Прашања од читателите
Прашања од читателите
Во Колошаните 1:16 за Божјиот син се вели дека „сѐ друго е создадено преку него и за него“. Во која смисла сѐ е создадено „за“ Божјиот син, Исус?
Јехова го употребил својот единороден Син како вешт работник во создавањето на сѐ друго, т.е. на сѐ освен на самиот Исус (Пословици 8:27-30; Јован 1:3). Синот со право црпи задоволство од овие дела и, во таа смисла, тие се „за“ него.
Знаеме дека човечките родители очекуваат, а честопати и навистина црпат големо задоволство од она што го создаваат — синовите и ќерките. Затоа, библиската пословица зборува за „син во кого [татко му] наоѓа задоволство“ (Пословици 3:12; 29:17, обата NW). На сличен начин, Јехова Бог црпел радост од Израел кога неговиот народ бил верен (Псалм 44:3; 119:108; 147:11, сите NW). Исто така, тој црпи радост од верноста на своите лојални сѐ до нашево време (Пословици 12:22; Евреите 10:38).
Според тоа, било исправно Бог да дозволи неговиот соработник, Исус, да црпи задоволство од своите постигнувања. Всушност, во Пословици 8:31 се вели дека Синот ‚се радувал по почвата на Неговата земја, и негова радост биле човечките синови‘. Во таа смисла во Колошаните 1:16 се вели: „Сѐ друго е создадено преку него и за него“.