Се сеќаваш ли?
Се сеќаваш ли?
Уживаше ли додека ги читаше неодамнешните изданија на Стражарска кула? Тогаш, види дали можеш да одговориш на следниве прашања:
• Кои се некои од причините зошто денес постои толку многу зло?
Едната причина за злото лежи во фактот што човекот по природа е склон да го прави она што е лошо (Битие 8:21). Друга е дека повеќето луѓе не знаат точно која е Божјата волја. И трето, Сатана, зачетникот на злото, продолжува да се меша во човечките работи (1.1., страници 4-6).
• Каква корист може да има од добриот збор кажан во вистински момент? (Пословици 12:25)
Добриот збор може да му ја зголеми самодовербата на оној кому му е упатен, може да го охрабри и мотивира и кај него да создаде чувство дека е прифатен од другите. Покрај тоа, кога сакаме да пофалиме некого, поттикнати сме да го гледаме доброто кај него (1.1., страници 16 и 17).
• Што имало во ковчегот на сојузот?
Во него стоеле двете камени плочи на Законот како и малку мана. По побуната на Кореј, во ковчегот бил ставен и Ароновиот стап, за да служи како сведок против таа генерација (Евреите 9:4). Стапот и маната можеби биле извадени од ковчегот пред посветувањето на Соломоновиот храм (15.1., страница 31).
• Зошто Евреите од деновите на Неемија морале да донесуваат дрва во храмот?
Во Мојсеевиот закон не било заповедано да се принесуваат дрва. Но, во времето на Неемија имало постојана потреба од дрва за да се горат жртвите на жртвеникот (1.2., страница 11).
• Што е Мураториевиот фрагмент?
Тоа е дел од еден латински фрагмент. Изворно бил напишан на грчки јазик кон крајот на вториот век од н.е. Го содржи најстариот список на книги од Христијанските грчки списи кој се смета за веродостоен, како и коментари за книгите и нивните писатели (15.2., страници 13 и 14).
• Зошто персиската царица Астина не сакала да се оѕвие на царскиот повик? (Естира 1:10-12).
Библијата не го кажува нејзиниот мотив. Некои изучувачи сметаат дека одбила затоа што не сакала да се понижува пред пијаните гости на царот. А можеби надворешно убавата царица навистина не била покорна, и со тоа би им дала лош пример на другите жени во Персиското Царство (1.3., страница 9).
• Како сме ослободени со откупнината?
Жртвата на Исус може да нѐ избави од наследениот грев и да нѐ ослободи од неговите погубни последици (Римјаните 6:23). Оваа жртва ги ослободува вистинските христијани од нечистата совест. И, бидејќи имаме вера во откупнината, не се плашиме како гледа Бог на нас (1. Јованово 2:1; 15.3., страница 8).
• Што можеме да научиме од забраната дадена во Законот да не се вари јаре во млекото на мајката? (Излез 23:19).
Можно е ова да бил пагански ритуал што се извршувал за да заврне дожд (Левит 20:23). Бог го дал мајчиното млеко да се храни јарето и да му помогне да расте. Варењето на јарето во млекото на неговата мајка би покажало непочитување на односот помеѓу родителот и детето, што го воспоставил Бог. Законот за ова покажува колку сочувствителен е Бог (1.4., страница 31).