Јехова заслужува сите да го фалиме
Јехова заслужува сите да го фалиме
„Фалете го Јах!“ (ПС. 111:1)
1, 2. Што значи „алилуја“, и како се користи овој израз во Христијанските грчки списи?
„АЛИЛУЈА!“ Овој збор многу често се слуша во црквите. Некои луѓе го користат дури и во секојдневниот разговор. Меѓутоа, ретко кој знае што значи тој збор, а мнозина од оние што го користат, со својот начин на живот го обесчестуваат Бог (Тит 1:16). Во еден библиски речник е објаснето дека зборот „алилуја“ „го користат разни писатели на псалмите за да ги поттикнат сите да го фалат Јехова заедно со нив“. Всушност, многу изучувачи на Библијата истакнуваат дека „алилуја“ значи „,Фалете го Јах‘, [односно] Јехова“.
2 Затоа, сосема е разбирливо што во Преводот Нов свет овој израз во Псалм 111:1 гласи: „Фалете го Јах!“ Грчкиот облик на овој израз се појавува четири пати во Откровение 19:1-6, каде што се прославува крајот на лажната религија. Кога ќе се случи тоа, вистинските Божји слуги ќе имаат посебна причина со почит да извикуваат „алилуја“.
Неговите големи дела
3. Која е главната причина што редовно се состануваме?
3 Писателот на 111. Псалм наведува многу причини зошто Јехова заслужува сите да го фалиме. Во 1. стих пишува: „Ќе го фалам Јехова со сето свое срце во блиското друштво на чесни пријатели и во нивниот круг“. Јеховините сведоци денес имаат сличен став. Главната причина зошто редовно се состануваме, било на собраниските состаноци било на конгресите, е да го фалиме Јехова.
4. Што значи да ‚размислуваме за Јеховините дела‘?
4 „Големи се Јеховините дела, за нив размислуваат сите што уживаат во нив“ (Пс. 111:2). Забележи го изразот „за нив размислуваат“. Според една книга, овој стих може да се примени на луѓето што „трудољубиво и темелно ги проучуваат и длабоко размислуваат“ за Божјите дела. Сѐ што создал Јехова си има своја прекрасна цел. Тој ги поставил небесните тела како што се Сонцето, Земјата и Месечината во совршен однос едно со друго, и затоа на нашата планета има топлина и светлина, ден и ноќ, годишни времиња и плима и осека.
5. Што открива сѐ поголемото знаење за вселената?
5 Научниците сега знаат многу за местоположбата на Земјата во Сончевиот систем, како и за совршената орбита, големина и маса на Месечината. Овие небесни тела се поставени во таков меѓусебен однос што можеме да имаме прекрасни годишни времиња. Човекот многу научил и
за прецизноста на природните сили во вселената. Затоа, во една статија со наслов „Вселена создадена ‚по мерка‘“, еден професор по машинско инженерство вели: „Сосема е разбирливо зошто толку многу научници го сменија мислењето во изминативе 30 години и сега се согласуваат дека треба огромна вера за да се задржи ставот дека вселената настанала случајно. Колку повеќе дознаваме за нашата мајсторски обликувана планета, толку повеќе причини имаме да веруваме дека постои еден мудар творец“.6. Што мислиш за начинот на кој Бог го создал човекот?
6 Друг величествен аспект на создавањето е начинот на кој Бог нѐ создал нас (Пс. 139:14). Кога ги создал луѓето, тој им дал ум, тело опремено со сите неопходни органи и способност да работат. На пример, вистинско чудо се дарбите што Бог ни ги дал, како што се говорот, слухот и способноста да читаме и да пишуваме. Повеќето луѓе ги имаат овие дарби. И нашето тело, кое може да се држи исправено, е ремек-дело на инженерството. Градбата и подвижноста на човечкото тело, како и хемиските процеси што се одвиваат во него навистина предизвикуваат восхит! Освен тоа, зачудувачките нервни врски, кои им овозможуваат на умот и на сетилата да функционираат, далеку ги надминуваат сите достигнувања на научниците. Всушност, сите човечки достигнувања се возможни само затоа што сме обдарени со ум и сетила. Дури ни најстручниот и најспособен инженер не би можел да создаде нешто поубаво и покорисно од десетте чудесни лостови — прстите. Размисли: ‚Дали големите уметнички дела и разните изуми ќе постоеја без вештите прсти кои се дар од Бог?‘
Божјите големи дела и неговите особини
7. Зошто треба да гледаме на Библијата како на едно од Божјите големи дела?
7 Меѓу Јеховините големи дела се и други прекрасни работи што тој ги направил за луѓето, а за кои читаме во Библијата. И самата Библија е едно складно ремек-дело. За разлика од сите други книги, Светото писмо навистина е „вдахновено од Бог и корисно за поучување“ (2. Тим. 3:16). На пример, првата книга од Библијата, 1. Мојсеева, објаснува како Бог ја исчистил злобата од Земјата во времето на Ное. Следната книга, 2. Мојсеева, покажува како Јехова докажал дека тој е вистинскиот Бог кога ги извел Израелците од ропството во Египет. Псалмистот веројатно ги имал ваквите настани на ум кога рекол: „[Јеховините] дела се славни и величествени, неговата праведност останува засекогаш. Тој направи чуда што се паметат. Јехова е добар и милосрден“ (Пс. 111:3, 4). Сигурно и ти ќе се сложиш дека Јеховините дела низ историјата, вклучувајќи ги и оние што самиот си ги видел, „се славни и величествени“ дела што се паметат.
8, 9. а) По што честопати се разликуваат Божјите дела од човечките? б) Кои особини на Бог ги цениш ти?
8 Забележи дека псалмистот го свртува вниманието и на Јеховините убави особини, како што се праведноста, добрината и милосрдноста. Знаеш дека делата, односно постапките на грешните луѓе ретко се темелат на праведност. Напротив, тие честопати се резултат на алчност, завист и горделивост. Јасен доказ за тоа е ѓаволското оружје што луѓето го произведуваат за да водат војни и за да заработат. Тоа оружје им нанесува неописливи неволји и ужаси на милиони невини жртви. Освен тоа, луѓето постигнале многу на сметка на туѓото страдање. Како пример за ова мнозина би ги навеле робовите кои биле искористувани за градење на пирамидите. Тие зданија главно служеле како гробници на горделивите фараони. Освен тоа, со многу денешни достигнувања на човекот, не само што им се нанесува страдање на другите, туку и ‚се уништува земјата‘. (Прочитај Откровение 11:18.)
9 Колку само се поинакви Јеховините дела, кои секогаш се темелат на праведност! Едно од неговите дела е и откупнината, која во својата милосрдност Рим. 3:25, 26). Навистина, „неговата праведност останува засекогаш“! Неговата добрина, пак, ја гледаме од тоа што е многу стрплив со грешните луѓе. Понекогаш, дури ги користел зборовите „те молам“ кога ги повикувал луѓето да ги остават своите криви патишта и да го прават она што е исправно. (Прочитај Езекиел 18:25.)
ја обезбедил за да можат да се спасат грешните луѓе. Преку оваа откупнина, Бог ‚ја покажал својата праведност‘ (Верно ги исполнува своите ветувања
10. Во врска со сојузот со Авраам, како покажал Јехова дека верно ги исполнува своите ветувања?
10 „Им дава храна на оние што се бојат од него. Довека ќе се сеќава на својот сојуз“ (Пс. 111:5). Псалмистот најверојатно се осврнува на сојузот што Бог го склучил со Авраам. Јехова му ветил на овој човек дека ќе го благослови неговото потомство и дека тоа ќе ги заземе портите на своите непријатели (1. Мој. 22:17, 18; Пс. 105:8, 9). Во првото исполнување, потомството на Авраам бил израелскиот народ. Тој народ долго време бил во ропство во Египет, но потоа ‚Бог се сетил на својот сојуз со Авраам‘ и го ослободил (2. Мој. 2:24). Од начинот на кој Јехова постапувал со Израелците откако ги ослободил се гледа колку великодушен е тој. Се грижел да имаат храна што ќе ги крепи физички и духовна храна што ќе им помага да се држат за неговите мерила (5. Мој. 6:1-3; 8:4; Неем. 9:21). Во вековите што следеле, честопати се случувало народот да му биде непослушен на Бог, иако тој им праќал пророци за да ги поттикнат да му се вратат. По повеќе од 1.500 години откако ги избавил од Египет, Бог го пратил својот единороден Син на Земјата. Повеќето Евреи го отфрлиле Исус и дозволиле да биде убиен. Тогаш Јехова основал еден нов, духовен народ — „Израелот Божји“. Овој народ, заедно со Христос, го сочинува симболичното потомство на Авраам, преку кое Јехова прорекол дека ќе го благослови човештвото (Гал. 3:16, 29; 6:16).
11. Како Јехова и понатаму „се сеќава на својот сојуз“ со Авраам?
11 Јехова и понатаму „се сеќава на својот сојуз“ и на благословите што ги ветил преку него. Денес, тој се грижи да има изобилство духовна храна на преку 400 јазици. Освен тоа, продолжува да одговара на молитвите за нашите физички потреби, кои се во склад со зборовите: „Лебот наш потребен за овој ден дај ни го денес“ (Лука 11:3; Пс. 72:16, 17; Иса. 25:6-8).
Јеховината неизмерна сила
12. Во која смисла древниот Израел го добил „наследството на другите народи“?
12 „Силата на своите дела му ја објави на својот народ, кога им го даде ним наследството на другите народи“ (Пс. 111:6). Можеби со овие зборови псалмистот се осврнал на еден несекојдневен настан од историјата на Израел — кога Јехова со чудо ги избавил од Египет. Откако Јехова им дозволил на Израелците да влезат во Ветената земја, тие поразиле и освоиле повеќе царства источно и западно од реката Јордан (Прочитај Неемија 9:22-25.) Да, Јехова му го дал на Израел „наследството на другите народи“. Ова навистина било доказ за Божјата сила!
13, 14. а) На кој настан поврзан со Вавилон можеби се осврнал псалмистот кога зборувал за Божјата сила? б) Со кои други величествени дела Јехова го избавил својот народ?
13 Но, многу добро знаеме дека, и покрај сѐ што сторил Јехова за нив, Израелците не покажале почит кон него и кон своите предци Авраам, Исак и Јаков. Продолжиле да се бунтуваат сѐ додека Бог не ги употребил Вавилонците да ги одведат во ропство (2. Лет. 36:15-17; Неем. 9:28-30). Ако писателот на 111. Псалм живеел откако Израелците се вратиле од изгнанството во Вавилон, како што претпоставуваат некои изучувачи на Библијата, тогаш тој имал уште повеќе причини да го фали Јехова за неговата верност и сила. Бог ги покажал овие особини кога ги избавил Евреите од Вавилон — царство чија политика била да не ги пушта заробениците (Иса. 14:4, 17).
14 Околу пет века подоцна, Јехова ја покажал Рим. 5:12). Меѓу другото, со тоа избавување, 144.000 луѓе добиле можност да станат следбеници на Христос помазани со свет дух. Во 1919 год., Јехова ја употребил својата сила за да избави еден мал остаток од овие помазаници од ропството на лажната религија. Успехот што тие го имаат во ова време на крајот може да се припише само на Божјата сила. Откако ќе останат верни до смрт, тие ќе владеат со Исус Христос од небото над Земјата за доброто на луѓето што се покајале (Отк. 2:26, 27; 5:9, 10). Тие ќе добијат многу поголемо наследство од древниот Израел — ќе ја наследат целата Земја! (Мат. 5:5).
својата сила на уште повпечатлив начин — ги избавил од ропството на гревот и смртта луѓето што биле спремни да се покаат (Вечни начела достојни за доверба
15, 16. а) Што спаѓа во делата на Божјите раце? б) Какви заповеди му дал Бог на древниот Израел?
15 „Делата на неговите раце се вистина и правда, сите негови наредби се достојни за доверба, втемелени засекогаш, за сите векови, засновани на вистината и справедливоста“ (Пс. 111:7, 8). Меѓу „делата на [Јеховините] раце“ се и двете камени плочи на кои биле врежани десет важни закони за Израел (2. Мој. 31:18). Овие закони, заедно со сите други прописи што биле опфатени во сојузот на Законот склучен преку Мојсеј, се темелат на вечни начела достојни за доверба.
16 На пример, една од наредбите, или заповедите, на тие плочи гласела: „Јас сум Јехова, твојот Бог, Бог кој бара да му се покажува оддаденост само нему“. Понатаму се вели дека Јехова покажува „милост и кон илјадитото поколение на оние што [го] сакаат и ги држат [неговите] заповеди“. На камените плочи биле запишани и други вечни начела како што се „почитувај ги татка си и мајка си“ и „не кради“, а на нив се наоѓал и законот да не се посакува ништо што му припаѓа на друг — закон зад кој стои длабока мудрост (2. Мој. 20:5, 6, 12, 15, 17).
Нашиот свет Откупител кој влева страв
17. Од кои причини Божјето име требало да биде свето за Израелците?
17 „Му испрати откуп на својот народ. Заповеда неговиот сојуз да трае довека. Неговото име е свето и влева страв“ (Пс. 111:9). Можеби и со овие зборови псалмистот сакал да укаже колку е верен Јехова на сојузот што го склучил со Авраам. Токму поради тоа, Бог не го напуштил својот народ, прво кога бил во ропство во Египет, а подоцна и во Вавилон. И во двата случаја, Бог го откупил својот народ. Макар само поради овие две причини, Божјето име требало да биде свето за Израелците. (Прочитај 2. Мојсеева 20:7; Римјаните 2:23, 24.)
18. Зошто ти лично сметаш дека е чест да се носи Божјето име?
18 Истото важи и за христијаните денес, кои се откупени од безнадежното ропство на гревот и смртта. Треба со сите сили да се трудиме да живееме во склад со првото барање наведено во молитвата Оченаш: „Да се свети името твое“ (Мат. 6:9). Ако размислуваме за ова славно име, тоа кај нас ќе влее страв од Бог. Писателот на 111. Псалм имал исправно гледиште за стравот од Бог. Тоа се гледа од неговите зборови: „Стравот Јеховин е првото нешто потребно за да се стекне мудрост. Сите што ги извршуваат неговите наредби се навистина разборити“ (Пс. 111:10).
19. Што ќе разгледаме во следната статија?
19 Исправниот страв од Бог ќе ни помогне да го мразиме она што е лошо. Исто така, ќе ни помогне да ги покажуваме убавите особини на Бог запишани во 112. Псалм, кои ќе ги разгледаме во следната статија. Тој псалм покажува што можеме да направиме за да бидеме меѓу милионите луѓе кои ќе имаат можност засекогаш да го фалат Бог. Тој и го заслужува тоа! „Неговата фалба останува засекогаш“ (Пс. 111:10).
Прашања за размислување
• Зошто Јехова заслужува сите да го фалиме?
• Кои особини на Јехова се гледаат во неговите дела?
• Како гледаш ти на честа да го носиш Божјето име?
[Прашања]
[Слика на страница 20]
Главната причина зошто редовно се состануваме е да го фалиме Јехова
[Слика на страница 23]
Сите Јеховини закони се темелат на вечни начела достојни за доверба