Помогни им да се вратат без одложување!
Помогни им да се вратат без одложување!
„Кај кого да одиме? Ти ги имаш зборовите на вечниот живот!“ (ЈОВАН 6:68)
1. Што рекол Петар кога мнозина од учениците го напуштиле Исус?
ВО ЕДНА прилика, мнозина од учениците го напуштиле Исус Христос затоа што не им било прифатливо едно негово учење. Тогаш тој ги прашал своите апостоли: „Да не сакате и вие да си одите?“ А Петар одговорил: „Господару, кај кого да одиме? Ти ги имаш зборовите на вечниот живот!“ (Јован 6:51-69). Тие немало каде да одат. Јудаизмот немал никакви ‚зборови на вечен живот‘ тогаш, а такви зборови сигурно не можат да се најдат ни денес во Големиот Вавилон, светското царство на лажната религија. За сите оние што се оддалечиле од Божјето стадо и залутале, но сѐ уште сакаат да му угодат на Јехова, сега ‚е веќе време да се разбудат‘ и да се вратат во стадото (Рим. 13:11, Превод на д-р Д. Х. Константинов).
2. Што треба да се има на ум во однос на работите што се од доверлива природа или треба да ги разгледа правен одбор?
2 Јехова покажал дека е заинтересиран за изгубените овци на Израел. (Прочитај Езекиел 34:15, 16.) Но, и христијанските старешини имаат желба и должност да им помогнат на лицата слични на овци кои се оддалечиле од стадото. Ако замолат некој објавител да проучува со некој неактивен христијанин што побарал помош, што треба да стори објавителот ако дознае дека тоа лице направило тежок грев? Наместо да му дава совет за нешто што е од доверлива природа или нешто кое, всушност, би требало да го разгледа правен одбор, објавителот треба да го поттикне да зборува со старешините. Ако не го стори тоа, тогаш самиот објавител треба да им каже на старешините (3. Мој. 5:1; Гал. 6:1).
3. Како реагирал човекот кој имал 100 овци кога ја нашол загубената овца?
3 Во претходната статија беше спомната Исусовата споредба за еден човек кој имал 100 овци. Кога видел дека една недостига во стадото, тој ги оставил 99-те други за да Лука 15:4-7). И сите ние во собранието се радуваме кога ќе се врати некоја Божја овца која недостигала во стадото. Поттикнати од љубов, старешините и други членови на собранието веројатно го посетувале неактивниот брат или сестра. И тие сакаат тоа лице да се врати во стадото, за Бог да му помага, да го штити и да го благословува (5. Мој. 33:27; Пс. 91:14; Изр. 10:22). Ако некој од нас има можност да помогне во овој поглед, што може да стори?
ја побара загубената. Колку се радувал кога ја нашол! (4. Што може да заклучиме од Галатите 6:2, 5?
4 Би можеле да го охрабриме братот или сестрата да се врати во собранието така што љубезно ќе му покажеме дека Јехова ги сака своите овци и не бара од нас да правиме повеќе отколку што можеме. Во ова спаѓа да ја проучуваме Библијата, да одиме на христијанските состаноци и да ја проповедаме добрата вест за Царството. Би можело да биде соодветно да им ги прочитаме стиховите во Галатите 6:2, 5 и да спомнеме дека христијаните можат да си помагаат со тоа што ќе си ги носат бремињата еден на друг, но дека „секој ќе го носи својот товар“ на одговорност пред Јехова. Никој друг не може во наше име да му биде верен на Бог.
Дали ги одвлекле „животните грижи“?
5, 6. а) Зошто е важно да слушаме внимателно кога неактивните соверници ќе си го отворат срцето? б) Како би можел да им помогнеш на неактивните христијани да увидат дека за нив било лошо што престанале да се дружат со Божјиот народ?
5 За да увидат како да им помогнат на неактивните соверници, старешините и други зрели објавители треба внимателно да слушаат кога тие ќе си го отворат срцето пред нив. Да речеме дека си старешина кој посетува една брачна двојка, маж и жена кои престанале да доаѓаат во собранието затоа што дозволиле да ги притиснат „животните грижи“ (Лука 21:34). Можеби, поради финансиските проблеми или поголемите одговорности во семејството, полека ги фатила духовна дремка. Иако веројатно сметаат дека треба да си олеснат на некој начин, би можел да им укажеш дека не е решение да се оддалечат од собранието. (Прочитај Изреки 18:1.) Би можел тактично да ги прашаш: „Дали сте посреќни откако престанавте да доаѓате на состаноците? Дали ви се подобри семејниот живот? Дали сѐ уште ја чувствувате радоста што ја имавте кога повеќе се потпиравте на Јехова?“ (Неем. 8:10).
6 Кога ќе размислат за ваквите прашања, можеби неактивните христијани ќе сфатат дека нивната духовност и среќа се намалиле откако престанале да се дружат со собранието (Мат. 5:3; Евр. 10:24, 25). Можеби ќе биде возможно да им се помогне да увидат дека ја изгубиле радоста затоа што престанале да ја проповедаат добрата вест (Мат. 28:19, 20). Тогаш, што би било мудро да направат?
7. На што би можеле да ги поттикнеме оние што се оддалечиле од стадото?
Лука 21:34-36). Би можеле да ги поттикнеме оние што се оддалечиле од стадото, но сепак сакаат да бидат среќни како порано, да го молат Бог за свет дух и за помош, и да постапуваат во склад со своите молитви (Лука 11:13).
7 Исус рекол: „Внимавајте на себе вашите срца да не бидат оптоварени со прекумерно јадење и со опивање и да не се оптоварат со животните грижи... Затоа бидете будни, сесрдно молејќи се за сето време, за да успеете да го избегнете сето ова што треба да се случи“ (Дали се спрепнале?
8, 9. Што би можел да му каже старешината на некој што се спрепнал?
8 Со оглед на тоа што луѓето се несовршени, меѓу нас може да дојде до несогласувања, и некој би можел да се спрепне поради нив. Некои се спрепнале кога виделе како одредено лице во собранието, кое било ценето и почитувано, не постапува според библиските начела. Ако тоа бил проблем со неактивниот сохристијанин, старешината што ќе го посети може да истакне дека Јехова не спрепнува никого. Зошто тогаш да му ставиме крај на пријателството со Него и со Неговиот народ? Наместо тоа, зарем не треба да продолжиме да му служиме на Бог, со доверба дека „Судијата на целата земја“ знае што се случило и дека ќе ги среди работите како што треба? (1. Мој. 18:25; Кол. 3:23-25). Ако човек дословно се спрепне и падне, сигурно нема намерно да остане на земја без воопшто да се обиде да стане!
9 Со цел да пружи духовна помош, старешината може да спомне дека некои, со текот на времето, сфаќаат дека она што ги спрепнало веќе и не е толку важно. Всушност, каменот што ги спрепнал сега воопшто го нема. А што ако неактивниот соверник се спрепнал бидејќи старешините морале да му дадат построг совет или да преземат други мерки за да го исправат? Ако размислува за ситуацијата и се моли за таа работа, можеби ќе сфати дека и самиот, барем со нешто, го заслужил тоа и не требало да дозволи да се спрепне (Пс. 119:165; Евр. 12:5-13).
Дали проблемот бил некое библиско учење?
10, 11. Што би можеле да кажеме кога се обидуваме да му помогнеме на некој што има поинакво разбирање за некое библиско учење?
10 Некои можеби го напуштиле Божјето стадо затоа што не се согласувале со одредено библиско учење. Израелците што биле ослободени од ропството во Египет ‚ги заборавиле делата‘ што Бог ги направил за нив и ‚не ги чекале неговите совети‘ (Пс. 106:13). Би можеле да му помогнеме на неактивниот брат или сестра ако го потсетиме дека „верниот и разборит роб“ обезбедува извонредна духовна храна (Мат. 24:45). Благодарение на тоа, тој во почетокот ја дознал вистината. Тогаш, зошто да не биде решен повторно да живее според вистината? (2. Јов. 4).
11 Кога се труди да им помогне на оние што се оддалечиле од Божјето стадо, старешината може да ги спомне учениците кои го оставиле Исус затоа што не се согласувале со едно негово учење (Јован 6:53, 66). Откако престанале да се дружат со Христос и со неговите верни следбеници, тие го изгубиле своето ценење за духовните работи и својата радост. Дали оние што престанале да доаѓаат на собраниските состаноци нашле друго место каде што има изобилство на здрава духовна храна? Не, друго такво место едноставно не постои!
Дали станува збор за тежок грев?
12, 13. Ако некој што се оддалечил од Божјето стадо признае дека направил тежок грев, како би можело да му се помогне?
12 Некои престануваат да проповедаат и да одат на состаноци затоа што направиле тежок грев. Можеби си мислат дека, ако го признаат својот грев пред старешините, ќе бидат исклучени. Но, тие нема да бидат исклучени од собранието ако повеќе не го прават тој грев и ако искрено се каат (2. Кор. 7:10, 11). Напротив, срдечно ќе бидат примени и старешините ќе им ја дадат потребната духовна помош.
13 Ако си зрел објавител што бил замолен да му помогне на некој неактивен брат или сестра, што треба да сториш ако тој или таа ти каже дека има направено тежок грев? 3. Мојсеева 5:1.) Старешините знаат како да му помогнат на секој што сака да се врати и да живее според Божјата волја. Можеби ќе биде потребно од љубов да преземат некои мерки за да го исправат (Евр. 12:7-11). Ако лицето признае дека му згрешило на Бог, ако престане да го прави гревот и ако навистина се кае, старешините ќе му помогнат и ќе може да добие простување од Јехова (Иса. 1:18; 55:7; Јак. 5:13-16).
Како што беше спомнато претходно, наместо да навлегуваш во проблемот, советувај го да зборува за тоа со старешините. Ако не сака, тогаш ти, од заинтересираност за Јеховиното име и за духовното добро на собранието, треба да постапиш во склад со упатството што го дал Бог за таа работа. (ПрочитајРадост затоа што синот се враќа
14. Раскажи ја со свои зборови Исусовата споредба за расипничкиот син.
14 Оној што бил замолен да ѝ помогне на некоја залутана овца би можел да ја спомне споредбата од Исус која е запишана во Лука 15:11-24. Во таа споредба, еден млад човек го троши сето свое наследство живеејќи распуштено. Но, на крајот му станува одвратен расипничкиот живот што го води. Стомакот му е празен, копнее да си го види семејството, и затоа донесува одлука — ќе се врати дома! Додека синот уште е далеку, таткото го здогледува, па му притрчува во пресрет, му паѓа околу вратот и го бакнува, пресреќен што го гледа. Доколку размисли за оваа споредба, оној што се оддалечил од собранието може да биде поттикнат да се врати во стадото. Бидејќи овој свет наскоро ќе биде уништен, тој треба да се ‚врати дома‘ без одложување.
15. Зошто некои се оддалечуваат од собранието?
15 Повеќето од оние што се оддалечиле од собранието не се баш како расипничкиот син. Некои се оддалечуваат постепено, исто како што еден чамец носен од брановите постепено може да отплови и да се оддалечи од брегот. Други, пак, се толку притиснати од грижи што ги губат од вид духовните работи. А трети дозволуваат да ги спрепне некој од собранието или си заминуваат бидејќи не се согласуваат со некое библиско учење. Освен тоа, некои се оддалечиле од стадото затоа што ги прекршиле библиските мерила. Како и да е, мислите што беа изнесени во врска со ваквите случаи можат да ти помогнат да ги охрабриш оние што го напуштиле стадото од вакви и слични причини, да се вратат во него пред да биде предоцна.
„Добредојде дома, сине!“
16-18. а) Како еден старешина му помогнал на некој брат што со години бил неактивен? б) Зошто овој брат станал неактивен, како му било помогнато, и како бил пречекан во собранието?
16 Еден христијански старешина вели: „Старешините во нашето собрание се многу заинтересирани да ги посетуваат оние што се неактивни. Размислував за еден брат со кого проучував и кому му помогнав да ја запознае вистината. Тој беше неактивен 25 години и минуваше низ многу тежок период во животот. Му објаснив како може да му помогне тоа што ќе ги примени библиските
мерила. По некое време почна да доаѓа во Салата на Царството и се согласи некој да проучува со него за да му помогне уште повеќе да ја зацврсти својата решеност да се врати во стадото“.17 Зошто овој брат станал неактивен? Тој признава: „Почнав да посветувам повеќе внимание на световните наместо на духовните работи. Потоа престанав да проучувам, да одам во служба и на состаноци. Без да бидам свесен за тоа, веќе не бев дел од христијанското собрание. Но, личниот интерес што старешината искрено го покажа кон мене ми помогна да се вратам“. Проблемите на овој брат почнале да се намалуваат откако прифатил некој повторно да ја проучува Библијата со него. Тој вели: „Сфатив дека она што ми недостасуваше во животот беше љубовта и водството на Јехова и на Неговата организација“.
18 Како овој брат бил пречекан во собранието? Тој вели: „Се чувствувам како расипничкиот син за кој зборувал Исус Христос. Всушност, една од нашите постари сестри, која беше во собранието и пред 30 години и сѐ уште е цврста во вистината, ми рече: ‚Добредојде дома, сине!‘ Тие зборови навистина длабоко ме трогнаа. Сфатив дека собранието е мојот вистински дом. И, би сакал да кажам дека многу ја ценам љубовта, срдечноста, стрпливоста и грижата што ја покажаа кон мене и тој старешина и целото собрание. Нивната љубов кон Јехова и кон ближниот навистина ми помогнаа да се вратам во стадото“.
Поттикни ги да се вратат без одложување!
19, 20. Како можеш да ги охрабриш неактивните сохристијани да се вратат во стадото без одложување, и како можеш да им покажеш дека Бог не бара премногу од нас?
19 Живееме во последните денови, и крајот на сегашниов поредок само што не дошол. Затоа, охрабри ги неактивните браќа или сестри да доаѓаат на христијанските состаноци. Поттикни ги веднаш да го сторат тоа. Нагласи им дека Сатана сака да го уништи нивното пријателство со Бог и да ги натера да мислат дека ќе им биде полесно во животот ако престанат да му служат на вистинскиот Бог. Увери ги дека, само ако сме верни следбеници на Исус, ќе чувствуваме вистинска поткрепа. (Прочитај Матеј 11:28-30.)
20 Потсети ги дека Бог очекува од нас да го правиме она што можеме. Кога некои ја критикувале Марија, сестрата на Лазар, затоа што го помазала Исус со скапо мирисливо масло кратко пред да биде убиен, тој рекол: „Оставете ја!.. Таа направи сѐ што можеше“ (Мар. 14:6-8). Исус ја пофалил и сиромашната вдовица која дала многу мал прилог во храмот. И таа направила сѐ што можела (Лука 21:1-4). Повеќето од нас можат да одат на христијанските состаноци и да проповедаат за Царството. А со Јеховина помош, и мнозина од оние што сега се неактивни ќе можат да го прават тоа.
21, 22. Во што можеш да ги увериш оние што се враќаат кај Јехова?
21 Ако некој сличен на овца, кој се оддалечил од стадото и залутал, се плаши повторно да се сретне со своите браќа, можеш да го потсетиш на радоста што ја предизвикало враќањето на расипничкиот син. Кога некој повторно ќе се врати во собранието, владее слична радост. Поттикни ги веднаш да преземат чекори за да му се спротивстават на Ѓаволот и да му се приближат на Бог (Јак. 4:7, 8).
22 Оние што се враќаат кај Јехова ќе бидат пречекани со радост (Плач 3:40). Во минатото, тие сигурно многу се радувале додека му служеле на Бог. А неописливи благослови ги очекуваат и во иднина оние што се враќаат во стадото без одложување!
Како би одговорил?
• Како би можел да му помогнеш на некој христијанин кој се спрепнал и станал неактивен?
• Што би можеле да кажеме кога се обидуваме да му помогнеме на некој што го напуштил Божјето стадо бидејќи има поинакво разбирање за некое библиско учење?
• Како може да му се помогне на некој што се колеба повторно да се врати во собранието?
[Прашања]
[Слика на страница 13]
Слушај внимателно кога некој неактивен соверник си го отвора срцето
[Слика на страница 15]
Некои можеби ќе бидат поттикнати да се вратат во стадото ако размислат за Исусовата споредба за расипничкиот син