Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Колку е точна Библиската историја?

Колку е точна Библиската историја?

Колку е точна Библиската историја?

ВО НИВНАТА книга Битките во Библијата (Battles of the Bible), Хаим Херцог, поранешен претседател на Израел и Мордехај Гихон, почесен професор по археологија на Универзитетот во Тел Авив, велат:

„Описот на воените тактики во Библијата . . . не може да се објасни само како чиста измислица. Доволен доказ е, на пример, ако го споредиме походот на Гедеон против Мадијамците и нивните сојузници, според Судии 6—8, со битките во Тројанската војна, опишани од Хомер во неговата Илијада. Што се однесува до Тројанската војна, секој достапен морски брег и утврден град во близината би можел да биде местото каде што се случил настанот . . . Тоа не е случај со библискиот извештај за походот на Гедеон. Деталните тактички движења и судири темелени на односот меѓу конкретни топографски обележја и акциите на двете завојувани страни — на бојното поле што опфаќа околу 60 км во должина — едноставно не можат да се репродуцираат каде и да било . . . Практично сме принудени да ја прифатиме веродостојноста на извештајот за воените тактики онака како што се опишани во Библијата“.

Би можел да го проучиш походот на Гедеон со помош на картата на страници 18 и 19 од библискиот атлас „Види ја добрата земја“. a Приказната започнува кога ‚сите Мадијамци, Амаликци и синовите на Исток се собрале, и откако го поминале Јордан, се влогориле во Езраелската Долина‘. Гедеон ги повикал соседните племиња да му помогнат. Настаните започнале да се одвиваат кај бунарот Арод, продолжиле кај ридот Море, а потоа низ Јорданската долина. Откако ги изгонил непријателите преку реката Јордан, Гедеон ги поразил (Судии 6:33—8:12).

Картата во „Види ја добрата земја“ ги покажува главните места кои се спомнати и карактеристиките на земјата за која станува збор. Друга карта (страница 15) ги означува териториите на израелските племиња. Двете карти можат да ти помогнат да увидиш дека библискиот извештај е навистина точен.

Ова се гледа од забелешката на починатиот професор Јоханан Ахарони: „Во земјата од Библијата, географијата и историјата се толку цврсто испреплетени што едното не може добро да се разбере без помош од другото“.

[Фуснота]

a Издадена од Јеховините сведоци.

[Извор на слика на страница 32]

Карта во заднината: На темел на картите чие авторско право го има Pictorial Archive (Near Eastern History) Est. and Survey of Israel