Претсликата за Божјето Царство станува стварност
Претсликата за Божјето Царство станува стварност
„Добро правите што ѝ обрнувате внимание [на пророчката реч] како на светилка која свети на темно место“ (2. ПЕТРОВО 1:19).
1. Каков контраст наоѓаме во светот денес?
КРИЗА врз криза — тоа е главна тема во денешниов свет. Од еколошките катастрофи до глобалниот тероризам, се чини дека човечките проблеми излегуваат од контрола. Дури и религиите во светот не можат да помогнат. Всушност, тие честопати и ги влошуваат работите со тоа што ги разгоруваат верската нетрпеливост, омразата и национализмот кои ги поделуваат луѓето. Да, како што е претскажано, ‚мрак‘ ги обвил „народите“ (Исаија 60:2). Меѓутоа, во исто време, милиони луѓе со доверба гледаат на иднината. Зошто? Затоа што обрнуваат внимание на пророчките зборови од Бог „како на светилка која свети на темно место“. Тие ѝ дозволуваат на Божјата „реч“, или порака што сега се наоѓа во Библијата, да ги води нивните чекори (2. Петрово 1:19).
2. Според пророштвото на Даниел за „времето на свршетокот“, само кој може да ги разбере духовните работи?
2 Во врска со „времето на свршетокот“, пророкот Даниел напишал: „[Многумина ќе пребаруваат, и вистинското знаење ќе стане обилно, NW]. Мнозина ќе се очистат, ќе обелат и ќе се испитаат; а безбожниците и натаму ќе бидат безбожни; безбожниците нема да се вразумат, а умните ќе разберат“ (Даниел 12:4, 10). Духовните работи ќе ги разберат само оние што искрено „пребаруваат“, или марливо ја проучуваат Божјата реч, што се подложуваат на неговите мерила и што се трудат да ја вршат неговата волја (Матеј 13:11-15; 1. Јованово 5:20).
3. Која важна вистина ја сфатиле раните Библиски студенти во текот на 1870-тите?
3 Уште во 1870-тите, пред да започнат „последните денови“, Јехова Бог почнал да ги расветлува „светите тајни на небесното царство“ (2. Тимотеј 3:1-5; Матеј 13:11). Во тоа време една група Библиски студенти сфатила дека враќањето на Христос ќе биде невидливо — што било спротивно на општото мислење. Откако ќе биде устоличен на небото, Исус ќе се врати во таа смисла што како Цар ќе го насочи своето внимание кон Земјата. Еден видлив, комбиниран знак ќе им укаже на неговите ученици дека неговата невидлива присутност почнала (Матеј 24:3-14).
Кога претсликата станува стварност
4. Како Јехова им ја зајакнува верата на своите денешни слуги?
4 Визијата на преобразувањето била извонредна претслика за Христос во славата на Царството (Матеј 17:1-9). Таа визија ја зајакнала верата на Петар, на Јаков и на Јован во време кога мнозина престанале да го следат Исус затоа што не ги исполнил нивните очекувања што не се темелеле на Библијата. На сличен начин, во ова време на крајот, Јехова ја зајакнува верата на своите денешни слуги така што сѐ повеќе го расветлува исполнувањето на таа прекрасна визија и на многу други пророштва што се поврзани со неа. Сега, да разгледаме некои од овие духовни стварности што ја зајакнуваат верата.
5. Кој е ѕвездата Деница, и кога и како ‚станал‘ тој?
5 Осврнувајќи се на преобразувањето, апостол Петар напишал: „Според тоа, ја имаме пророчката реч уште посигурна; и добро правите што ѝ обрнувате внимание како на светилка која свети на темно место, додека не самне денот и не се појави ѕвезда деница, во вашите срца“ (2. Петрово 1:19). Таа фигуративна ѕвезда Деница, или ‚сјајна утринска ѕвезда‘, е прославениот Исус Христос (Откровение 22:16). Тој ‚станал‘ во 1914 кога Божјето Царство било родено на небото, со што бил означен почетокот на една нова ера (Откровение 11:15). Во визијата на преобразувањето, освен Исус се појавуваат и Мојсеј и Илија, кои разговараат со него. Кого го предочуваат тие?
6, 7. Кој е претставен со Мојсеј и Илија во преобразувањето, и кои важни детали ги открива Библијата во врска со оние што тие ги претставуваат?
6 Бидејќи Мојсеј и Илија ја делат славата на Христос, овие двајца верни сведоци мора да ги претставуваат оние што владеат со Исус во неговото Царство. Разбирањето дека Исус има совладетели е во склад со претсликата за устоличениот Месија што пророкот Даниел ја видел во визија. Даниел видел како некој „како Човечкиот Син“ добива „вечна власт“ од „Прадревниот“, Јехова Бог. Но, забележи што му било покажано на Даниел малку потоа. Тој пишува: „Царството, власта и величеството под сите небеса, ќе им се даде на народот на Светите на Сѐвишниот“ (Даниел 7:13, 14, 27). Да, повеќе од пет векови пред преобразувањето, Бог открил дека некои „Свети“ ќе го делат царското величество на Христос.
7 Кои се светите од визијата на Даниел? Токму за овие поединци апостол Павле вели: „Самиот дух сведочи со нашиот дух дека сме Божји деца. Значи, ако сме деца, и наследници сме: имено, наследници Божји, а сонаследници со Христос, под услов да страдаме со него за да се прославиме со него“ (Римјаните 8:16, 17). Светите не се никој друг туку учениците на Исус помазани со дух. Во Откровение Исус вели: „На оној кој ќе победи, ќе му дадам да седне со мене на мојот престол, како што и јас победив и седнав со својот Татко на неговиот престол“. Овие воскреснати ‚победници‘, чиј број е 144.000, ќе владеат заедно со Исус над целата Земја (Откровение 3:21; 5:9, 10; 14:1, 3, 4; 1. Коринќаните 15:53).
8. На кој начин Исусовите помазани ученици го прават истото што го правеле и Мојсеј и Илија, и со какви резултати?
8 Но, зошто помазаните христијани се претставени со Мојсеј и со Илија? Од таа причина што овие христијани, додека сѐ уште се луѓе, извршуваат дело што е слично на делото што го вршеле Мојсеј и Илија. На пример, тие служат како Јеховини сведоци, дури и кога се прогонувани (Исаија 43:10; Дела 8:1-8; Откровение ). Како Мојсеј и Илија, тие смело ја разоткриваат лажната религија додека ги поттикнуваат искрените луѓе да му бидат оддадени исклучително на Бог ( 11:2-12Излез 32:19, 20; Второзаконие 4:22-24; 1. Цареви 18:18-40). Дали нивниот труд дал плод? Апсолутно! Освен што помогнале да се соберат сите помазаници, им помогнале и на милиони „други овци“ да покажат дека доброволно му се подложуваат на Исус Христос (Јован 10:16; Откровение 7:4).
Христос ја довршува својата победа
9. Како Откровение 6:2 го прикажува Исус онаков каков што е денес?
9 Исус повеќе не е обичен човек качен на некое магаренце, тој сега е моќен Цар. Прикажан е како јава коњ — библиски симбол за војна (Пословици 21:31). „Гледај, бел коњ“, вели Откровение 6:2, „и оној кој седеше на него имаше лак; и му беше дадена круна, и излезе победувајќи и да ја доврши својата победа.“ Освен тоа, за Исус, псалмистот Давид напишал: „Господ ќе го испружи жезолот на Твојата сила од Сион: ‚Владеј среде Твоите непријатели!‘ “ (Псалм 110:2).
10. а) Каков славен почеток имало победоносното јавање на Исус? б) Какво влијание имала врз светот воопшто првата победа на Христос?
10 Првата победа на Исус била над неговите најсилни непријатели — Сатана и демоните. Истерувајќи ги од небото, ги фрлил долу на Земјата. Знаејќи дека времето им е кратко, овие злобни духови го истуриле својот жесток гнев врз човештвото и му нанеле голема тешкотија. Во Откровение, оваа тешкотија е симболизирана со јавањето на уште тројца коњаници (Откровение 6:3-8; 12:7-12). Во склад со пророштвото на Исус за „знакот на [неговата] присутност и на завршетокот на системот на работи“, резултат од нивното јавање се војните, гладот и смртоносните болести (Матеј 24:3, 7; Лука 21:7-11). Како дословни породилни болки, овие ‚мачни болки‘ без сомнение ќе се засилуваат сѐ додека Христос не ја „доврши својата победа“ така што ќе ја уништи секоја трага од видливата организација на Сатана * (Матеј 24:8).
11. Како историјата на христијанското собрание сведочи за царската власт на Христос?
11 Царската власт на Исус се гледа и во тоа што го штити христијанското собрание за да може да го исполни налогот да Откровение 17:5, 6). Колку големо сведоштво за царувањето на Христос! (Псалм 110:3).
ја проповеда пораката за Царството по целиот свет. И покрај суровото противење од Големиот Вавилон — светското царство на лажната религија — и од непријателски настроените влади, делото на проповедање не само што продолжува туку и достигнало размери какви што немало никогаш порано во историјата на светот (12. Зошто повеќето луѓе не ја препознаваат невидливата присутност на Христос?
12 Меѓутоа, за жал повеќето луѓе, меѓу кои и милиони што се изјаснуваат како христијани, не препознаваат дека важните настани што се случуваат на Земјата означуваат невидливи стварности. Тие дури и им се потсмеваат на оние што го објавуваат Божјето Царство (2. Петрово 3:3, 4). Зошто? Затоа што Сатана им ги заслепил умовите (2. Коринќаните 4:3, 4). Всушност, тој пред многу векови почнал да го простира превезот на духовна темнина над оние што се изјаснуваат како христијани, па дури и ги навел да се откажат од скапоцената надеж за Царството.
Надежта за Царството е заборавена
13. До што довел превезот од духовна темнина?
13 Исус претскажал дека, како плевел посеан меѓу жито, во христијанското собрание ќе се вовлечат отпадници и ќе одвлечат мнозина (Матеј 13:24-30, 36-43; Дела 20:29-31; Јуда 4). Со текот на времето, овие таканаречени христијани усвоиле пагански празници, обичаи и учења, па дури и ги етикетирале како „христијански“. На пример, Божиќ потекнува од ритуалите во кои било вклучено обожавањето на паганските божества Митра и Сатурн. Но, што ги навело оние што се изјаснувале како христијани да ги усвојат овие нехристијански празници? The New Encyclopædia Britannica (1974) вели: „Воспоставувањето на Божиќ, празникот по повод раѓањето на Исус Христос, е поврзано со тоа што исчекувањето на Христовото брзо доаѓање почнало да бледнее“.
14. Како учењата на Ориген и Августин ја извртеле вистината за Царството?
14 Разгледај и како било искривено значењето на зборот „царство“. Книгата Божјето Царство во толкувањата од 20 век (The Kingdom of God in 20th-Century Откровение 17:5, 18).
Interpretation) вели: „Ориген [теолог од третиот век] прв ја сменил употребата на изразот ‚царство‘ и почнал да го користи со значење дека Бог владее внатре во срцето“. На што го темелел Ориген своето учење? Не на Библијата, туку на „филозофски систем и световно гледиште што многу се разликувало од размислувањето на Исус и на раната црква“. Во своето дело Божји град (De Civitate Dei), Августин од Хипон (354-430 од н.е.) изјавил дека самата црква е Божјето Царство. Ваквото небиблиско размислување им дало на црквите на христијанскиот свет теолошки темел за да приграбат политичка моќ. А таа моќ ја држеле долги векови, честопати и многу сурово (15. Како се исполнува Галатите 6:7 во врска со многу од црквите на христијанскиот свет?
15 Меѓутоа, денес црквите го жнеат она што го посеале (Галатите 6:7). Се чини дека многу од нив ја губат моќта како и своите верници. Овој тренд е доста забележлив во Европа. Според списанието Christianity Today, „сега големите катедрали во Европа не [служат] како домови за обожавање, туку како музеи, и во нив има само туристи“. Истиот тренд може да се забележи и во другите делови од светот. Што значи ова за лажната религија? Дали едноставно ќе изумре затоа што нема поддршка? И како ќе влијае тоа врз вистинското обожавање?
Биди подготвен за Божјиот голем ден
16. Зошто е значајно сѐ поголемото непријателство кон Големиот Вавилон?
16 Како што чадот и пепелта што ги исфрла некој претходно заспан вулкан навестуваат неизбежна ерупција, така и непријателството кон религијата што сѐ повеќе врие во многу делови од светот е показател дека деновите на лажната религија ѝ се избројани. Наскоро Јехова ќе ги поттикне политичките елементи во светот да се обединат за да ја разголат и опустошат духовната блудница, Големиот Вавилон (Откровение 17:15-17; 18:21). Треба ли вистинските христијани да се плашат од тој настан и од другите аспекти на ‚големата неволја‘ која ќе следи потоа? (Матеј 24:21). Ни најмалку! Тие, всушност, имаат причина да се радуваат кога Бог ќе преземе акција против злобните (Откровение 18:20; 19:1, 2). Разгледај го примерот на Ерусалим од првиот век и христијаните што живееле таму.
17. Зошто Јеховините верни слуги можат со доверба да се соочат со крајот на овој систем?
17 Кога римските војски го опсадиле Ерусалим во 66 н.е., духовно будните христијани не биле ниту шокирани ниту преплашени. Бидејќи марливо ја проучувале Божјата реч, знаеле „дека неговото запустување се приближило“ (Лука 21:20). Исто така, знаеле дека Бог ќе им направи пат да избегаат на безбедно. Кога тоа се случило, христијаните избегале (Даниел 9:26; Матеј 24:15-19; Лука 21:21). Слично и денес, оние што го познаваат Бог и што му се послушни на неговиот Син, можат со доверба да се соочат со крајот на овој систем (2. Солуњаните 1:6-9). Всушност, кога ќе започне големата неволја, тие радосно ќе ‚се исправат и ќе ги подигнат своите глави, бидејќи ќе знаат дека се приближило нивното избавување‘ (Лука 21:28).
18. Каков ќе биде резултатот од нападот што Гог ќе го изврши со сите сили врз Јеховините слуги?
18 По уништувањето на Големиот Вавилон, Сатана, во улога на Гог од Магог, со сите сили ќе ги нападне мирољубивите Сведоци на Јехова. Доаѓајќи „како облак кога ја покрива земјата“, ордите на Гог ќе очекуваат лесна победа. Но, каков шок ги чека! (Езекиел 38:14-16, 18-23). Апостол Јован пишува: „Го видов небото отворено, и гледај, бел коњ. А оној кој седеше на него се вика Верен и Вистински . . . И од неговата уста излегува еден остар долг меч, за да ги удри со него нациите“. Овој непобедлив „Цар на царевите“ ќе ги спаси лојалните обожаватели на Јехова и ќе ги уништи сите нивни непријатели (Откровение 19:11-21). Тоа ќе биде извонредна кулминација на исполнувањето на визијата на преобразувањето!
19. Како ќе влијае врз Христовите лојални ученици неговата целосна победа, и што треба да се трудат тие сега?
19 На Исус ‚во тој ден ќе се гледа со восхит во поврзаност со сите кои практикувале вера‘ (2. Солуњаните 1:10). Сакаш ли да бидеш меѓу оние што со страхопочит ќе гледаат во победничкиот Божји Син? Тогаш продолжи да ја зајакнуваш својата вера и да ‚се покажуваш подготвен, зашто Синот човечки доаѓа во час кога не ни мислиш‘ (Матеј 24:43, 44).
Биди трезвен
20. а) Како можеме да покажеме благодарност за Божјата подготовка за „верниот и разборит роб“? б) Кои прашања треба да си ги поставиме?
20 „Верниот и разборит роб“ редовно го поттикнува Божјиот народ да остане духовно буден и да биде трезвен (Матеј 24:45, 46; 1. Солуњаните 5:6). Благодарен ли си за овие навремени потсетувања? Ги користиш ли кога си поставуваш приоритети во животот? Зошто не се запрашаш: ‚Дали имам јасна духовна слика што ми помага да видам дека Божјиот Син владее на небото? Дали гледам дека е подготвен да го изврши Божјиот суд врз Големиот Вавилон и врз останатиот дел од Сатановиот систем?‘
21. Зошто можеби некои дозволиле нивната духовна слика да се замагли, и што треба тие итно да направат?
21 Некои што сега се дел од Јеховиниот народ, дозволиле нивната духовна слика да се замагли. Можно ли е дека немаат стрпливост или истрајност, како што немале и некои од раните ученици на Исус? Дали животните грижи, материјализмот или прогонството влијаеле врз нив? (Матеј 13:3-8, 18-23; Лука 21:34-36). Можеби на некои им е тешко да разберат извесни информации што ги објавува „верниот и разборит роб“. Ако нешто вакво ти се случило и тебе, те поттикнуваме да ја проучуваш Божјата реч со нова ревност и да го преколнуваш Јехова за повторно да стекнеш цврст, близок однос со него (2. Петрово 3:11-15).
22. Какво влијание имаше врз тебе разгледувањето на визијата на преобразувањето и на другите пророштва што се поврзани со неа?
22 На Исусовите ученици, визијата на преобразувањето им била дадена тогаш кога им требало охрабрување. Денес, ние имаме нешто многу позначајно што може да нѐ зајакне — исполнувањето на таа спектакуларна претслика и на многу други пророштва што се поврзани со неа. Додека размислуваме за овие величествени стварности и за нивното значење во иднина, и ние, од дното на срцето, да ги изразиме истите чувства што ги изразил апостол Јован кога рекол: „Амин! Дојди, Господе Исусе“ (Откровение 22:20).
[Фуснота]
^ пас. 10 Во оригиналниот грчки јазик, зборот што е преведен со ‚мачни болки‘ буквално значи „породилни болки“ (Матеј 24:8, Радосна Вест). Ова укажува дека, како и породилните болки, проблемите во светот ќе станат сѐ почести, потешки и ќе траат подолго, а својот врв ќе го достигнат во големата неволја.
Се сеќаваш ли?
• Што разбрала една мала група Библиски студенти во 1870-тите во врска со враќањето на Христос?
• Како се исполнила визијата на преобразувањето?
• Какво влијание има врз светот и врз христијанското собрание победоносното јавање на Исус?
• Што мораме да правиме за да бидеме меѓу оние што ќе преживеат кога Исус ќе ја доврши својата победа?
[Прашања]
[Слики на страници 16 и 17]
Една претслика станува стварност
[Слики на страница 18]
Знаеш ли што се случило кога Исус ја започнал својата победа?