Јехова им ја открива својата слава на понизните
Јехова им ја открива својата слава на понизните
„Наградата за понизност е: страв од Господа, богатство, слава и живот“ (ПОСЛОВИЦИ 22:4).
1, 2. а) На кој начин книгата Дела покажува дека Стефан бил „човек полн со вера и свет дух“? б) Каков доказ имаме дека Стефан бил понизен?
СТЕФАН бил „човек полн со вера и свет дух“. Исто така, тој бил „полн со благодат и сила“. Како еден од раните ученици на Исус, тој правел големи знаци и предзнаци меѓу народот. Во една прилика, некои мажи станале да се препираат со него, ‚но не можеле да се спротивстават на мудроста и на духот со кои зборувал тој‘ (Дела 6:5, 8—10). Јасно е дека Стефан трудољубиво ја проучувал Божјата реч, а и цврсто ја бранел пред еврејските верски водачи од негово време. Деталното сведоштво што го дал, запишано во Дела 7. поглавје, е доказ дека бил многу заинтересиран за разоткривањето на Божјата намера.
2 За разлика од тие верски водачи, кои сметале дека нивната положба и спознание ги прави подобри од обичниот народ, Стефан бил понизен (Матеј 23:2—7; Јован 7:49). Иако бил добро упатен во Писмото, тој бил пресреќен кога добил задача да ‚дели храна по масите‘ за да можат апостолите да се посветат на „молитва и на службата на речта“. Стефан бил на добар глас меѓу браќата и затоа бил избран како еден од седумте осведочени мажи што требало да се грижат за ова секојдневно делење на храната. Тој понизно ја прифатил таа задача (Дела 6:1—6).
3. На каков извонреден начин му била покажана Божјата незаслужена љубезност на Стефан?
3 Тоа што Стефан бил понизен, како и неговата духовност и интегритет, не останале незабележани од Јехова. Кога Стефан му сведочел на непријателски настроеното мноштво еврејски водачи во Синедрионот, неговите противници ‚виделе дека лицето му било како лице на ангел‘ (Дела 6:15). Изразот на лицето му бил како на Божји гласник, со мирот што доаѓал од Богот на славата, Јехова. Откако смело им сведочел на членовите на Синедрионот, Бог му покажал на Стефан незаслужена љубезност на еден извонреден начин. „А тој, полн со свет дух, го впери погледот кон небото и ја виде Божјата слава и Исус како стои откај десницата на Бог“ (Дела 7:55). За Стефан, оваа импресивна визија била уште една потврда за положбата на Исус како Божји Син и Месија. Таа го зајакнала понизниот Стефан и го уверила дека ја има Јеховината наклоност.
4. На кого му ја открива Јехова својата слава?
4 Како што покажува визијата што му била дадена на Стефан, Јехова им ја открива својата слава и својата намера на богобојазливите луѓе што се понизни и што го ценат својот однос со него. „Наградата за понизност е: страв од Господа, богатство, слава и живот“, стои во Библијата (Пословици 22:4). Затоа, многу е битно да разбереме што значи вистинската понизност, како можеме да ја стекнуваме оваа важна особина и како извлекуваме корист ако ја покажуваме во сите аспекти од нашиот живот.
Понизноста — особина што ја има Бог
5, 6. а) Што е понизност? б) На кој начин Јехова покажал понизност? в) Како треба да влијае врз нас тоа што Јехова е понизен?
5 Некои можеби ќе се изненадат од тоа дека Јехова Бог, највишиот и најславниот во целиот универзум, е најголем пример на Псалм 18:35, NW). Кога рекол дека Јехова е понизен, Давид употребил еден хебрејски збор изведен од корен што значи „се наведнува“. Освен зборот „понизност“, други зборови што се поврзани со истиот корен се „да се снижи“, „кроткост“ и „да се спушти“. Значи, Јехова покажал понизност кога се спуштил за да му се обрати на несовршениот човек Давид и кога го употребил како свој царски застапник. Како што покажува натписот на 18. Псалм, Јехова го штител и го поддржувал Давид, избавувајќи го „од рацете на сите негови непријатели и од рацете на Саула“. А Давид, пак, бил свесен дека секој углед или слава што ги постигнал како цар се должеле на тоа што Јехова понизно дејствувал во негова корист. Тоа сознание му помогнало на Давид да остане понизен.
понизност. Цар Давид му рекол на Јехова: „Ти ќе ми го дадеш својот штит на спасение, десницата твоја ќе ме поддржува, понизноста твоја ќе ме направи голем“ (6 Како стојат работите со нас? Јехова сметал дека е добро да нѐ поучи за вистината и можеби преку својата организација ни дал посебни предности во службата или, пак, можеби нѐ користел на извесен начин за да ја извршиме неговата волја. Како треба да гледаме на сето ова? Зарем тоа не треба да нѐ натера да бидеме понизни? Зарем не треба да бидеме благодарни што Јехова е понизен и да не се воздигнуваме, што сигурно ќе води до катастрофа? (Пословици 16:18; 29:23).
7, 8. а) Како Јехова покажал понизност во постапките со Манасија? б) Во кој поглед Јехова и Манасија ни се пример за покажување понизност?
7 Јехова не покажал само голема понизност со тоа што си имал работа со несовршени луѓе туку покажал и спремност да биде милостив кон оние што се понизни, па дури и да ги подигне, односно да ги воздигне оние што ќе се понизат (Псалм 113:4—7). Да го земеме, на пример, случајот на јудејскиот цар Манасија. Тој ја злоупотребил својата привилегирана положба на цар за да го рашири лажното обожавање и ‚направил премногу зло во Господовите очи разгневувајќи го‘ (2. Летописи 33:6). На крајот, Јехова го казнил со тоа што му дозволил на царот на Асирија да го симне Манасија од престолот. Додека бил в затвор, Манасија ‚почнал да Му се моли за милост на Господа, својот Бог и длабоко се покајал [се понизил, NW]‘, па затоа Јехова повторно го вратил на престолот во Ерусалим, и Манасија ‚сознал дека Господ е Бог‘ (2. Летописи 33:11—13). Да, на крајот, понизниот став на Манасија му бил угоден на Јехова, и Јехова покажал понизност со тоа што му простил и повторно го поставил за цар.
8 Од Јеховината спремност да прости и од покајничкиот став на Манасија извлекуваме важни поуки за понизноста. Постојано треба да имаме на ум дека начинот на кој постапуваме со оние што нѐ повредиле и ставот што го покажуваме кога грешиме може да влијае врз начинот на кој Јехова ќе постапува со нас. Ако спремно им ги простуваме престапите на другите и понизно ги признаваме нашите грешки, можеме да бараме милост од Јехова (Матеј 5:23, 24; 6:12).
Божјата слава им била откриена на понизните
9. Дали понизноста е знак на слабост? Објасни.
9 Меѓутоа, понизноста и особините слични на неа не треба погрешно да се сметаат за знак на слабост или за склоност да се премине преку она што е неисправно. Како што потврдува Светото писмо, Јехова е понизен, но сепак покажува праведен гнев и огромна моќ кога е време за тоа. Поради својата понизност, Јехова им обрнува внимание, односно покажува посебен обѕир кон оние што се понизни, а се трга настрана од оние што се горди (Псалм 138:6). На кој начин Јехова покажал посебен обѕир кон своите понизни слуги?
10. Според 1. Коринќаните 2:6—10, што им открива Јехова на понизните?
10 Во време што тој го одредил и преку канал на комуникација што тој го избрал, Јехова им открива на понизните детали во врска со исполнувањето на неговата намера. Овие величествени работи остануваат скриени од оние што гордо се потпираат, односно тврдоглаво се држат за човечката мудрост или размислување (1. Коринќаните 2:6—10). Но, бидејќи на понизните им е дадено точно разбирање за Јеховината намера, тие се мотивирани да го величаат Јехова затоа што уште повеќе ја ценат неговата величествена слава.
11. Како некои во првиот век не покажале понизност, и зошто тоа било на нивна штета?
11 Во првиот век, многу луѓе, вклучувајќи и некои што тврделе дека се христијани, не покажале понизност и биле спрепнати од она што им го открил Павле во врска со Божјата намера. Павле станал „апостол на нациите“, но тоа не било поради неговата националност, образование, возраст или поради тоа што во минатото долго време правел добри дела (Римјаните 11:13). Честопати, телесно настроените личности ги сметаат тие работи како фактори што одредуваат кого Јехова треба да го користи како своја алатка (1. Коринќаните 1:26—29; 3:1; Колошаните 2:18). Меѓутоа, Јехова го избрал Павле затоа што тоа било во склад со неговата оддадена љубезност и праведна намера (1. Коринќаните 15:8—10). Оние што Павле ги опишал како „супер апостоли“, како и други противници, не сакале да го прифатат Павле и неговото резонирање на темел на Писмото. Поради тоа што не биле понизни, не можеле да стекнат спознание и разбирање за славниот начин на кој Јехова ја исполнува својата намера. Никогаш да не ги потценуваме ниту, пак, однапред да донесуваме суд за оние што Јехова избира да ги користи за да ја исполни својата волја (2. Коринќаните 11:4—6).
12. На кој начин примерот на Мојсеј покажува дека Јехова ги благословува оние што се понизни?
12 Од друга страна, пак, многу библиски примери истакнуват дека понизни луѓе биле повластени да ја видат Божјата слава. Мојсеј, кој бил „најкроткиот човек“ на земјата, ја видел Божјата слава и имал близок однос со Бог (Броеви 12:3, NW). Творецот на многу начини го благословил овој понизен човек, кој 40 години бил обичен овчар, веројатно главно на Арабискиот Полуостров (Излез 6:12, 29б). Со поддршка од Јехова, Мојсеј станал говорник и главен организатор на нацијата Израел. Помеѓу него и Бог се одвивала обострана комуникација. Во една визија, тој ја видел „Јеховината појава“ (Броеви 12:7, 8, NW; Излез 24:10, 11). И оние што го прифатиле овој понизен слуга и претставник на Бог биле исто така благословени. Слично на тоа, и ние ќе бидеме благословени ако го прифатиме и ако го послушаме Исус, пророк што е уште поголем од Мојсеј, како и „верниот и разборит роб“ што го поставил тој (Матеј 24:45, 46; Дела 3:22).
13. Како им била откриена Јеховината слава на понизните овчари во првиот век?
13 На кого му ‚заблескала Јеховината слава‘ кога ангелот ја објавил добрата вест за раѓањето на „Спасител, кој е Христос Господ“? Не им заблескала на вообразените верски водачи или на некои важни личности на високи положби туку на понизните овчари ‚кои живееле на отворено и ноќе чувале стража над своите стада‘ (Лука 2:8—11). Овие луѓе не биле високо ценети поради нивните способности и работата што ја вршеле. Сепак, Јехова ги забележал токму нив и избрал да ги извести први за раѓањето на Месијата. Да, Јехова им ја открива својата слава на понизните и богобојазливи луѓе.
14. Кои благослови од Бог ги добиваат оние што се понизни?
14 Што учиме од овие примери? Тие ни покажуваат дека Јехова има наклоност и им го открива спознанието и разбирањето за своите намери на понизните луѓе. Тој избира поединци што можеби не задоволуваат извесни човечки критериуми и токму нив ги користи за да им ја објави својата славна намера на другите. Ова треба да нѐ мотивира и понатаму да бараме водство од Јехова, од неговата пророчка Реч и од неговата организација. Можеме да бидеме уверени дека Јехова и понатаму ќе ги информира своите понизни слуги во врска со разоткривањето на својата славна намера. Пророкот Амос изјавил: „Господ Бог не прави ништо а да не им ги открие Своите намери на Своите слуги — пророците“ (Амос 3:7).
Негувај понизност и стекни ја Божјата наклоност
15. Зошто мораме да работиме на тоа да останеме понизни, и како ова е нагласено во случајот со израелскиот цар Саул?
15 Ако сакаме трајно да имаме наклоност од Бог, мораме да останеме понизни. Ако некој е понизен, не значи дека и засекогаш ќе остане таков. Можно е некој да престане да биде понизен и да стане горд и вообразен, што ќе го води до дрскост и катастрофа. Токму тоа му се случило на Саул, првиот што бил помазан за цар на Израел. Кога бил избран, тој бил „мал во своите очи“ (1. Самоил 15:17). Меѓутоа, откако владеел само две години, тој постапил дрско. Ја игнорирал Јеховината подготовка според која пророкот Самоил требало да принесува жртви и наоѓал изговори за тоа што ги зел работите во свои раце (1. Самоил 13:1, 8—14). Ова било почеток на една низа настани од кои јасно се видело дека не е понизен. Како последица од ова, тој го изгубил Божјиот дух и наклоност, што на крајот го одвело во срамна смрт (1. Самоил 15:3—19, 26; 28:6; 31:4). Поуката е јасна: Мораме да работиме на тоа да останеме понизни и подложни и да ги задушиме чувствата на вообразеност. Со тоа ќе избегнеме дрски постапки што водат до неодобрување од Јехова.
16. Како може тоа што ќе размислуваме за нашиот однос со Јехова и со ближниот да ни помогне да негуваме понизност?
16 Иако понизноста не е вброена меѓу плодовите на Божјиот дух, таа е побожна особина што мора да се негува (Галатите 5:22, 23; Колошаните 3:10, 12). Бидејќи станува збор за умствен став — односно, како гледаме на себеси и на другите — потребно е да вложуваме свесен напор за да стекнеме понизност. Тоа што ќе размислуваме и ќе медитираме за нашиот однос со Јехова и со ближниот може да ни помогне да останеме понизни. Во Божји очи, секое несовршено тело е како зелената трева што расте некое време, а потоа се суши и вене. Луѓето се како обични скакулци во полето (Исаија 40:6, 7, 22). Дали една тревка има причина да се гордее само затоа што е малку подолга од другите тревки? Дали еден скакулец има причина да се перчи со својата вештина само затоа што може да скокне малку подалеку од другите скакулци? Смешно е дури и да се помисли вакво нешто. Затоа, апостол Павле ги потсетил сохристијаните: „Кој те прави различен од другиот? Навистина, што имаш што не си примил? А ако навистина си примил, зошто се фалиш како да не си примил?“ (1. Коринќаните 4:7). Размислувањето за вакви библиски стихови може да ни помогне да негуваме и да покажуваме понизност.
17. Што му помогнало на пророкот Даниел да негува понизност, и што може да ни помогне да го правиме истото?
17 Еврејскиот пророк Даниел бил сметан за ‚многу пожелен човек‘ во Божји очи затоа што ‚се понизил‘, односно бил понизен (Даниел 10:11, 12, NW). Што му помогнало на Даниел да негува понизност? Пред сѐ, тој цврсто се потпирал на Јехова со тоа што редовно му се обраќал во молитва (Даниел 6:10, 11). Освен тоа, Даниел ја проучувал Божјата реч трудољубиво и од исправни мотиви, што му помогнало да има јасна слика за Божјата славна намера. Исто така, бил спремен да ги признае и своите недостатоци, а не само недостатоците на својот народ. Исто така, тој бил вистински заинтересиран да ја поддржува Божјата праведност, а не својата (Даниел 9:2, 5, 7). Можеме ли да учиме од извонредниот пример на Даниел и да настојуваме да негуваме и да покажуваме понизност во сите аспекти од нашиот живот?
18. Каква слава ги очекува оние што покажуваат понизност денес?
18 „Наградата за понизност е: страв од Господа, богатство, слава и живот“, стои во Пословици 22:4. Да, Јехова има наклоност кон оние што се понизни, а наградата за тоа е слава и живот. Псалмистот Асаф речиси престанал да му служи на Бог, но потоа Јехова му помогнал исправно да размислува. Тогаш тој понизно признал: „Ќе ме водиш со својот совет и потоа ќе ме доведеш во слава“ (Псалм 73:24, NW). А како е денес? Каква слава ги очекува оние што покажуваат понизност? Освен тоа што ќе имаат повластен и благословен однос со Јехова, тие можат да се надеваат да го доживеат исполнувањето на инспирираните зборови на цар Давид: „Кротките ќе ја наследат земјата, тие ќе уживаат во изобилен мир“. Навистина — славна иднина! (Псалм 37:11).
Се сеќаваш ли?
• Во кој поглед Стефан е пример на понизен човек на кого Јехова му ја открил својата слава?
• На кој начин Јехова Бог покажал понизност?
• Кои примери покажуваат дека Јехова им ја открива својата слава на понизните?
• Како може примерот на Даниел да ни помогне да негуваме понизност?
[Прашања]
[Рамка на страница 12]
Силен, но понизен
На конгресот на Библиските студенти (кои денес се познати како Јеховини сведоци), одржан во 1919 во Седар Поинт (Охајо, САД), 50-годишниот Џ. Ф. Ратерфорд, кој во тоа време го надгледувал делото, радосно се пријавил да служи како носач во хотелот, носејќи им го багажот на конгресните делегати и придружувајќи ги до нивните соби. Последниот ден од конгресот, тој ги восхитил 7.000-те присутни со зборовите: „Ти си пратеник на Царот над царевите и Господарот над господарите, објавувајќи им го на луѓето . . . славното царство на нашиот Господ“. Иако брат Ратерфорд бил човек со силни убедувања, познат по тоа што зборувал силно и без компромис за она што сметал дека е вистина, тој бил и вистински понизен пред Бог. Тоа честопати можело да се види во неговите молитви на утринско обожавање во Бетел.
[Слика на страница 9]
Стефан, кој бил добро упатен во Писмото, понизно делел храна
[Слика на страница 10]
Понизниот став на Манасија му бил угоден на Јехова
[Слика на страница 12]
Зошто Даниел бил ‚многу пожелен човек‘?