Одврати ги очите од безвредни работи!
Одврати ги очите од безвредни работи!
„Одврати ми ги очите од безвредни работи, зачувај ме жив на својот пат“ (ПС. 119:37)
1. Колку значаен дар е видот?
ВИДОТ е навистина бесценет дар! Поради овој дар можеме веднаш да забележиме што се случува околу нас — и тоа во боја! Видот ни помага да ги видиме пријателите, но и да ги препознаеме опасностите. Ни помага да уживаме во убавината, да се восхитуваме на чудесните творби и да ги видиме доказите за постоењето на Бог и за неговата слава (Пс. 8:3, 4; 19:1, 2; 104:24; Рим. 1:20). И, бидејќи е многу важен канал преку кој информациите стигнуваат до мозокот, видот на еден посебен начин ни помага да го запознаеме Јехова и да изградиме вера во него (Ис. Нав. 1:8; Пс. 1:2, 3).
2. Зошто е важно што гледаме, и што можеме да научиме од сесрдната молба на псалмистот?
2 Но, она што го гледаме може и да ни наштети. Врската помеѓу видот и умот е толку силна што она кое го гледаме со очите може да роди или да разгори амбиции и желби во нашето срце. А бидејќи живееме во изопачен и себичен свет со кој владее Сатана Ѓаволот, преплавени сме со пропаганда и слики кои лесно можат да нѐ наведат на погрешен пат — дури и ако само фрлиме брз поглед на нив (1. Јов. 5:19). Ништо чудно што псалмистот сесрдно го молел Бог: „Одврати ми ги очите од безвредни работи, зачувај ме жив на својот пат“ (Пс. 119:37).
Како можат да нѐ измамат очите
3-5. Кои библиски примери покажуваат колку е опасно да им дозволиме на очите да нѐ заведат?
3 Размисли за она што се случило со првата жена, Ева. Сатана ѝ рекол дека ‚ќе ѝ се отворат очите‘ ако јаде од плодот на „дрвото на спознанието на доброто и злото“. Мислата дека очите ќе ѝ се „отворат“ сигурно ѝ ја заскокоткала љубопитноста на Ева. Но, желбата да јаде од забранетиот плод станала уште посилна кога ‚видела дека плодот на дрвото е добар за јадење, примамлив за очите и пожелен за гледање‘. Ева почнала со копнеж да го гледа дрвото, и тоа ја навело да не ја послуша Божјата заповед. И маж ѝ Адам постапил непослушно, што довело до катастрофални последици за целото човештво (1. Мој. 2:17; 3:2-6; Рим. 5:12; Јак. 1:14, 15).
4 Во времето на Ное, и врз некои ангели влијаело она што го гледале. Во 1. Мојсеева 6:2 за нив пишува: „Синовите на вистинскиот Бог забележаа дека човечките ќерки се убави, па си ги земаа за жени, сите што ќе ги избереа“. Бидејќи похотливо ги гледале човечките ќерки, кај тие бунтовни ангели се родила неприродна желба да имаат полови односи со човечки суштества, по што им се родиле насилни деца. Луѓето во тоа време толку се расипале што, на крајот, сите биле уништени, освен Ное и неговото семејство (1. Мој. 6:4-7, 11, 12).
5 Со векови подоцна, очите го навеле Израелецот Ахан да украде некои од работите во освоениот град Ерихон. Бог заповедал да биде уништено сѐ во тој град, освен некои работи што требало да се стават во Јеховината ризница. Израелците биле предупредени: „Чувајте се од проколнатите работи, за да не посакате и да не земете“ некои од нив. Ахан не послушал, Ис. Нав. 6:18, 19; 7:1-26). Во своето срце, Ахан го посакал она што му било забрането.
и како последица на тоа Израелците претрпеле пораз од жителите на градот Гај, при што загинале повеќе души. Ахан не ја признал кражбата сѐ додека не бил разоткриен. „Кога [ги] здогледав“ работите, рекол тој, „ги посакав и ги зедов.“ Поради желбата на очите, Ахан бил убиен и било уништено ‚сѐ што било негово‘ (Потребна е самоконтрола
6, 7. Која ‚сплетка‘ често ја користи Сатана за да нѐ фати во замка, и како ја користат рекламните агенти?
6 И денес луѓето се искушани на сличен начин како што биле искушани Ева, непослушните ангели и Ахан. Од сите „сплетки“ со кои се служи Сатана за да ги заведе луѓето, најуспешна му е „желбата на очите“ (Еф. 6:11; 1. Јов. 2:16). Денешната рекламна индустрија многу добро знае дека врз луѓето отсекогаш влијаело она што е привлечно за очите. „Од сите сетила, видот има најголема моќ да заведе“, вели еден од водечките рекламни агенти во Европа. „Видот честопати има посилно влијание од другите сетила, како и моќ да нѐ наведе на нешто што се коси со секоја логика.“
7 Не е ни чудо што преку рекламите сме преплавени со слики кои се многу вешто осмислени за да остават што е можно посилен визуелен ефект врз нас и да родат желба за одредени производи и услуги! Еден истражувач од САД, кој проучувал како влијаат рекламите врз луѓето, рекол дека тие „се направени не само за да пренесат информации до мозокот на гледачите туку, што е уште поважно, да разгорат специфични емоции и да поттикнат на конкретни постапки“. Еден облик на реклами што често се користи се сексуално провокативните слики. Затоа, многу е важно да внимаваме што гледаме и што дозволуваме да ни влезе во умот и во срцето!
8. Како Библијата истакнува дека треба да внимаваме што гледаме?
8 Вистинските христијани не се отпорни на желбите на очите и на телото. Затоа, Божјата реч нѐ поттикнува да се контролираме што гледаме и колку долго гледаме (1. Кор. 9:25, 27; прочитај 1. Јованово 2:15-17). Јов бил праведен човек кој сфатил колку е силна врската помеѓу она што го гледаме и она што го посакуваме. Тој рекол: „Склучив сојуз со своите очи, па како би можел тогаш да гледам по девица?“ (Јов 31:1). Јов не само што не сакал да допре жена на непристоен начин туку не сакал ни да помисли на такво нешто. Исус истакнал дека не смееме да имаме неморални мисли во умот кога рекол: „Секој што гледа во жена со страст, веќе извршил прељуба со неа во своето срце“ (Мат. 5:28).
Безвредни работи што не треба да ги гледаме
9. а) Зошто мораме да бидеме особено претпазливи кога сме на интернет? б) Какви можат да бидат последиците ако некој макар само накратко гледа порнографија?
9 Денес во светот станува сѐ понормално да се гледа порнографија, особено на интернет. Дури и не мора да бараме такви веб-сајтови — тие нѐ наоѓаат нас! Како? Така што на екранот наеднаш може да се појави реклама со многу примамлива слика. Или, ако отвориш некоја навидум невина порака, одеднаш може да излезе порнографска слика која е така програмирана што не може лесно да се затвори. Дури и ако фрлиш само еден поглед на сликата пред да ја избришеш, таа веќе е врежана во умот. Макар и само неколку секунди да гледаш порнографија, тоа може да има горки последици. Може да ти ја извалка совеста и да не можеш да ги избришеш неморалните сцени Ефешаните 5:3, 4, 12; Кол. 3:5, 6.)
од умот, колку и да се трудиш. Оној, пак, што намерно гледа порнографија е во уште полоша состојба, бидејќи тоа покажува дека сѐ уште не ги усмртил своите неисправни желби. (Прочитај10. Зошто порнографијата влијае лошо особено врз децата, и какви може да бидат последиците ако се гледа порнографија?
10 Децата може да почнат да гледаат порнографија чисто од љубопитност. Ако се случи такво нешто, тоа може да остави трајни последици врз нивниот став кон половите односи. Според еден извештај, тие последици може да бидат најразлични — од искривено гледиште за сексот па сѐ до „тешкотии во одржувањето здрава врска полна со љубов; нереалистично гледиште за жените; и можна зависност од порнографија, која би можела лошо да се одрази врз учењето, пријателствата и семејните врски“. Уште пострашни може да бидат последиците подоцна, кога тие лица ќе стапат во брак.
11. Објасни со пример колку е опасно да се гледа порнографија.
11 Еден брат напишал: „Од сите зависности што ги имав пред да станам Сведок, најтешко ми беше да се ослободам од порнографијата. Сѐ уште се случува сосема ненадејно да ми дојде некоја од тие слики во главата — поттикната од некој мирис, музика, нешто што ќе го видам, па дури и од некоја несвесна мисла. За мене, тоа е секојдневна борба“. Како дете, еден друг брат ги разгледувал порнографските списанија на татко му, кој не бил Сведок, кога родителите не биле дома. Тој напишал: „Тие слики оставија страшни последици врз мојот млад ум! Дури и сега, 25 години подоцна, некои од нив сѐ уште ми се врежани во мозокот. Колку и да се борам, тие се таму. Совеста ме пече поради тоа, иако свесно не размислувам за нив“. Колку е подобро да ги спречиме таквите непријатни чувства така што воопшто нема да гледаме безвредни работи! Како може некој да успее во тоа? Така што ќе се бори ‚да ја заузда секоја мисла за да му ја покори на Христос‘ (2. Кор. 10:5).
12, 13. Кои безвредни работи не смеат да ги гледаат христијаните, и зошто?
12 Друга безвредна работа што треба да ја избегнуваме е забавата во која се величаат материјализмот или окултизмот, во која има насилство, крвопролевање и убивање. (Прочитај Псалм 101:3.) Христијаните што имаат деца се одговорни пред Јехова за она што дозволуваат да се гледа во нивниот дом. Се разбира, ниеден вистински христијанин не би сакал намерно да има нешто со спиритизмот. Сепак, родителите треба да внимаваат кога станува збор за филмови, ТВ-серии, видеоигри, па дури и стрипови и детски книги во кои, директно или индиректно, се зборува за нешто натприродно (Изр. 22:5).
13 Без разлика дали сме млади или стари, нашите очи не треба да уживаат во видеоигри во кои се прикажува насилство и крвави сцени кои изгледаат многу реално. (Прочитај Псалм 11:5.) Не смееме да го насочиме умот на која и да било работа што Јехова ја осудува. Да бидеме свесни дека Сатана сака да ни ги извалка мислите (2. Кор. 11:3). Дури и ако трошиме премногу време на гледање работи што можеби не се погрешни, тоа може да ни го одземе времето за семејно проучување, за читање на Библијата и за подготвување за состаноците (Фил. 1:9, 10).
Следи го примерот на Исус
14, 15. Што е интересно во врска со третиот пат кога Сатана се обидел да го искуша Христос, и како Исус успеал да му се спротивстави?
14 За жал, во овој злобен свет неизбежно е да видиме некои безвредни работи. Дури и на Исус му било наметнато такво нешто. Обидувајќи се по третпат да го одвлече Исус од вршењето на Божјата волја, ‚Ѓаволот го одвел на една мошне висока планина и му ги покажал сите Мат. 4:8). Зошто го направил тоа? Без сомнение, сакал да го искористи силното влијание на очите. Можеби си мислел дека, ако Исус макар за миг ја види славата на сите царства на светот, ќе потклекне на желбата да биде некој и нешто. Што направил Исус?
царства на светот и нивната слава‘ (15 Тој воопшто не обрнал внимание на таа привлечна понуда. Не дозволил во срцето да му се родат неисправни желби. Без размислување ја одбил понудата на Ѓаволот. Веднаш рекол: „Бегај, Сатано!“ (Мат. 4:10). На Исус му бил најважен неговиот однос со Јехова и одговорил во склад со својата цел во животот — да ја врши Божјата волја (Евр. 10:7). Како резултат на тоа, ја осуетил подмолната намера на Сатана.
16. Што можеме да научиме од примерот кога Исус се спротивставил на искушенијата од Сатана?
16 Можеме да научиме многу од примерот на Исус. Прво, никој не е поштеден од нападите на Сатана (Мат. 24:24). Второ, она што го гледаме со очите може да ни ги разгори желбите во срцето — било добри било лоши. Трето, Сатана максимално ќе ја користи „желбата на очите“ за да нѐ наведе на лош пат (1. Пет. 5:8). И четврто, и ние можеме да му се спротивставиме на Сатана, особено ако реагираме веднаш (Јак. 4:7; 1. Пет. 2:21).
Окото нека ти биде „бистро“
17. Зошто не е мудро да чекаме пред очи да ни излезе нешто безвредно, па тогаш да мислиме што ќе правиме?
17 Во заветот што му го дадовме на Јехова спаѓа и ветувањето дека ќе бегаме од она што е безвредно. Ветувајќи му на Бог дека ќе ја вршиме неговата волја, и ние, како псалмистот, велиме: „Од секој зол пат ги отстранувам своите нозе, за да се држам за твојата реч“ (Пс. 119:101). Не е мудро да чекаме пред очи да ни излезе нешто безвредно, па тогаш да мислиме што ќе правиме. Многу јасно ни е кажано кои работи ги осудува Библијата. Не ни се непознати сплетките на Сатана. Кога бил искушан Исус да ги претвори камењата во лебови? Откако постел 40 дни и ноќи и откако ‚огладнел‘ (Мат. 4:1-4). Сатана може да забележи кога сме слаби и кога можеме полесно да им подлегнеме на искушенијата. Затоа, сега треба добро да размислиме за овие работи. Да не одложуваме! Ако секој ден го имаме на ум ветувањето што му го дадовме на Јехова, ќе бидеме цврсто решени да бегаме од безвредни работи (Изр. 1:5; 19:20).
18, 19. а) Која е разликата помеѓу „бистро“ и „злобно“ око? б) Зошто е важно и понатаму да размислуваме за она што е добро, и кој совет ни е даден во Филипјаните 4:8?
18 На секој чекор наидуваме на најразлични работи кои се привлечни за гледање, но кои само ни го одвлекуваат вниманието. Што е уште полошо, има сѐ повеќе такви работи. Затоа, сега е поважно од кога и да било порано да го послушаме Исус кој нѐ советува окото да ни биде „бистро“ (Мат. 6:22, 23). „Бистро“ е она око кое е потполно сосредоточено само на една работа — да ја врши Божјата волја. За разлика од него, ‚злобното‘ око е лукаво, алчно и го привлекуваат безвредни работи.
19 Да не заборавиме, нашите очи го хранат нашиот ум, а нашиот ум го храни нашето срце. Затоа, многу е важно да размислуваме за она што е добро. (Прочитај Филипјаните 4:8.) Да продолжиме и ние да се молиме исто како псалмистот, кој рекол: „Одврати ми ги очите од безвредни работи“. Ако се трудиме да постапуваме во склад со таа молитва, можеме да бидеме сигурни дека Јехова ‚ќе нѐ зачува живи на својот пат‘ (Пс. 119:37; Евр. 10:36).
Што треба да запамтиме за...
• врската помеѓу очите, умот и срцето?
• опасностите од гледањето порнографија?
• тоа колку е важно окото да ни биде „бистро“?
[Прашања]
[Слики на страница 23]
Кои безвредни работи не смеат да ги гледаат христијаните?