Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Кој живее според Христовите учења денес?

Кој живее според Христовите учења денес?

Кој живее според Христовите учења денес?

ОПШТО земено, Исус се смета за еден од најголемите луѓе што некогаш живееле. Многумина, пак, сметаат дека тој е најголемиот човек. Речиси две илјади години, неговите учења имаат силно влијание врз „животите на малите, обични, љубезни и добри луѓе, како и врз големите дела на човекољубие“, пишува англискиот автор Мелвин Брег.

Како се гледа на христијанството?

Како се гледа на христијанството? Тоа е опишано како „едно од најголемите духовни достигнувања на човештвото“. Едно гледиште околу тоа изразил Давид Келсо од Каледонскиот универзитет во Глазгов (Шкотска). Тој напишал: „Неговата историја од две илјади години е преполна со неспоредливи достигнувања на полето на уметноста, архитектурата, филозофијата, музиката и општеството“.

Меѓутоа, многу други мислат поинаку. Тие немаат ништо против христијанството, кое според еден речник се дефинира како: „Религија која се темели на учењата на Исус Христос и на верувањето дека тој е Божји син“ (Collins Cobuild). Но, чувствуваат одбивност кон христијанството поради однесувањето на религиозните институции и организации кои тврдат дека го претставуваат.

На пример, во склад со ова германскиот филозоф од 19 век, Фридрих Ниче, го опишал христијанството како „вечен срам за човештвото“. Тој напишал дека тоа е „најголемото проклетство, најодвратната и најдлабоката изопаченост што постои . . . и ги користи сите злобни, подмолни, тајни и ниски средства за да ги оствари своите цели“. Се разбира, Ниче имал екстремно гледиште, но и неколку поумерени набљудувачи дошле до слични заклучоци. Зошто? Затоа што, со векови, во однесувањето на оние што тврдат дека се христијани не се гледаат особините на Исус Христос, туку за нив се карактеристични „морална расипаност, ужасни злосторства и богохулење“.

Дали Христос е со христијанството?

Според тоа, не е неразумно да се постави прашањето: „Дали Христос е сѐ уште со христијанството?“. „Се разбира“, веднаш ќе кажат некои. „Зарем не им ветил на своите следбеници дека ќе биде со нив ‚до свршетокот на светот‘?“ (Матеј 28:20ДХК). Да, Исус го рекол тоа. Но дали сакал да каже дека ќе биде со секој што тврди дека е негов следбеник, без оглед на тоа како живее?

Сети се, и некои религиозни водачи во времето на Исус мислеле дека, што и да се случува, Бог е со нив. Бидејќи Бог ги избрал Израелците за една посебна цел, некои религиозни водачи мислеле дека Бог никогаш нема да ги напушти — без оглед на тоа што прават (Михеј 3:11). Меѓутоа, со текот на времето, тие отишле предалеку со тоа што ги отфрлиле Божјите закони и мерила. Поради тоа Исус отворено им рекол: „Ете, вашата куќа ви се остава запустена“ (Матеј 23:38). Еден цел религиозен систем ја изгубил Божјата наклоност. Бог го отфрлил, и во 70 година од н.е. дозволил римските војски да го уништат неговиот главен град, Ерусалим, и неговиот храм.

Може ли нешто слично да му се случи и на христијанството? Кога ветил дека ќе биде со своите ученици до „свршетокот на светот“, Исус навел и некои услови. Да видиме кои се тие услови.

[Слики на страници 2 и 3]

Учењата на Исус Христос имаат силно влијание врз милиони лица низ целиот свет