Остани буден, храбро продолжи напред!
Остани буден, храбро продолжи напред!
Извештај за специјалните состаноци
КОЈ може со право да одрече дека живееме во „критични времиња со кои тешко ќе се излегува на крај“? Како Јеховини сведоци, ние не сме имуни на притисоците од живеењето во „последните денови“ (2. Тимотеј 3:1—5). Но, свесни сме дека на луѓето им треба помош. Тие не го разбираат значењето на светските настани. Ним им е потребна утеха и надеж. Која е првенствено нашата улога во помагањето на ближните?
Бог ни дал налог да ја споделуваме добрата вест за Божјето воспоставено Царство (Матеј 24:14). Луѓето треба да знаат дека ова небесно Царство е единствената надеж за човештвото. Но, нашата порака не наидува секогаш на поволен одѕив. На некои места нашето дело е забрането, а нашите браќа се прогонувани. Сепак, ние не се откажуваме. Со целосна доверба во Јехова, одлучни сме да останеме будни и храбро да продолжиме напред, објавувајќи ја добрата вест без престан (Дела 5:42).
Оваа цврста решеност беше очигледна на специјалните состаноци што се одржаа во октомври 2001. Во сабота, на 6 октомври, годишниот состанок на Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania се одржа во Собирната сала на Јеховините сведоци во Џерси Сити (Њу Џерси, Соединетите Држави). * Следниот ден беа одржани дополнителни состаноци на четири локации, три во Соединетите Држави и една во Канада. *
Во своите уводни коментари на годишниот состанок, претседавачот Семјуел Ф. Херд, член на Водечкото тело, се осврна на Псалм 92:1, 4 и потоа рече: „Ние сакаме да се покажеме благодарни“. Навистина, причините за благодарноста беа изнесени во пет извештаи од целиот свет.
Извештаи од секаде
Брат Алфред Кваки даде извештај за напредокот на проповедничкото дело во Гана, порано позната како Златниот Брег. Нашето дело во оваа земја неколку години беше забрането. Луѓето прашуваа: „Зошто
е забраната? Што сте сториле?“ Ова отвораше прилики да се даде сведоштво, објасни брат Кваки. Во 1991, кога забраната беше укината, во Гана имаше 34.421 Сведок на Јехова. Во август 2001 имаше вкупно 68.152 — 98-процентен пораст. Во тек се плановите за изградба на Собирна сала со 10.000 седишта. Јасно, нашите духовни браќа во Гана максимално ја користат својата религиозна слобода.И покрај политичките немири, нашите браќа во Ирска активно учествуваат во службата, и се почитувани заради нивниот неутрален став. Во Ирска има 115 собранија во 6 покраини, рече Питер Ендрју, координатор на Одборот на подружницата. Брат Ендрју кажа искуство за Лијам, десетгодишно момче, кое бестрашно сведочи на училиште. Лијам им ја дал Моја книга со библиски приказни, издадена од Јеховини сведоци, на 25 соученици, како и на својата наставничка. Лијам сакал да се крсти, но некој го прашал да не е премногу мал. Тој одговорил: „Решавачки фактор не треба да биде мојата возраст, туку мојата љубов кон Јехова. Со моето крштавање ќе покажам колку го сакам“. Лијам има цел да стане мисионер.
Во 1968 во Венецуела имало 5.400 објавители на добрата вест. Но, сега ги има повеќе од 88.000, забележа Стефан Јохансон, координатор на Одборот на подружницата. А постои потенцијал и за понатамошен пораст, бидејќи на Меморијалот во 2001 присуствуваа повеќе од 296.000 луѓе. Во декември 1999, поројни дождови предизвикаа наноси од кал, при што загинаа 50.000 луѓе, меѓу кои и неколку Сведоци. Една Сала на Царството била полна со кал дури до половина метар од таванот. Кога некој предложил да се напушти зградата, браќата одговориле: „Нема шанси! Ова е наша Сала на Царството, и не сакаме сега да ја напуштаме“. Се фатиле за работа, отстранувајќи ги калта, камењата и другиот шут, кои ги имало со тони. Зградата била реновирана, и браќата велат дека сега е поубава од пред да се случи катастрофата!
На Филипините се зборуваат 87 јазици и дијалекти, рече брат Дентон Хопкинс, координатор на Одборот на подружницата. Минатата службена година беше објавен комплетниот Превод Нов свет на Светото писмо на трите главни јазици во земјата — илоко, тагалог и цебуано. Брат Хопкинс раскажа искуство за едно деветгодишно
момче кое ја прочитало книгата Good News—To Make You Happy (Добра вест која усреќува), издадена од Јеховини сведоци. Набавило и други публикации од подружницата, кои исто така ги прочитало, но семејството му се противело. Неколку години подоцна, кога се запишал на медицинско училиште, стапил во контакт со подружницата и побарал библиска студија. Се крстил во 1996 и наскоро стапил во полновремена служба. Денес со својата сопруга служи во канцеларијата на подружницата.‚Бизнисот на Порторико е „извоз на Сведоци“‘, објасни Роналд Паркин, координатор на Одборот на подружницата. На островот има околу 25.000 објавители, и бројот со години останува ист. Зошто? Па, се проценува дека Порторико „извезува“ по околу 1.000 објавители годишно во Соединетите Држави, од кои многумина се преселуваат од економски причини. Брат Паркин кажа за една значајна судска одлука во врска со Луис, 17-годишен Сведок што имал леукемија. Затоа што Луис одбил крв, неговиот случај бил даден на суд. Судиката сакала да разговара директно со него, па затоа го посетила во болницата. Луис ја прашал: „Зошто, кога би извршил сериозно злосторство, би ме суделе како возрасен, но кога сакам да му бидам послушен на Бог, ме третирате како малолетник?“ Судиката се уверила дека тој бил зрел малолетник и дека бил во состојба самиот да одлучува за себе.
После извештаите од некои далечни земји, Харолд Коркерн од Одборот на подружницата на САД, интервјуираше четири долгогодишни слуги на Јехова. Артур Боно поминал 51 година во полновремена служба и сега служи во Одборот на подружницата на Еквадор. Анџело Катанзаро поминал 59 години во полновремена служба, и тоа повеќето од нив како патувачки надгледник. Ричард Абрахамсон дипломирал на Гилеад во 1953, и бил привилегиран 26 години да го надгледува делото во Данска пред да се врати во бруклинскиот Бетел. На крајот, сите беа восхитени кога го чуја 96-годишниот Кери В. Барбер. Брат Барбер е крстен во 1921 и поминал 78 години во полновремена служба, а член на Водечкото тело е од 1978.
Возбудливи предавања
На годишниот состанок имаше низа предавања кои поттикнуваат на размислување. Брат Роберт В. Вален зборуваше на темата „Народ за своето име“. Ние сме народ на Божјето име, и нѐ има во повеќе од 230 земји. Јехова ни дал „иднина и надеж“ (Еремија 29:11). Мораме да продолжиме да го унапредуваме Божјето Царство, споделувајќи ја прекрасната порака на утеха и олеснување (Исаија 61:1). „Од ден на ден“, заклучи брат Вален, „да продолжиме да живееме според името со кое сме наречени, Јеховини сведоци“ (Исаија 43:10).
Последниот дел од програмата беше циклус што го изнесоа три члена на Водечкото тело. Носеше наслов „Сега е време да останеме будни, да стоиме цврсто и да бидеме јаки“ (1. Коринќаните 16:13).
Прво, брат Стивен Лет зборуваше на темата „Остани буден во овој доцен час“. Физичкиот сон е дар, објасни брат Лет. Тој ни дава енергија. Меѓутоа, духовниот сон никогаш не е добар (1. Солуњаните 5:6). Тогаш, како можеме да останеме духовно будни? Брат Лет истакна три духовни „таблети“: 1) Да се биде обилно вработен во делото Господово (1. Коринќаните 15:58). 2) Да се биде свесен за своите духовни потреби (Матеј 5:3). 3) Да се биде приемлив за советот темелен на Библијата за да се постапува мудро (Пословици 13:20).
Брат Теодор Џерес изнесе еден возбудлив говор со наслов „Остани цврст под испитување“. Осврнувајќи се на Откровение 3:10, брат Џерес праша: „Што е ‚часот на испитувањето‘?“ Испитувањето доаѓа „во Господовиот ден“, во кој се наоѓаме (Откровение 1:10). Испитувањето се врти околу клучното спорно прашање — дали сме за Божјето воспоставено Царство или за Сатановиот зол систем на работи? Сѐ додека не заврши тој час на испитување, сигурно ќе се соочуваме со искушенија или тешкотии. Дали ќе им останеме лојални на Јехова и на неговата организација? ‚Ние ќе мораме да покажеме таква лојалност како поединци‘, забележа брат Џерес.
На крајот, брат Џон Е. Бар зборуваше на темата „Биди јак како духовна личност“. Осврнувајќи се на Лука 13:23—25, тој забележа дека мораме да се напрегаме да ‚влеземе низ тесната врата‘. Многумина пропуштаат затоа што не се трудат доволно да бидат јаки. За да станеме потполно возрасни христијани, мораме да научиме да ги применуваме библиските начела во сите аспекти од животот. Брат Бар поттикна: „Сигурен сум дека ќе се сложите дека сега е време 1) да го држиме пред сѐ друго Јехова; 2) да бидеме јаки и 3) да се напрегаме во вршењето на Јеховината волја. На овој начин ќе можеме да влеземе низ тесната врата што води во прекрасен живот без крај“.
При крајот на годишниот состанок, беше поставено едно прашање на кое не беше даден одговор: Кој е годишниот стих за 2002 службена година? На тоа прашање беше одговорено следниот ден.
Дополнителен состанок
Во недела претпладне имаше високи очекувања кога започна програмата на дополнителниот состанок. Таа започна со резиме на лекцијата од Стражарска кула за таа седмица, после што имаше кратка презентација на некои врвни точки од годишниот состанок. Потоа, сите беа возбудени кога го чуја говорот во врска со годишниот стих за 2002: „Дојдете кај мене . . . и јас ќе ве освежам“ (Матеј 11:28). Говорот се темелеше на студиските статии издадени подоцна, во изданието на Стражарска кула од 15 декември 2001.
Потоа, некои што биле делегати на специјалните конгреси „Учители на Божјата реч“ во Франција и Италија, во август 2001, ги споделија своите впечатоци. * На крајот, како врвни точки на програмата за тој ден, двата последни говора беа изнесени од гостувачки говорници од бруклинскиот Бетел.
Првиот носеше наслов „Храбро да имаме доверба во Јехова во текот на овие критични времиња“. Говорникот ги разработи следниве главни точки: 1) Храбро да имаме доверба во Јехова отсекогаш било многу важно за Божјиот народ. Библијата содржи многу примери за луѓе што покажувале храброст и вера наспроти противење (Евреите 11:1—12:3). 2) Јехова обезбедува цврста основа за да имаме безрезервна доверба во него. Неговите дела и неговата Реч гарантираат дека тој се грижи за своите слуги и дека нема никогаш да ги заборави (Евреите 6:10). 3) Храброст и доверба се особено потребни денес. Ние сме „предмет на омраза“, како што претскажал Исус (Матеј 24:9). За да истраеме, треба да се потпираме на Божјата реч, да имаме доверба дека неговиот дух е со нас и да бидеме храбри за да продолжиме да ја објавуваме добрата вест. 4) Примерите покажуваат дека токму сега се соочуваме со противење. Сите беа длабоко трогнати кога говорникот раскажа што сѐ поднеле нашите браќа во Грузија, Ерменија, Казахстан, Русија, Туркменистан и во Франција. Навистина, сега е време да покажеме храброст и доверба во Јехова!
Последниот говорник ја разработи темата „Да одиме напред обединето со Јеховината организација“. Говорот опфати неколку навремени точки. 1) Напредното движење на Јеховиниот народ нашироко се забележува. Нашето дело на проповедање и нашите конгреси го привлекуваат вниманието Ефешаните 1:8—10). 3) Конгресите се извонреден показател на меѓународното единство. Ова беше јасно видливо на специјалните конгреси што се одржаа во Франција и во Италија минатиот август. 4) Во Франција и во Италија беше усвоена една возбудлива резолуција. Говорникот сподели неколку извадоци од таа возбудлива резолуција. Целиот текст на резолуцијата се наоѓа подолу.
на јавноста. 2) Јехова основал организација која е обединета. Во 29 н.е. Исус бил помазан со свет дух со цел да доведе „сѐ“ — оние со небесен изглед, како и оние со земна надеж — во Божјето обединето семејство (На крајот од последниот говор, гостувачкиот говорник прочита едно трогателно известување подготвено од Водечкото тело. Во него делумно стоеше: „Сега е време да останеме будни и да продолжиме да бдееме, проникнувајќи како се развиваат настаните на светската сцена . . . Ние сакаме да ви ја пренесеме љубезната грижа што Водечкото тело ја има за вас и за останатиот Божји народ. Нека тој богато ве благослови додека со цела душа ја вршите неговата волја“. Јеховиниот народ насекаде е решен да остане буден во овие критични времиња и храбро да продолжи да оди напред со Јеховината обединета организација.
[Фусноти]
^ пас. 5 На програмата на годишниот состанок беа електронски поврзани неколку локации, при што вкупно беа присутни 13.757 лица.
^ пас. 5 Дополнителните состаноци се одржаа во Лонг Бич (Калифорнија), Понтијак (Мичиген), Јуниондејл (Њујорк) и Хамилтон (Онтарио). Вкупниот број присутни, вклучувајќи ги и оние што беа електронски поврзани на други локации, изнесуваше 117.885 лица.
^ пас. 23 Три специјални конгреси се одржаа во Франција — во Париз, Бордо и Лион. Во Италија, делегатите од Соединетите Држави беа доделени во Рим и Милано, иако истовремено се одржаа вкупно девет конгреси.
[Рамка/слики на страници 29-31]
Резолуција
Во август 2001, во Франција и во Италија беа одржани специјални конгреси „Учители на Божјата реч“. На тие конгреси беше изнесена една возбудлива резолуција. Следи текстот на таа резолуција.
„КАКО Јеховини сведоци, сите ние собрани на овој конгрес ‚Учители на Божјата реч‘ сме поучени со учење кое е од многу голема корист. Изворот на ова учење е јасно идентификуван. Учењето нема човечко потекло. Тоа доаѓа од Оној кого древниот пророк Исаија го опишал како нашиот ‚Величествен Поучувач‘ (Исаија 30:20, NW). Забележи го потсетувањето од Јехова што е наведено во Исаија 48:17: ‚Јас Господ, твојот Бог, те учам за твое добро, те водам по патот по кој треба да одиш‘. Како го постигнува тој ова? Првенствениот начин е преку Библијата, книга која е најпреведувана и има најголем тираж во светот, во која со недвосмислени зборови се вели: ‚Целото Писмо е инспирирано од Бог и корисно‘ (2. Тимотеј 3:16).
Денес човештвото има очајна потреба од такво корисно поучување. Зошто може да се каже ова? Земајќи ја предвид променливата, збунувачка сцена на овој свет, што признаваат луѓето кои размислуваат? Токму ова: Иако милиони се поучени од светските образовни системи, постои жалосен недостиг на вистински вредности, како и неуспех да се разликува исправното од погрешното (Исаија 5:20, 21). Изобилува неписменост во врска со Библијата. Иако технологијата овозможува пристап до премногу информации преку компјутерите, каде се одговорите на суштествените прашања, како што се: Која е смислата на животот? Како да ги разбереме настаните од нашево време? Постои ли цврста надеж за иднината? Дали мирот и безбедноста некогаш ќе станат реалност? Освен тоа, на полиците во библиотеките се наоѓаат референтни дела со милиони страници што го опфаќаат речиси секое поле од човечките настојувања. Сепак, човештвото ги повторува грешките од минатото. Криминалот брзо се зголемува. Повторно се појавуваат болести за кои некогаш се мислело дека се искоренети, додека други, како што е СИДА-та, алармантно се шират. Семејниот живот се распаѓа со збунувачка стапка. Загадувањето ја уништува природната средина. Тероризмот и оружјето за масовно истребување им се закануваат на мирот и сигурноста. Се трупаат проблеми без решенија. Која е нашата исправна улога во помагањето на ближните во овие критични времиња? Постои ли учење кое ја објаснува причината за тешката ситуација на човештвото и кое не само што го покажува патот за подобар живот сега туку нуди и сигурна надеж за иднината?
Нашиот библиски налог е да ‚одиме и да правиме ученици од луѓето од сите нации, учејќи ги да држат сѐ што Христос заповедал‘ (Матеј 28:19, 20). Овој налог го дал Исус Христос по својата смрт и воскресение, кога ја добил сета власт на небото и на Земјата. Тој налог ги надминува сите активности што ги унапредуваат луѓето. Од Божја гледна точка, нашиот налог, кој се сосредоточува на духовните потреби на оние што гладуваат за праведност, зазема прво место. Ние имаме цврсти библиски причини сериозно да го сфатиме тој налог.
Ова бара да ја задржиме таа активност на прво место во својот живот. Со Божји благослов и помош, делото ќе се изврши, и покрај многуте влијанија што го одвраќаат вниманието, препреките и противничките сили од религиозните и политичките елементи, кои се наменети да го спречат напредокот на оваа програма на глобално поучување. Сигурни сме и имаме вера дека ова дело ќе продолжи да напредува и дека ќе има величествена завршница. Зошто можеме да бидеме толку сигурни? Поради тоа што Господ Исус Христос ветил дека тој ќе биде со нас во службата што ни ја дал Бог сѐ до завршетокот на овој систем на работи.
Доцен е часот за вознемиреното човештво. Нашиот сегашен налог мораме да го исполниме пред да дојде конечниот крај. Затоа ние, како Јеховини сведоци, сме решени:
Прво: Како предадени министри, одлучни сме да ги задржиме интересите на Царството на прво место во својот живот и да продолжиме духовно да растеме. За таа цел, нашата молитва е во склад со зборовите од Псалм 143:10: ‚Научи ме да ја исполнувам Твојата волја, зашто Ти си мој Бог‘. Ова од нас бара да бидеме добри студенти, настојувајќи да ја читаме Библијата секој ден, да се ангажираме во лична студија и во истражување. За нашиот напредок да им биде видлив на сите, ќе вложуваме секаков разумен напор да се подготвуваме и да извлекуваме целосна корист од теократското образование што се обезбедува на собраниските состаноци, на собирите во покраината и на обласните, народните и меѓународните конгреси (1. Тимотеј 4:15; Евреите 10:23—25).
Второ: За да бидеме поучени од Бог, се храниме исклучително на неговата трпеза и грижливо внимаваме на библиското предупредување во врска со измамничките учења на демоните (1. Коринќаните 10:21; 1. Тимотеј 4:1). Ќе преземеме посебни мерки на претпазливост да избегнуваме штетни елементи, вклучувајќи ги религиозните лаги, залудни резонирања, срамните сексуални перверзии, чумата на порнографијата, понижувачката забава и сѐ што не е ‚во склад со здравото учење‘ (Римјаните 1:26, 27; 1. Коринќаните 3:20; 1. Тимотеј 6:3; 2. Тимотеј 1:13). Од обѕир кон ‚даровите во облик на луѓе‘, кои се квалификувани да поучуваат за она што е здраво, вистински ќе ги почитуваме нивните напори и со цело срце ќе соработуваме со нив во поддржувањето на чистите и праведни морални и духовни мерила на Божјата реч (Ефешаните 4:7, 8, 11, 12; 1. Солуњаните 5:12, 13; Тит 1:9).
Трето: Како христијански родители, со цело срце настојуваме да ги поучиме своите деца не само со збор туку и со пример. Наша првенствена грижа е да им помогнеме уште од периодот на нивното доење да ‚ги научат светите списи за да станат мудри за спасение‘ (2. Тимотеј 3:15). Тесно ќе задржиме на ум дека тоа што ги воспитуваме во дисциплина и во Јеховино умствено насочување ќе им ја даде најдобрата прилика да го доживеат божественото ветување дека ‚ќе им биде добро и ќе останат долго на земјата‘ (Ефешаните 6:1—4).
Четврто: Кога ќе се соочиме со тегобни грижи или со сериозни проблеми, пред сѐ, ќе му ги ‚објавуваме своите молби на Бог‘, уверени дека ќе нѐ чува ‚мирот Божји, кој ја надминува секоја човечка мисла‘ (Филипјаните 4:6, 7). Со тоа што сме дошле под Христовиот јарем, ќе најдеме освежување. Знаејќи дека Бог се грижи за нас, нема да се колебаме да ги фрлиме нашите грижи на него (Матеј 11:28—30; 1. Петрово 5:6, 7).
Петто: Како израз на нашата благодарност кон Јехова заради предноста да бидеме учители на неговата Реч, ќе ги обновиме своите напори ‚исправно да ракуваме со речта на вистината‘ и ‚потполно да ја извршиме својата служба‘ (2. Тимотеј 2:15; 4:5). Затоа што сме длабоко свесни што сѐ е вклучено, наша искрена желба е да ги бараме достојните и да го негуваме посеаното семе. Освен тоа, ќе го збогатиме нашето учење со тоа што делотворно ќе водиме повеќе домашни библиски студии. Ова уште повеќе ќе нѐ доведе во склад со Божјата волја — ‚сите видови луѓе да се спасат и да дојдат до точно спознание на вистината‘ (1. Тимотеј 2:3, 4).
Шесто: Во минатиот и во овој век, Јеховините сведоци во многу земји доживеале различни облици на противење и прогонство. Но, Јехова докажал дека е со нас (Римјаните 8:31). Неговата непогрешлива Реч нѐ уверува дека не ќе успее никакво ‚оружје исковано против нас‘ за да го спречи, да го успори или да го запре нашето дело на проповедање и поучување (Исаија 54:17). Сеедно дали во поволно или во тешко време, ние не можеме да престанеме да ја зборуваме вистината. Ние сме решени итно да го исполнуваме нашиот налог да проповедаме и да поучуваме (2. Тимотеј 4:1, 2). Нашата цел е колку што можеме поцелосно да ја споделуваме добрата вест за Божјето Царство со луѓето од сите нации. На тој начин и понатаму тие ќе имаат прилика да учат за подготовката да стекнат вечен живот во праведниот нов свет. Како обединето мноштво учители на Божјата реч, одлучни сме да продолжиме да го следиме примерот на Големиот Учител, Исус Христос, и да ги одразуваме неговите побожни особини. Сето ова ќе го правиме на чест и фалба на нашиот Величествен Поучувач и Животодавец, Јехова Бог.
Сите присутни на овој конгрес, кои се за усвојување на оваа резолуција, ги молиме да речат „ДА!“
Кога на 160.000 лица собрани на трите конгреси во Франција и на 289.000 на девет локации во Италија им беше поставено последното прашање од резолуцијата, беше одговорено со едно громогласно „да“ на многуте јазици кои делегатите ги претставуваа.