„Најдов сѐ што ми требаше“
„Најдов сѐ што ми требаше“
СПОРЕД еден извештај на Светската здравствена организација, се проценува дека моментално 120 милиони луѓе во светот се погодени од депресија. Секоја година еден милион луѓе извршуваат самоубиство, а помеѓу 10 и 20 милиони се обидуваат да му стават крај на својот живот. Каква помош има за оние што страдаат од депресија? Медицинското лекување можеби ќе го ублажи страдањето, а емоционалната поддршка е многу важна. Освен тоа, некои што доживуваат такви чувства нашле дополнителна помош во практичните библиски публикации на Јеховините сведоци, како што покажува и следново писмо од Франција.
„Не така одамна, не можев да најдам причина зошто би продолжила да живеам. Му се молев на Бог да ме остави да умрам. Како да бев мртва однатре. Барајќи водство, горливо му се молев на Јехова. Исто така, решив да го прочитам Годишникот на Јеховините сведоци за 2002 и го завршив за три дена. Морам да кажам дека многу ме охрабри и ми ја зајакна верата.
Истражував малку низ списанијата Стражарска кула и Разбудете се!, и колку само се изненадив! Редовно ги читам овие списанија веќе повеќе од 15 години, но никогаш не сфатив колку охрабрувачки и поттикнувачки беа статиите. Тие се полни со љубов — особина што е толку ретка денес. Најдов сѐ што ми требаше.“
Библијата вели: „Господ е близу до оние што се со скрушени [скршени, NW] срца, и ги спасува оние што се со покајнички [здробен, NW] дух“ (Псалм 34:18). Без сомнение, сите што се со ‚скршени срца‘ или со ‚здробен дух‘ можат да најдат охрабрување и надеж за иднината во Библијата. Јеховините сведоци дистрибуираат библиски темелена литература со цел да им помогнат на оние на кои им е потребна помош за да извлечат корист од тој извор на утеха инспириран од Бог.