Само обичај или поткупување?
Само обичај или поткупување?
НА НЕКОИ факултети во Полска, студентите обично собираат пари за да им купат подароци на професорите со надеж дека ќе добијат подобри оценки на испитите. Затоа не е ни чудно што една млада христијанка што се вика Катаржина се соочила со една тешка ситуација. „Да дадам пари или да не дадам?“ се прашувала. Нејзините колеги размислувале: „Тоа е вообичаена работа. Не ризикуваш ништо а можеш да добиеш многу, тогаш зошто се мислиш?“
„Морам да признаам дека во прва година на факултет учествував во собирањето пари“, вели Катаржина. „Дури подоцна сфатив дека на тој начин го поддржував поткупувањето, што во Библијата е осудено.“ Се сетила на стиховите што покажуваат дека Јехова во никој случај не го одобрува поткупувањето (Второзаконие 10:17; 16:19; 2. Летописи 19:7). Катаржина вели: „Сфатив колку е лесно да попуштиш под притисок од врсниците. Размислив за тоа и оттогаш никогаш повеќе не учествував во тој обичај“. Во изминатите три години, и покрај тоа што другите студенти ѝ се потсмевале, таа можела да им објасни на неколкумина од нив дека не сака да учествува во таквото собирање „подароци“ поради нејзините уверувања темелени на Библијата.
Некои ја обвиниле Катержина дека е себична и недруштвена. „Сѐ уште не се согласувам баш најдобро со некои од нив“ вели таа. „Од друга страна, пак, многумина од нив го почитуваат моето гледиште, што многу ме радува.“ Катаржина станала позната како Јеховин сведок што се држи за библиските начела во својот секојдневен живот.