Да се најдат луѓето на нивното работно место
Објавителите на Царството известуваат
Да се најдат луѓето на нивното работно место
ШТО имаат заедничко апостолите Матеј, Петар, Андреј, Јаков и Јован? Сите нив Исус ги повикал додека биле на своето работно место. Петар, Андреј, Јаков и Јован биле зафатени со нивниот рибарски занает кога Исус ги повикал, велејќи им: „Елате по мене“. Матеј бил во даночната канцеларија кога бил повикан да стане Исусов ученик (Матеј 4:18—21; 9:9).
Може да биде корисно да им се сведочи на луѓето на нивното работно место. Сфаќајќи го ова, Јеховините сведоци во Јапонија неодамна вложија здружени напори да се вклучат во оваа гранка на службата. Какви беа резултатите? За неколку месеци, беа направени илјадници повторни посети и беа започнати околу 250 библиски студии. Разгледај ги следниве искуства.
Еден полновремен министер од Токио сретнал еден управник на ресторан кој имал разговарано со еден Сведок пред 30-ина години, кога бил ученик. Иако овој управник не разбрал многу од она што му било кажано тогаш, сепак се заинтересирал за Библијата. Сега, кога неговиот интерес повторно бил поттикнат, спремно прифатил библиска студија со книгата Спознание кое води до вечен живот. * Освен тоа, почнал и лична програма на читање на Библијата секоја вечер пред да си легне.
Една сестра што е специјален пионер посетила една канцеларија. Иако директорот не бил достапен, младата жена што одговорила од телефонот на директорот прашала: „Сакате ли да разговарате со мене?“ По еден краток разговор преку телефон, жената излегла од канцеларијата и рекла дека таа е заинтересирана да ја чита Библијата. Сестрата договорила да дојде пак и да ѝ донесе Библија и започнала библиска студија со неа што ја одржувале во блискиот парк рано наутро пред работното време.
Во една друга канцеларија, еден човек видел дека некоја колешка зела списанија Стражарска кула и Разбудете се! и дека ги фрлила веднаш штом Сведокот си заминал. Кога си дошол дома, ѝ кажал што се случило на својата сопруга, која е Сведок, и рекол дека кога нему би му биле понудени списанија барем би ислушал што имаат да кажат. Неговата ќерка, која начула што рекол, му го раскажала тоа на еден друг Сведок кој го работел тоа деловно подрачје. Сведокот веднаш го посетил овој сопруг во канцеларијата и започнал библиска студија со него. Човекот наскоро почнал редовно да присуствува на состаноците во недела.
Тоа што им се сведочи на луѓето на нивното работно место донесува и други користи. Многу објавители во Јапонија станале вешти во правењето повторни посети на подрачја каде што има продавници, фабрики и канцеларии. Освен тоа, преку овој начин на сведочење, се стапило во контакт со мнозина неактивни и биле започнати студии со нив. Резултатите се извонредни. Едно собрание во централниот дел на Токио неодамна извести 108 домашни библиски студии, преку двапати повеќе од бројот што бил известен минатата година.
[Фуснота]
^ пас. 5 Издадена од Јеховините сведоци.