‚Одете и правете ученици, крштавајќи ги‘
‚Одете и правете ученици, крштавајќи ги‘
„Одете и правете ученици од луѓето од сите нации, крштавајќи ги . . . учејќи ги да држат сѐ што ви заповедав“ (МАТЕЈ 28:19, 20).
1. Каква одлука донел Израел на подножјето на планината Синај?
ПРЕД околу 3.500 години, еден цел народ му дал едно ветување на Бог. Собрани на подножјето на планината Синај, Израелците јавно изјавиле: „Ќе правиме сѐ што нареди Господ“. Од тој момент Израел станал народ што му бил оддаден на Бог, негова „посебна сопственост“ (Излез 19:5, 8; 24:3). Со радост го очекувале времето кога Бог ќе ги штити и кога нивните поколенија ќе живеат во земјата „во која течат млеко и мед“ (Левит 20:24).
2. Каков однос со Бог можат да имаат денес луѓето?
2 Меѓутоа, како што отворено кажал псалмистот Асаф, Израелците „не го додржаа Заветот со Бога и не сакаа да одат според Неговиот Закон“ (Псалм 78:10). Тие не го исполниле ветувањето што нивните прататковци му го дале на Јехова. Со текот на времето, Израел го изгубил својот посебен однос со Бог (Проповедник 5:4; Матеј 23:37, 38). Затоа, Бог „им обрна внимание на нациите за од нив да земе народ за своето име“ (Дела 15:14). А во овие последни денови, тој собира ‚едно големо мноштво, коешто ниеден човек не може да го изброи, од сите нации и племиња и народи и јазици‘, и кое радосно вели: „Спасението му го должиме на нашиот Бог, кој седи на престолот, и на Јагнето“ (Откровение 7:9, 10).
3. Кои чекори мора да ги направи некој за да има близок однос со Бог?
3 За да може некој да биде меѓу оние што имаат таков скапоцен однос со Бог, мора да му се заветува на Јехова и да го симболизира тоа со јавно крштавање во Матеј 28:19, 20). Израелците слушале кога наглас се читала „Книгата на Заветот“ (Излез 24:3, 7, 8). Затоа, разбрале какви обврски имаат кон Јехова. И денес, пред некој да се крсти, неопходно е точно да ја знае Божјата волја што е изнесена во неговата Реч, Библијата.
вода. Со тоа се покажува послушност на заповедта што Исус јасно им ја дал на своите ученици: „Одете и правете ученици од луѓето од сите нации, крштавајќи ги во името на Таткото и на Синот и на светиот дух, учејќи ги да држат сѐ што ви заповедав“ (4. Како можат да се исполнат условите за крштавање? (Вклучи ја и горната рамка.)
4 Јасно, Исус сакал неговите ученици пред да се крстат да имаат цврст темел за нивната вера. Тој им дал налог на своите следбеници не само да одат и да прават ученици туку и да ги учат ‚да држат сѐ што им заповедал‘ (Матеј 7:24, 25; Ефешаните 3:17-19). Значи, оние што ги исполнуваат условите за крштавање обично веќе ја проучувале Библијата повеќе месеци или, пак, година или две, што значи дека нивната одлука не е ниту избрзана ниту непромислена. При крштавањето, кандидатите одговараат потврдно на две многу важни прашања. Бидејќи Исус истакнал дека ‚нашиот збор Да треба да значи да, а Не, не‘, ќе биде добро сите внимателно да разгледаме што значат овие две прашања што се поставуваат пред самото крштавање (Матеј 5:37).
Покајание и заветување
5. Кои два битни чекора се истакнати во првото прашање за крштавање?
5 Првото прашање за крштавање е дали кандидатот се покајал за својот поранешен начин на живот и дали му ветил на Јехова дека ќе го посвети својот живот за да ја врши неговата волја. Ова прашање истакнува два битни чекора што мора да се преземат пред крштавањето, имено, покајанието и заветувањето.
6, 7. а) Зошто е неопходно да се покае секој што сака да се крсти? б) Кои промени мора да ги направи некој откако ќе се покае?
6 Зошто некој мора да се покае пред да може да се крсти? Апостол Павле објаснува: „Сите ние некогаш се однесувавме според желбите на своето тело“ (Ефешаните 2:3). Пред добро да ја запознаеме Божјата волја, сме живееле исто како луѓето од светот, според нивните мерила. Врз нашиот живот влијаел богот на овој свет, Сатана (2. Коринќаните 4:4). Меѓутоа, кога сме ја запознале Божјата волја, сме решиле ‚да не живееме повеќе за човечките желби, туку за Божјата волја‘ (1. Петрово 4:2).
7 Овој нов начин на живот ни користи во многу погледи. Пред сѐ, ни овозможува да имаме еден скапоцен однос со Јехова, што Давид го споредил со покана да се влезе во Божјиот „шатор“ и „Света Гора“ — што е навистина една голема чест (Псалм 15:1). Логично, Јехова не би поканил кого било туку само некого што „оди непорочно, кој твори правда и зборува вистина од своето срце“ (Псалм 15:2). Во зависност од тоа какви биле нашите околности пред да ја дознаеме вистината, за да ги исполниме тие барања можеби ќе треба да направиме извесни промени — како во однесувањето така и во карактерот (1. Коринќаните 6:9-11; Колошаните 3:5-10). Мотивот за таквите промени е покајанието — длабоко жалење за нашиот поранешен начин на живот и цврста решеност да му угодиме на Јехова. За тоа е потребна потполна промена — да се напушти себичниот, световен начин на живот и да се живее онака како што бара Бог (Дела 3:19).
8. Како му се заветуваме на Бог, и каква врска има тоа со крштавањето?
8 Вториот дел од првото прашање за крштавање е дали оној што сака да се крсти му се заветувал на Јехова дека ќе ја врши неговата волја. Ваквото ветување е неопходен чекор што треба да се направи пред крштавањето. Тоа се прави во молитва, во која преку Христос му кажуваме на Јехова дека сакаме да му го посветиме својот живот нему (Римјаните 14:7, 8; 2. Коринќаните 5:15). Така Јехова станува наш Господар и Сопственик, и задоволство ни е да ја вршиме неговата волја, како што му е задоволство и на Исус (Псалм 40:8; Ефешаните 6:6). Ова свечено ветување му го даваме на Јехова само еднаш. Но, бидејќи тоа го правиме насамо, со јавното одговарање на прашањата на денот на крштавање секој ќе знае дека сме му го дале тоа свечено ветување на нашиот небесен Татко (Римјаните 10:10).
9, 10. а) Што е вклучено во тоа да се врши Божјата волја? б) Како дури и нацистичките службеници го признале значењето на заветот што му го дале на Бог неговите слуги?
9 Што е вклучено во тоа да го следиме Исусовиот пример во вршењето на Божјата волја? Исус им рекол на своите ученици: „Ако некој сака да појде по мене, нека се одрече од себеси и нека го земе својот маченички столб и постојано нека ме следи“ (Матеј 16:24). Овде истакнал три работи што мораме да ги правиме. Прво, ние ‚се одрекуваме од себеси‘. Тоа значи дека им велиме ‚не‘ на нашите себични, несовршени склоности и велиме ‚да‘ за Божјите совети и водство. Второ, ‚го земаме својот маченички столб‘. Во времето на Исус, маченичкиот столб бил симбол на срам и страдање. Како христијани, го прифаќаме фактот дека понекогаш ќе страдаме заради добрата вест (2. Тимотеј 1:8). Иако светот можеби ќе ни се потсмева или ќе нѐ осудува, исто како Христос, ние ‚го презираме срамот‘, и нѐ радува мислата дека му угодуваме на Бог (Евреите 12:2). И на крајот, „постојано“ го следиме Исус (Псалм 73:26; 119:44; 145:2).
10 Интересно, дури и некои противници го признале значењето на заветот што Јеховините сведоци му го дале на Бог дека безрезервно ќе му служат. На пример, во концентрациониот логор Бухенвалд во нацистичка Германија, Сведоците што не сакале да се откажат од својата вера требало да ја потпишат следнава писмена изјава: „Сѐ уште сум посветен Истражувач на Библијата и никогаш нема да го прекршам заветот што сум му го дал на Јехова“. Ова сигурно добро го покажува Дела 5:32).
ставот на сите верни слуги на Бог што му се заветувале дека вечно ќе му служат! (Јеховин сведок во очите на сите
11. Каква чест добива оној што се крштава?
11 Второто прашање што му се поставува на кандидатот е дали сфаќа дека со своето крштавање станува Јеховин сведок. Откако ќе се крсти во вода, станува Божји слуга што го носи Јеховиното име. Ова е голема чест и сериозна одговорност. Исто така, му дава можност на оној што се крстил да добие вечно спасение, под услов да му остане верен на Јехова (Матеј 24:13).
12. Која обврска оди заедно со честа да го носиме Јеховиното име?
12 Се разбира, исклучителна чест е да се носи името на семоќниот Бог, Јехова. Пророкот Михеј рекол: „Сите народи одат, секој во име на својот бог, а ние, ние одиме во Името на Господ, нашиот Бог, секогаш и довека“ (Михеј 4:5). Меѓутоа, со оваа чест оди и една обврска. Мораме да живееме на начин што му носи чест на оној чиешто име го носиме. Како што ги потсетил Павле христијаните во Рим, ако некој не прави онака како што проповеда, Божјето име „се хули“, односно се срамоти (Римјаните 2:21-24).
13. Зошто крстените слуги на Јехова имаат одговорност да сведочат за Бог?
13 Кога некој станува Јеховин сведок, тој ја прифаќа и одговорноста да сведочи за Бог. Јехова ги повикал Израелците, кои биле народ што му се заветувал, да бидат негови сведоци и да сведочат дека тој во вечност е Бог (Исаија 43:10-12, 21). Но, овој народ не ја исполнил својата улога, и на крајот сосема ја изгубил Јеховината наклоност. Денес, вистинските христијани се горди што имаат чест да сведочат за Јехова. Тоа го правиме затоа што го сакаме и копнееме да биде посветено неговото име. Како можеме да молчиме кога ја знаеме вистината за нашиот небесен Татко и за неговата намера? Се чувствуваме како апостол Павле, кога рекол: „Наметната ми е нужност. Навистина, тешко мене ако не ја објавувам добрата вест!“ (1. Коринќаните 9:16).
14, 15. а) Каква улога има Јеховината организација во нашиот духовен напредок? б) Кои работи ни помагаат да напредуваме духовно?
14 Второто прашање исто така го потсетува кандидатот дека има одговорност да соработува со Јеховината организација водена од светиот дух. Не му служиме на Бог сами, и ни треба помош, поддршка и охрабрување од „целата заедница од браќа“ (1. Петрово 2:17; 1. Коринќаните 12:12, 13). Божјата организација игра многу битна улога во нашиот духовен напредок. Таа ни дава многу библиски публикации што ни помагаат да стекнеме точно спознание, да постапуваме мудро кога сме соочени со проблеми, и да градиме близок однос со Бог. Како една мајка што се грижи нејзиното дете да биде добро нахрането и згрижено, „верниот и разборит роб“ ни дава изобилство навремена духовна храна за да напредуваме духовно (Матеј 24:45-47; 1. Солуњаните 2:7, 8).
15 На седмичните состаноци, Јеховините слуги добиваат обука и охрабрување да бидат верни Сведоци на Јехова (Евреите 10:24, 25). Во Теократската школа за служба учиме да зборуваме пред други луѓе, а на Состанокот за нашата служба се оспособуваме делотворно да ја презентираме нашата порака. И на состаноците и преку личното проучување на библиските публикации, можеме да видиме како дејствува Јеховиниот дух додека ја води неговата организација. Преку овие редовни подготовки, Бог нѐ опоменува на опасностите, нѐ обучува да бидеме добри проповедници и ни помага да останеме духовно будни (Псалм 19:7, 8, 11; 1. Солуњаните 5:6, 11; 1. Тимотеј 4:13).
Мотивот зад оваа одлука
16. Што нѐ мотивира да му се заветуваме на Јехова?
16 Двете прашања за крштавање ги потсетуваат кандидатите што значи крштавањето во вода и кои одговорности ги носи тоа. Тогаш, што треба да ги мотивира да донесат одлука да се крстат? Стануваме крстени ученици не затоа што некој нѐ присилува на тоа, туку затоа што Јехова ‚нѐ привлекува‘ (Јован 6:44). Бидејќи „Бог е љубов“, тој владее со универзумот со љубов, а не со сила (1. Јованово 4:8). Кон Јехова нѐ привлекуваат неговите убави особини и начинот на кој постапува со нас. Јехова го дал својот единороден Син за нас, и ни нуди најубава иднина што може да се замисли (Јован 3:16). За возврат, ние сме поттикнати да му го посветиме — да му го заветуваме — својот живот (Пословици 3:9; 2. Коринќаните 5:14, 15).
17. На што не сме се заветувале?
17 Ние не му се заветуваме на некое движење или идеја, туку на Јехова. Задачите што му ги дава Бог на својот народ ќе се променат, но заветот што му го дале останува ист. На пример, она што го побарал од Авраам многу се разликувало од она што му рекол да го направи на Еремија (Битие 13:17, 18; Еремија 1:6, 7). Сепак, двајцата си ја извршиле задачата што им ја дал Бог затоа што го сакале Јехова и сакале верно да ја вршат неговата волја. Во ова време на крајот, сите крстени следбеници на Христос се трудат да ја вршат Христовата заповед да ја проповедаат веста за Царството и да прават ученици (Матеј 24:14; 28:19, 20). Тоа што од сѐ срце ќе го вршиме ова дело е добар начин да покажеме дека го сакаме нашиот небесен Татко и дека искрено сме му се заветувале (1. Јованово 5:3).
18, 19. а) Што изјавуваме јавно со тоа што ќе се крстиме? б) Што ќе разгледаме во следната статија?
18 Без сомнение, крштавањето отвора пат за многу благослови, но не е чекор што треба да се сфати несериозно (Лука 14:26-33). Со него покажуваме дека сме донеле одлука што доаѓа пред секоја друга одговорност (Лука 9:62). Кога се крштаваме, ние всушност јавно го велиме следново: „Таков е Бог, нашиот Бог засекогаш и довека! Тој ќе нѐ раководи дури до смрт“ (Псалм 48:14).
19 Во следната статија ќе разгледаме и други прашања што можат да се постават во врска со крштавањето во вода. Има ли оправдани причини некој да се колеба дали да се крсти? Дали возраста треба да игра улога? Како можат сите да придонесат овој настан да биде достоинствен?
Можеш ли да објасниш?
• Зошто секој христијанин мора да се покае пред да се крсти?
• Што значи да му се заветуваш на Бог?
• Кои одговорности одат заедно со честа да го носиме Јеховиното име?
• Што треба да нѐ мотивира да се крстиме?
[Прашања]
[Рамка/слика на страница 22]
Двете прашања за крштавање
На темел на жртвата на Исус Христос, дали си се покајал за своите гревови и дали си му ветил на Јехова дека ќе ја вршиш неговата волја?
Дали сфаќаш дека со твоето заветување и крштавање ти стануваш Јеховин сведок кој е дел од Божјата организација водена од светиот дух?
[Слика на страница 23]
Заветот е свечено ветување што му го даваш на Јехова во молитва
[Слика на страница 25]
Нашето проповедничко дело покажува дека сме му се заветувале на Бог