Укажи им должна чест на Јехова и на луѓето
Укажи им должна чест на Јехова и на луѓето
„Во чест и величие [ти, Јехова] си се облекол“ (ПС. 104:1).
1, 2. а) Како би го дефинирал зборот „чест“? б) Кои прашања ќе ги разгледаме во оваа статија?
БИБЛИЈАТА вели дека Јехова ‚се облекува во чест и величие‘ (Пс. 104:1). Оние што сакаат да му укажат чест, а и самите да бидат достоинствени, внимаваат секогаш да бидат убаво облечени. Затоа, апостол Павле, меѓу другото, ги советувал христијанките „да се облекуваат пристојно, а притоа да бидат скромни и разборити, да не се украсуваат со плетење на косата и со злато или со бисери, или со многу скапа облека“ (1. Тим. 2:9). Но, за да бидеме на чест и слава на Јехова, не е доволно само да изгледаме достоинствено — вклучено е многу повеќе (Јов 40:10).
2 Хебрејскиот збор кој во Псалм 104:1 е преведен со „чест“, на други места во Библијата е преведен со „достоинство“, „слава“, „величество“ и „величие“. Според еден речник, зборот „чест“ означува „голем углед, уважение, добро име; израз на почитување“. Никој не заслужува поголема почит и уважение од Јехова. Како негови оддадени слуги, ние сме должни секогаш да му укажуваме чест и со зборови и со дела. Но, зошто луѓето можат да укажуваат чест? Зошто Јехова заслужува да му оддаваме чест и слава? Како треба да влијае врз нас свесноста за Јеховината чест и величие? Што учиме од Исус Христос за тоа како да им оддаваме чест на Бог и на луѓето? И, како можеме на Бог и на другите луѓе да им ја оддадеме честа што им припаѓа?
Зошто луѓето можат да укажуваат чест
3, 4. а) Како би требало да постапиме со оглед на големата чест што ни е укажана? б) За кого пророчки зборува Псалм 8:5-9? (Види ја фуснотата.) в) Кому Јехова му укажал чест во минатото?
3 Со оглед на тоа што се создадени според Божјиот лик, сите луѓе можат да укажуваат чест. Самиот Јехова му укажал чест на првиот човек кога го поставил да се грижи за Земјата (1. Мој. 1:26, 27). Дури и откако човекот згрешил и го изгубил совршенството, Јехова му повторил која одговорност ја има во однос на Земјата. Според тоа, Бог продолжува да им ја укажува на луѓето честа со која некогаш ги „овенчал“. (Прочитај Псалм 8:5-9.) * Бидејќи Јехова ни укажува таква чест, и ние треба да му возвратиме на ист начин — да го фалиме со почит и да му оддаваме чест на неговото величествено име.
4 Јехова им укажува посебна чест на оние што му вршат света служба. Тој му укажал чест на Авел со тоа што ја прифатил неговата жртва, а ја одбил жртвата што ја принел брат му Каин (1. Мој. 4:4, 5). На заповед од Јехова, Мојсеј требало да му ‚предаде дел од својата чест‘ на Исус Навин, кој требало да го наследи како водач на Израелците (4. Мој. 27:20). Во врска со Давидовиот син Соломон, Библијата вели: „Јехова многу го возвиши Соломон пред очите на сиот Израел и му даде таква царска чест каква што немаше порано ниту еден цар на Израел“ (1. Лет. 29:25). Бог ќе им укаже извонредна чест на воскреснатите помазани христијани, кои верно ја објавуваат „славата на [Неговото] величествено царување“ (Пс. 145:11-13). Освен тоа, Јехова им дава благослов и им укажува чест и на сѐ поголем број од Исусовите „други овци“ бидејќи и тие го величаат на ист начин како и помазаниците (Јован 10:16).
Зошто Јехова заслужува да му оддаваме чест и слава
5. Колку се големи честа и величието на Јехова?
5 Давид напишал еден псалм во кој ја споредува Божјата величественост со човечката безначајност. Во него тој вели: „О Јехова, Господару наш, колку е величествено името твое по целата земја, за твојата чест се зборува над небесата!“ (Пс. 8:1). Во целата вселена не постои повеличествена личност која заслужува поголема чест од Јехова. Тој ја заслужувал таа чест уште пред да ги создаде „небото и земјата“, а ќе ја заслужува и откако ќе ја исполни својата величествена намера, односно кога Земјата ќе стане рај населен со совршено човечко семејство. Да, на Јехова му припаѓаат честа и величеството од вечност до вечност (1. Мој. 1:1; 1. Кор. 15:24-28; Отк. 21:1-5).
6. Зошто псалмистот изјавил дека Јехова се облекол во чест и величие?
6 Колку мора да бил воодушевен богобојазливиот псалмист додека го гледал мирното и прекрасно ноќно небо начичкано со ѕвезди кои блескаат како скапоцени камења! Тој бил исполнет со восхит кога размислувал за начинот на кој Бог „ги оптегнал небесата како шаторско платно“. Поттикнат од величественоста на созданието, псалмистот рекол дека Јехова се облекол во чест и величие. (Прочитај Псалм 104:1, 2.) Видливите дела на невидливиот, Семоќен Творец, ја откриваат неговата чест и величие.
7, 8. Какви докази гледаме на небесата за честа и величието на Јехова?
7 Да размислиме, на пример, за нашата галаксија, Млечниот пат. Во тој огромен океан од ѕвезди, планети и планетарни системи, Земјината топка е толку мала што може да се спореди со зрнце песок на една плажа која се протега во недоглед. Всушност, само во нашата галаксија има над 100 милијарди ѕвезди! Кога би сакал да ги изброиш сите тие ѕвезди и без престан би броел 24 часа на ден, по една ѕвезда во секунда, би ти биле потребни повеќе од 3.000 години за да стигнеш до бројката од 100 милијарди!
8 Ако само Млечниот пат содржи 100 милијарди ѕвезди, тогаш колку ги има во останатиот дел од вселената? Астрономите проценуваат дека постојат од 50 до 125 милијарди галаксии. Тогаш, колку ѕвезди има во целата вселена? Бројот е сигурно несфатливо голем за нас. Сепак, Јехова „ги пребројува ѕвездите, сите ги вика по име“ (Пс. 147:4). Како влијае врз тебе свесноста дека Јехова се облекува во таква чест и величие? Зарем не си наведен да го фалиш неговото возвишено име?
9, 10. Зошто може да се каже дека и лебот е доказ за големата мудрост на нашиот Творец?
9 Да го спуштиме сега погледот од величественото небо на нешто толку обично како што е лебот. Јехова не е само „Творецот на небото и на земјата“ туку и Бог што „им дава леб на гладните“ (Пс. 146:6, 7). ‚Славата и величието‘ на Јехова се гледаат во сите негови извонредни дела, а во нив спаѓаат и растенијата од кои се добива леб. (Прочитај Псалм 111:1-5.) Исус ги учел своите следбеници да се молат: „Лебот наш за овој ден дај ни го денес“ (Мат. 6:11). Лебот бил основната храна на многу древни народи, вклучувајќи ги и Израелците. Иако се смета за храна која едноставно се подготвува, хемискиот процес при кој неколку основни состојки се претвораат во вкусен леб воопшто не е едноставен.
10 Кога била пишувана Библијата, Израелците правеле леб од пченично или од јачменово брашно и вода. Понекогаш додавале и квасец. Со комбинирањето на овие едноставни состојки се создаваат голем број хемиски супстанции меѓу кои доаѓа до Пс. 104:24). Чувствуваш ли и ти таква силна желба да го фалиш Јехова?
хемиски реакции кога ќе дојдат во допир. Сепак, сѐ уште не е сосема јасно кои сѐ реакции се одвиваат меѓу овие супстанции. А и начинот на кој лебот се вари во желудникот и цревата е уште еден зачудувачки сложен процес. Затоа не нѐ изненадува тоа што псалмистот пеел: „Колку се многубројни твоите дела, Јехова! Сите мудро си ги направил“ (Како влијаат врз тебе Божјата чест и величие?
11, 12. Како може да влијае врз нас размислувањето за Божјите творечки дела?
11 Не мора да сме астрономи за да му се восхитуваме на ноќното небо ниту, пак, хемичари за да се насладуваме со вкусниот леб. Но, за да ги продлабочиме своето разбирање и ценење за величественоста на нашиот Творец, мора да одвоиме време за да размислуваме за делата на неговите раце. Како ќе влијае врз нас таквото длабоко размислување? Исто како и размислувањето за еден друг вид Јеховини дела.
12 Во врска со величествените дела што Јехова ги направил за својот народ, Давид во песна рекол: „Ќе размислувам за славната убавина на твоето величество и за твоите чудесни дела“ (Пс. 145:5). По примерот на Давид, и ние ја читаме Библијата и одвојуваме време длабоко да размислуваме за она што го читаме. Како ќе влијае ваквото длабоко размислување врз нас? Ќе ни помогне уште повеќе да ги цениме Божјата чест и величие. Сигурно и ние ќе имаме иста желба како Давид да му оддадеме чест на Јехова и да кажеме: „За твоето величие ќе раскажувам“ (Пс. 145:6). Размислувањето за Божјите прекрасни дела треба да го зацврсти нашето пријателство со Јехова и да нѐ поттикне непоколебливо и со воодушевување да им кажуваме на другите за него. Дали и ти ревносно ја објавуваш добрата вест и им помагаш на луѓето да ги ценат честа, величието и достоинството на Јехова Бог?
Исус е совршен одраз на ‚честа во која се облекол Бог‘
13. а) Според Даниел 7:13, 14, што му дал Јехова на својот Син? б) Како Цар, на кој начин се однесува Исус кон своите поданици?
13 Божјиот син, Исус Христос, ревносно ја објавувал добрата вест и му оддавал чест на својот славен и величествен небесен Татко. А Јехова му укажал посебна чест на својот единороден Син со тоа што му дал ‚власт и царство‘. (Прочитај Даниел 7:13, 14.) Сепак, Исус не станал вообразен и горд поради тоа. Напротив, тој е сочувствителен Владетел кој ги разбира ограничувањата на своите поданици и им укажува одредена мера чест и почит. Да разгледаме еден пример што покажува на кој начин Исус, како иден Цар, се однесувал кон луѓето што ги среќавал, особено оние што никој не ги прифаќал и не ги сакал.
14. Како се гледало на лепрозните во древниот Израел?
14 Во старо време, луѓето што имале лепра умирале на ужасно бавен начин. Малку 4. Мој. 12:12; 2. Цар. 5:7, 14). Лепрозните ги сметале за нечисти и одвратни, и ги протерувале од заедницата. Кога оделе меѓу луѓе, морале да викаат: „Нечист, нечист!“ (3. Мој. 13:43-46). Всушност, лепрозните биле како живи мртовци. Според рабинските записи, лепрозниот не смеел да му пријде на друг Евреин на растојание помало од околу еден и пол метар. Во некои записи стои дека, кога ќе здогледал лепрозен човек дури и на поголема оддалеченост, некој верски водач фрлал со камења по него за да не му се приближува.
по малку, болеста го зафаќала целото тело. Да се излекува лепрозен човек во тоа време било исто толку тешко колку да се воскресне некој од мртвите (15. Како постапил Исус со еден лепрозен човек?
15 Но, вреди да се забележи како постапил Исус со еден лепрозен човек кој дошол кај него и на колена го молел да го излекува. (Прочитај Марко 1:40-42.) Наместо да го отера, Исус му укажал чест на овој човек, кого сите го одбегнувале, така што постапил кон него сочувствително и со почит. Во тој миг, Исус пред себе гледал само едно бедно човечко суштество на кое му била потребна помош. Таа глетка толку го трогнала што, поттикнат од длабоко сочувство, тој веднаш направил нешто за лепрозниот. Ја протегнал раката, го допрел и го излекувал.
16. Што учиме од начинот на кој Исус постапувал со другите?
16 Исус постапувал со другите исто како што би постапил и неговиот Татко. Тој им укажувал должна чест и покажувал почит кон нивното достоинство. На кој начин можеме ние, како негови следбеници, да го следиме неговиот пример во овој поглед? Меѓу другото, така што ќе признаеме дека сите луѓе заслужуваат да им се укаже чест и почит без оглед на нивниот статус, здравствена состојба или возраст (1. Пет. 2:17). Особено оние на кои им е доверена одговорност над другите — како што се сопрузите, родителите и христијанските старешини — треба да им искажуваат чест на лицата за кои се грижат и треба да им помогнат да ја зачуваат својата самопочит. Библијата нагласува дека ова се бара од сите христијани, кога вели: „Со братска љубов сакајте се срдечно еден со друг. Предводете во искажувањето почит еден кон друг“ (Рим. 12:10).
Служи му на Јехова на начин што му оддава чест
17. Според Библијата, како треба да му служиме на Јехова, и кои стихови ни го посочуваат тоа?
17 Треба многу да внимаваме да ги вршиме на достоинствен начин сите активности поврзани со нашата света служба бидејќи со тоа му укажуваме чест на Јехова. „Внимавај на чекорите свои кога одиш во домот на вистинскиот Бог“, стои во Проповедник 5:1. И на Мојсеј и на Исус Навин им било заповедано да си ги собујат сандалите кога стоеле на свето место (2. Мој. 3:5; Ис. Нав. 5:15). Ова требало да го направат во знак на почит. Израелските свештеници морале да носат долна облека од лен ‚за да им го покрива голото тело‘ (2. Мој. 28:42, 43). Така немало непристојно да им се откријат интимните делови од телото кога служеле крај жртвеникот. Но, и сите членови на семејството на свештеникот требало да се држат за Божјите мерила во овој поглед, за да го зачуваат достоинството на свештеничката служба.
18. Што значи да се однесуваме достоинствено како слуги на Јехова?
18 Како слуги на Јехова, треба да се однесуваме достоинствено на сите полиња од животот. Тоа значи дека мора да постапуваме со почит кон сите. Но, ова не смее да биде само маска што ја ставаме и ја вадиме по потреба. Мора да оди многу подлабоко од она што се гледа со човечко око — всушност, треба да извира од нашето срце, кое го гледа Бог (1. Сам. 16:7; Изр. 21:2). Треба да биде дел од нас и да влијае врз нашето однесување, нашите ставови, нашите односи со другите, па дури и врз начинот на кој се гледаме себеси. Всушност, тоа треба да биде очигледно од секој наш збор и постапка. Затоа, во врска со нашето однесување, манири, облекување и целокупен изглед, постојано ги имаме на ум зборовите на апостол Павле: „Во ништо не даваме никаква причина за спрепнување, за да нема што да ѝ се приговори на нашата служба, туку во сѐ се препорачуваме како Божји слуги“ (2. Кор. 6:3, 4). ‚Го украсуваме во сѐ учењето на нашиот Спасител, Бог‘ (Тит 2:10).
Секогаш да им укажуваме чест на Бог и на луѓето
19, 20. а) На кој начин треба да им укажеме чест на другите? б) На што треба да бидеме решени?
19 Помазаните христијани имаат чест да служат како „пратеници кои го застапуваат Христос“ (2. Кор. 5:20). ‚Другите овци‘, кои верно им помагаат, исто така имаат голема чест да служат како претставници на месијанското Царство. Пратениците или претставниците кои служат во друга земја храбро и со почит ги бранат интересите на својата влада. И ние треба храбро и со почит да ја застапуваме владата која ја воспоставил Јехова — неговото Царство (Еф. 6:19, 20). А кога им ја носиме на другите ‚добрата вест за нешто подобро‘, зарем не им укажуваме почит и ним? (Иса. 52:7).
20 Да бидеме решени да го славиме Бог така што ќе се однесуваме на начин со кој ќе му ја оддадеме честа што ја заслужува (1. Пет. 2:12). Секогаш да покажуваме длабока почит кон Него, кон нашите соверници и кон сѐ што е поврзано со службата која му ја вршиме. Да правиме сѐ што можеме за да биде Јехова — кој се облекува во чест и величие — задоволен со начинот на кој му служиме!
[Фуснота]
^ пас. 3 Во Псалм 8, Давид пророчки зборува и за совршениот човек Исус Христос (Евр. 2:5-9).
Како би одговорил?
• Какво влијание треба да има врз нас свесноста за честа и величието на Јехова?
• Што може да научиме за укажувањето чест од тоа како постапил Исус со еден лепрозен човек?
• На кои сѐ начини можеме да му укажуваме чест на Јехова?
[Прашања]
[Слика на страница 12]
Како Јехова му укажал чест на Авел?
[Слика на страница 14]
И лебот е доказ дека Јехова има моќ да прави големи дела
[Слика на страница 15]
Што научи за укажувањето чест од тоа како постапил Исус со еден лепрозен човек?
[Слика на страница 16]
Му укажуваме чест на Јехова со начинот на кој му служиме