 1973, Дороти имаше речиси 50 а јас скоро 60 години. Во собранието нѐ викаа Авраам и Сара! (Битие 17:15-17). Постарите момчиња честопати го земаа Елтон во служба со нив. Мислевме дека за луѓето беше силно сведоштво кога гледаа семејства — браќа и сестри, родители и деца — како работат заедно, споделувајќи ги библиските вистини со другите. Постарите браќа на Елтон се менуваа да го носат на рамениците и му ставаа библиски трактат в рака. Луѓето речиси секогаш слушаа кога ќе ја отвореа вратата и кога ќе го видеа ова мало детенце на рамениците на својот голем брат. Момчињата го научија Елтон, кога разговорот ќе завршеше, да му врачи трактат на човекот и да каже неколку збора. Така всушност тој започна да проповеда.
Низ годините, можевме да им помогнеме на други да го запознаат Јехова. При крајот на 1970-тите се преселивме од Луисвил во Шелбивил (Кентаки) за да служиме во едно собрание каде што имаше потреба. Додека бевме таму, не само што бевме сведоци на пораст во собранието туку помогнавме и да се најде плац и да се изгради Сала на Царството. Подоцна бевме замолени да служиме во друго собрание недалеку од нас.
Неизвесности во семејниот живот
Би сакал да кажам дека сите наши деца останаа на Јеховиниот пат, но тоа не беше случај. Откако пораснаа и го напуштија домот, три од нашите четири живи деца го напуштија патот на вистината. Меѓутоа, нашиот син Иврет го следеше мојот пример и стапи во полновремена служба. Подоцна служеше во светското главно седиште на Јеховините сведоци во Њујорк и во 1984 беше поканет да присуствува на 77. клас на Гилеад. По дипломирањето замина на својата доделба во Сиера Леоне (Западна Африка). Во 1988 се ожени со Маријан, пионерка од Белгија. Оттогаш служат заедно како мисионери.
Како што може да сфати секој родител, бевме потиштени кога гледавме како три наши деца се откажуваат од патот на животот кој донесува задоволство сега и носи прекрасна надеж за вечен живот на рајската Земја во иднина. Понекогаш се обвинувам себеси. Но, наоѓам утеха во сознанието дека дури и некои од Јеховиното сопствено духовно потомство, односно ангелите, престанале да му служат — иако Јехова ги дисциплинира во љубов и љубезност и никогаш не прави грешки (Второзаконие 32:4; Јован 8:44; Откровение 12:4, 9). Ова ми го врежа во мислите фактот дека сеедно колку родителите можеби напорно се обидуваат да ги подигаат своите деца на Јеховиниот пат, некои и покрај тоа можеби ќе одбијат да ја прифатат вистината.
Како едно дрво кое го дуваат силни ветрови, мораме да се приспособуваме на различните тешкотии и проблеми кои наидуваат. Низ годините открив дека редовното проучување на Библијата и присуството на состаноците ми ја даваат таа сила да се приспособам и да преживеам духовно. Како што стареам и ги увидувам грешките што сум ги направил во минатото, се обидувам Јаков 1:2, 3).
да ја гледам светлата страна. Впрочем, само ако останеме верни, таквите искуства можат да придонесат за нашиот духовен развој. Ако учиме од нив, негативните аспекти од животот можат да имаат и некои позитивни страни (Сега Дороти и јас веќе немаме ниту здравје ниту сила да го правиме она што би сакале во Јеховината служба. Но, благодарни сме за поддршката од нашите драги христијански браќа и сестри. Речиси на секој состанок, браќата ни кажуваат колку го ценат тоа што сме таму. А и самите се напрегаат да ни помогнат на секој можен начин — дури и околу поправките во куќата и автомобилот.
Одвреме навреме можеме да учествуваме во помошна пионерска служба, и водиме студии со заинтересираните. Посебно задоволство во кое секогаш уживаме е кога добиваме вести од нашиот син кој служи во Африка. Сѐ уште имаме своја семејна библиска студија, иако таа сега е само за двајца. Среќни сме што поминавме толку многу години во Јеховината служба. Тој нѐ уверува дека нема ‚да го заборави нашето дело и љубовта што ја покажавме кон неговото име‘ (Евреите 6:10).
[Слика на страница 25]
Велва, Бинет и мене нѐ крсти Тед Клајн на 18 април 1940
[Слики на страница 26]
Со мојата сопруга Дороти, во почетокот на1940-тите и во 1997
[Слика на страница 27]
Јавното предавање „Кнезот на мирот“ се најавува на еден градски автобус на Барбадос
[Слика на страница 27]
Брат ми Бинет пред мисионерскиот дом