Како некои добиле одговори
Како некои добиле одговори
МИЛИОНИ луѓе се молат. Некои се уверени дека нивните молитви се одговорени. Други се прашуваат дали нивните молитви воопшто се слушнати. Трети, пак, бараат одговори, но не помислиле да му ги изнесат своите барања на Бог во молитва.
Библијата го идентификува вистинскиот Бог како „Слушач на молитвата“ (Псалм 65:2, NW). Ако се молиш, сигурен ли си дека твоите молитви му се упатени на вистинскиот Бог? Дали твоите молитви се молитви на кои тој ќе одговори?
За многу луѓе од сите делови на светот се покажало дека одговорот е да! Како тие добиле одговори? Што научиле?
Бог — кој е тој?
Една учителка од Португалија што била образована од калуѓерки и свештеници, искрено ја практикувала својата вера. Кога црквата ги променила и ги напуштила практиките за кои што таа била поучена дека се важни, останала збунета. Патувајќи, се запознала со источните начини на обожавање и почнала да се прашува дали има само еден вистински Бог. Како требало да обожава? Кога го прашала својот свештеник за некои работи од Библијата, нејзините прашања биле игнорирани и се разочарала.
Католичката црква пуштила низ градот на оваа учителка еден леток со кој ги предупредувала парохијаните да не разговараат со Јеховините сведоци. Но нејзините прашања и понатаму останале неодговорени. Еден ден, кога Сведоците дошле на нејзината врата, таа слушала и покажала интерес за она што го чула. Тоа било првпат да разговара со нив.
За да добие одговори на многуте прашања што ги имала, оваа жена почнала да ја проучува Библијата со Сведоците. Секоја седмица имала долг список со прашања за нив. Сакала да го знае Божјето име, дали има само еден вистински Бог, дали тој го одобрува користењето ликови во обожавањето и уште многу други работи. Забележала дека сите одговори што ги добила биле од Библијата, а не лични мислења, па така, била изненадена и одушевена од она што го учела. Постепено, добила одговори на многуте нејзини прашања. Денес, Јован 4:23).
таа го обожава Јехова со дух и вистина, како што Исус Христос рекол дека „вистинските обожаватели“ ќе обожаваат (Во Шри Ланка, едно семејство редовно ја читало Библијата заедно, но не добивале одговори на многу прашања што им биле важни. Иако им била потребна помош, нивниот свештеник не можел да им ја даде. Меѓутоа, Јеховините сведоци го посетиле семејството и му оставиле корисна библиска литература. Подоцна, кога Јеховините сведоци му дале на семејството задоволителни одговори на библиските прашања, семејството се согласило да ја проучува Библијата. Она што го учеле на студијата многу ги заинтересирало.
Сепак, поуката што како дете ја добила в црква ја спречувала сопругата да види дека Таткото на Исус Христос е „единствениот вистински Бог“, како што и самиот Исус рекол (Јован 17:1, 3). Таа била поучена дека Исус е еднаков со Таткото и дека оваа „мистерија“ не треба да се доведе во прашање. Искрено и во очај, му се молела на Јехова, користејќи го неговото име, и го замолила да ѝ покаже кој е Исус. Потоа, уште еднаш внимателно ги испитала стиховите што се поврзани со тоа (Јован 14:28; 17:21; 1. Коринќаните 8:5, 6). Како да ѝ се симнал превез од очите, сега јасно видела дека Јехова — Творецот на небото и на земјата и Таткото на Исус — е вистинскиот Бог (Исаија 42:8; Еремија 10:10—12).
Страдање — зошто?
Јов страдал до краен степен. Сите негови деца биле убиени во бура, а тој паднал во сиромаштија. Исто така страдал од тешка болест и претрпел притисок од лажни пријатели. Во сета таа збрка, Јов кажал некои брзоплети изјави (Јов 6:3). Но Бог ги зел предвид околностите (Јов 35:15). Знаел што има во срцето на Јов и му го дал советот што му бил потребен. Тој го прави тоа и за луѓето денес.
Во Мозамбик, Кастро имал само десет години кога починала мајка му. Бил скршен. „Зошто мораше да умре и да нѐ остави?“, прашувал тој. Иако бил воспитан од богобојазливи родители, сега ништо немало смисла за него. Што можело да му ја ублажи болката во мислите и во срцето? Нашол утеха од читањето на една мала Библија на јазикот чичева и од дискусиите за неа со своите постари браќа.
Постепено, Кастро сфатил дека мајка му не умрела затоа што Бог е неправеден туку поради наследената несовршеност (Римјаните 5:12; 6:23). Ветувањето на Библијата за воскресение му ја дало најголемата утеха зашто во него видел темел за доверба дека повторно ќе ја види мајка си (Јован 5:28, 29; Дела 24:15). За жал, само четири години подоцна, починал татко му. Но, овојпат Кастро можел подобро да се справи со загубата. Денес, тој го сака Јехова и лојално го користи својот живот во службата за Бог. Радоста што ја нашол им е очигледна на сите што го познаваат.
Многу луѓе што изгубиле сакани нашле утеха во истите библиски вистини што му донеле утеха на Кастро. Некои што доживеале големи тешкотии поради постапките на злобните луѓе прашуваат, како што прашувал и Јов: „Зошто нечесните остануваат во живот?“ (Јов 21:7). Кога луѓето навистина слушаат што вели Бог како одговор преку својата Реч, тие сфаќаат дека начинот на кој Бог се справува со работите е всушност за нивно добро (2. Петрово 3:9).
Барбара, која израснала во Соединетите Држави, лично не ги доживеала ужасите на војната. Но, растела во свет на војни. Извештаите за воените ѕверства биле секојдневни вести. Како ученик, ја збунувале историските настани што се одвивале на навидум непредвидливи начини. Што придонело за тоа? Дали Бог се грижел за она што се случувало? Таа верувала дека Бог постои, но имала испомешани чувства за него.
Меѓутоа, гледиштето на Барбара за животот постепено се менувало како резултат на дружењето со Јеховините сведоци. Таа ги слушала и ја проучувала
Библијата со нив. Присуствувала на состаноците во Салата на Царството. Дури присуствувала и на еден од нивните големи конгреси. Освен тоа, кога ќе поставела прашања, можела да види дека не добивала различни мислења од различни Сведоци. Напротив, Сведоците зборувале во согласност затоа што нивното размислување се темелело на Библијата.Сведоците укажале на доказите од Библијата дека светот е под влијание на Сатана Ѓаволот, неговиот владетел, и дека го одразува неговиот дух (Јован 14:30; 2. Коринќаните 4:4; Ефешаните 2:1—3; 1. Јованово 5:19). Тие објасниле дека настаните што ја збунувале Барбара биле проречени во Библијата (Даниел, поглавја 2, 7 и 8). Бог ги прорекол зашто има способност да гледа во иднината кога ќе избере да го направи тоа. Некои од тие настани ги предизвикал Бог. Други, пак, едноставно допуштил да се случат. Сведоците ѝ покажале на Барбара дека Библијата исто така прорекува добри и лоши настани за нашево време и дека го објаснува нивното значење (Матеј 24:3—14). Ѝ ги покажале ветувањата на Библијата за еден нов свет во кој ќе преовладува правдата и во кој страдањето ќе биде само минато (2. Петрово 3:13; Откровение 21:3, 4).
Постепено, Барбара почнала да сфаќа дека иако Јехова Бог не е одговорен за човечкото страдање, тој не го спречува присилувајќи ги луѓето да бидат послушни на неговите заповеди кога тие избираат да го прават спротивното (Второзаконие 30:19, 20). Бог направил подготовки со кои можеме засекогаш да живееме среќно, но сега ни дава прилика да покажеме дали ќе живееме во склад со неговите праведни патишта (Откровение 14:6, 7). Барбара решила да ги научи Божјите барања и да живее според нив. Исто така, меѓу Јеховините сведоци ја нашла љубовта што Исус рекол дека ќе ги идентификува неговите вистински следбеници (Јован 13:34, 35).
И ти можеш да извлечеш корист од подготовките што ѝ помогнале нејзе.
Живот што има смисла
Дури и оние на кои изгледа дека животот им оди добро можеби бараат одговори на некои прашања што ги збунуваат. На пример, Метју, млад човек од Британија, отсекогаш чувствувал длабок копнеж да го пронајде вистинскиот Бог и смислата на животот. Кога Метју имал 17 години, починал татко му. Потоа, Метју стекнал универзитетска диплома по музика. Тогаш почнал да станува сѐ посвесен за ништожноста на својот материјалистички начин на живот. Си заминал од дома за да живее во Лондон и таму се вплеткал во живот со дрога, ноќни клубови, астрологија, спиритизам, зен будизам и други филозофии — и сето тоа во потрага по задоволувачки начин на живот. Во очај извикал кон Бог да му помогне да ја најде вистината.
Два дена подоцна Метју се сретнал со еден стар пријател и му ја објаснил својата мака. Овој човек проучувал со Јеховините сведоци. Кога му биле покажани стиховите од 2. Тимотеј 3:1—5, Метју бил зачуден колку точно Библијата го опишува светот околу нас. Кога ја прочитал Проповедта на гората, бил трогнат (Матеј, поглавја 5—7). Прво се двоумел зашто имал прочитано некој материјал што ги критикувал Јеховините сведоци, но на крај решил да присуствува на состаноците во Салата на Царството во близина.
Метју уживал во она што го чул и почнал да ја проучува Библијата со еден од собраниските старешини. Набрзо сфатил дека она што го учел било токму она што го барал, одговорот на неговата претходна молитва на Бог. Како што ги напуштал практиките што не му се угодни на Јехова, доживувал користи. Затоа што негувал здрав страв од Бог, бил поттикнат да го доведе својот живот во склад со Божјите заповеди. Метју сфатил дека таквиот живот има вистинска смисла (Проповедник 12:13).
Не било предодредено Метју или другите лица спомнати во оваа статија да најдат задоволувачки начин на живот. Сепак, тие научиле дека Јехова Бог има љубезна намера Дела 10:34, 35). Таа намера вклучува вечен живот во свет без војни, во кој ќе нема болест и глад — дури ни смрт (Исаија 2:4; 25:6—8; 33:24; Јован 3:16). Дали е тоа она што го сакаш и ти? Ако да, можеш да научиш повеќе за тоа како да се најде клучот за задоволувачки живот така што ќе присуствуваш на библиски темелените состаноци во некоја Сала на Царството на Јеховините сведоци. Срдечно си поканет да го направиш тоа.
што ги вклучува сите што спремно избираат да ги слушаат неговите заповеди ([Слика на страница 7]
Искрено моли му се на Бог користејќи го неговото лично име
[Слика на страница 7]
Проучувај ја Библијата со оние што навистина поучуваат што содржи таа
[Слики на страница 7]
Присуствувај на состаноците во Салата на Царството
[Извор на слика на страница 4]
Планинар: Chad Ehlers/Index Stock Photography