„Конечно знам што ми е!“
„Конечно знам што ми е!“
ТАКА се чувствувал еден човек во Токио кога ја прочитал животната приказна во изданието на Стражарска кула од 1 декември, 2000. Статијата носеше наслов: „Не знаете каков ќе ви биде животот утре“, и го раскажа искуството на еден поранешен мисионер кој страда од болест што во медицината е позната како манично-депресивна психоза.
Во едно писмо адресирано до издавачите на ова списание, човекот од Токио рекол: „Симптомите што се опишани совршено се поклопуваат со моите. Затоа отидов во една психијатриска болница и дознав дека имам манична депресија. Докторот што ме прегледа беше зачуден. Тој рече: ‚Луѓето со ваква болест ретко мислат дека се болни‘. Ми беше помогнато да се дијагнозира болеста пред да стане премногу сериозна“.
Милиони луѓе во светот извлекуваат корист на различни начини читајќи го секое издание на Стражарска кула и нејзиното придружно списание Разбудете се! Тие увидуваат дека статиите се информативни и задоволувачки. Списанието Стражарска кула сега се печати на 141 јазик, а Разбудете се! се издава на 86 јазици. И вие би уживале во редовното читање наСтражарска кула и Разбудете се!