Угледајте се на Оној што ветил вечен живот
„Угледајте се на Бог, како негови љубени деца“ (ЕФ. 5:1)
1. Која способност може да ни помогне да ги покажуваме Јеховините особини?
ЈЕХОВА ни дал способност да се ставиме на местото на другите. Во извесна мера, можеме да разбереме како се чувствува некој иако можеби никогаш не сме биле во неговата ситуација. (Прочитај Ефешаните 5:1, 2.) Како може оваа способност да ни помогне да ги покажуваме Јеховините особини? И, зошто треба да внимаваме како ја користиме?
2. Што чувствува Јехова кога гледа дека страдаме?
2 Јехова ни ветил прекрасна иднина без никакво страдање. И верните помазаници и лојалните „други овци“ со радост очекуваат да живеат засекогаш — едните на небото, а другите на Земјата (Јован 10:16; 17:3; 1. Кор. 15:53). Сепак, денес ни се случуваат лоши работи. Утешно е што знаеме дека Јехова разбира каква болка чувствуваме. Во минатото, тој добро знаел колку многу страдале Израелците додека биле робови во Египет. Всушност, Библијата вели дека ‚во сите нивни неволји тој чувствувал болка‘ (Иса. 63:9). Со векови подоцна, кога Евреите се исплашиле од непријателите кои се противеле на повторната изградба на храмот, Бог им рекол: „Кој ве допира вас, ја допира зеницата на моето око“ (Зах. 2:8). Исто како што мајката го сака своето доенче, така и Јехова ги сака своите слуги и спремно им помага (Иса. 49:15). Во некоја смисла, тој може да се стави на местото на другите, а истата таа способност ни ја дал и нам (Пс. 103:13, 14).
КАКО ИСУС ЈА ПОКАЖУВАЛ БОЖЈАТА ЉУБОВ
3. Од каде знаеме дека Исус бил сочувствителен?
3 Исус можел да ја почувствува болката на оние што страдале иако можеби самиот никогаш не поминал низ нивните маки. На пример, тој бил свесен дека многумина воделе тежок живот. Верските водачи ги лажеле луѓето и ги оптоварувале со многу човечки правила, и затоа народот се плашел од нив (Мат. 23:4; Мар. 7:1-5; Јован 7:13). Исус никогаш не се плашел од верските водачи и не поверувал во нивните лаги, но сепак можел да разбере како се чувствуваат другите. ‚Штом ги видел мноштвата, тој се сожалил на нив бидејќи биле измачени и расеани како овци без пастир‘ (Мат. 9:36). Исто како својот Татко, Исус бил сочувствителен и полн со љубов (Пс. 103:8).
4. Што правел Исус кога гледал дека луѓето страдаат?
4 Кога гледал како луѓето страдаат, Исус бил поттикнат да им помогне затоа што ги сакал. На тој начин, совршено ја покажувал љубовта на својот Татко. Во една прилика, Исус и неговите апостоли биле уморни бидејќи поминале долг пат проповедајќи им на луѓето, и сакале да појдат на осамено место за да се одморат. Сепак, кога ги видел мноштвата луѓе што го очекувале, Исус се сожалил на нив и ‚почнал да ги поучува за многу работи‘ (Мар. 6:30, 31, 34).
ПОКАЖУВАЈ ЉУБОВ КАКО ЈЕХОВА
5, 6. Што мора да правиме за да покажуваме љубов како што покажува Бог? Наведи пример. (Види ја сликата на почетокот од статијата.)
5 Што мора да правиме за да покажуваме љубов како Јехова? Да наведеме еден пример. Еден млад брат, кој ќе го наречеме Влатко, размислува за еден постар брат од своето собрание кој слабо гледа и затоа му е тешко да чита. Освен тоа, постариот брат има проблеми со нозете, и не може многу да оди во служба од куќа до куќа. Влатко размислува за следниве зборови на Исус: „Како што сакате луѓето да ви прават вам, така правете им и вие ним“ (Лука 6:31). Затоа, се прашува: ‚Што сакам другите да ми прават мене?‘ Неговиот искрен одговор е: ‚Па би сакал да играат фудбал со мене!‘ Но, постариот брат не би можел да игра фудбал, зарем не? Значи, прашањето што, всушност, треба да си го постави Влатко е: ‚Да бев на местото на овој брат, како ќе сакав другите да постапуваат со мене?‘
6 Иако сѐ уште е млад, Влатко има способност да си замисли како би се чувствувал кога би бил стар. Тој поминува време со постариот брат и внимателно го слуша додека разговараат. Влатко постепено разбира како му е на братот и зошто му е тешко да ја чита Библијата и да оди од куќа до куќа. Тој сфаќа како може да му помогне и сака да го стори тоа. И ние може да постапуваме на сличен начин. За да покажуваме кон другите љубов како што покажува Јехова, мора да се ставиме во нивна кожа (1. Кор. 12:26).
7. Како можеме да разбереме низ што поминуваат нашите браќа?
7 Не е секогаш лесно да разбереме како се чувствуваат луѓето што страдаат, Римјаните 12:15; 1. Петрово 3:8.)
особено ако никогаш не сме биле во нивната ситуација. На пример, многу наши браќа чувствуваат физичка болка поради некој здравствен проблем, затоа што се повредиле или, едноставно, остареле. Други трпат душевна болка бидејќи страдаат од депресија и напади на паника или имаат трауми затоа што биле злоупотребувани. Трети, пак, живеат во религиозно разделен дом или се самохрани родители. Сите ние се соочуваме со некој проблем, и обично проблемите на другите се поинакви од нашите. На кој начин можеме да постапиме како Бог и да им покажеме љубов во такви ситуации? Така што внимателно ќе ги слушаме сѐ додека не разбереме како се чувствуваат — барем во извесна мера. Тоа ќе нѐ поттикне да им помогнеме на најдобар можен начин. Иако нашите браќа имаат различни потреби, ние можеме да ги охрабриме во духовен поглед или да им понудиме практична помош. (ПрочитајБИДИ ЉУБЕЗЕН КАКО ЈЕХОВА
8. Што му помогнало на Исус да биде љубезен кон луѓето?
8 Јехова е љубезен и милостив кон сите луѓе (Лука 6:35). А Исус е ист како својот Татко. Што му помогнало да биде љубезен кон луѓето додека бил на Земјата? Тој размислувал како неговите зборови и постапки ќе влијаат врз чувствата на другите. На пример, една жена која била позната како грешница дошла кај него, па плачејќи седнала крај неговите нозе и почнала да му ги натопува со солзи. Исус сфатил дека таа се кае, и знаел колку ќе ѝ биде тешко ако постапи нељубезно со неа. Затоа ја пофалил за доброто што го направила и ѝ простил. А зборувал љубезно и со фарисејот кој ја осудил таа негова постапка (Лука 7:36-48).
9. Што ќе ни помогне да бидеме љубезни како Бог? Наведи пример.
9 На кој начин можеме и ние да бидеме љубезни како Јехова? Апостол Павле напишал: „Робот на Господарот не смее да се кара, туку треба да биде благ [„тактичен“, фус.] кон сите“ (2. Тим. 2:24). Тактичните луѓе знаат како да постапат во осетливи ситуации без да ги повредат чувствата на другите. Размисли како би можеле да постапиме љубезно во следниве ситуации: Нашиот шеф не си ја врши добро работата. Како ќе реагираме? Некој брат за првпат доаѓа на состанок после неколку месеци. Што ќе му кажеме? Можеби додека сме во служба, станарот ни вели: „Сега сум зафатен и не можам да разговарам“. Дали ќе бидеме обѕирни кон него? Дома, сопружникот нѐ прашува: „Зошто не ми кажа што планираш за сабота?“ Дали ќе му одговориме љубезно? Ако се ставаме на местото на другите и ако размислуваме како нашите зборови ќе влијаат врз нив, ќе знаеме што да кажеме и што да направиме за да бидеме љубезни како Јехова. (Прочитај Изреки 15:28.)
ТРУДИ СЕ ДА БИДЕШ МУДАР КАКО ЈЕХОВА
10, 11. Што ќе ни помогне да бидеме мудри како Бог? Наведи пример.
10 Јехова е бескрајно мудар и, ако сака, може да види што ќе се случи во иднина. Иако не ја знаеме иднината, и ние може да бидеме мудри. Како? Така што, пред да донесеме одлука, ќе размислиме како таа би можела да влијае врз нас или врз другите. Израелците не размислиле за можните последици од нивната непослушност кон Бог. Не размислувале ни за сето она што Јехова го направил за нив. Бидејќи Мојсеј бил свесен за тоа, знаел дека ќе ги прекршат Божјите закони. Затоа рекол: „Израелците се народ без разум, меѓу 5. Мој. 31:29, 30; 32:28, 29).
нив нема разборитост. Барем да се мудри! Тогаш добро би размислиле за ова. Би размислиле каков ќе им биде крајот“ (11 Ќе бидеме мудри како Јехова ако однапред размислуваме, па дури и ако си ги замислиме можните последици од нашите постапки. На пример, ако си во врска, не заборавај дека може да биде многу тешко да ги контролираш своите чувства и сексуални желби. Затоа, внимавај да не направиш нешто со кое можеш да го доведеш во опасност своето скапоцено пријателство со Јехова! Наместо тоа, послушај ги следниве мудри зборови: „Паметниот човек го гледа злото и се трга, а глупавите одат понатаму и ја трпат казната“ (Изр. 22:3).
ВНИМАВАЈ ЗА ШТО РАЗМИСЛУВАШ
12. Како можат да ни наштетат работите за кои размислуваме?
12 Мудриот човек е свесен дека размислувањето може да биде како оган. Ако сме внимателни, огнот може да ни користи, на пример, за да зготвиме јадење. Но, ако излезе од контрола, огнот може да биде смртоносен — може да ја изгори и куќата и оние што живеат во неа. Слично е и со нашите мисли. Добро е да размислуваме за она што го учиме од Јехова бидејќи тоа ќе ни помогне да бидеме послични на него. Меѓутоа, многу е опасно да мислиме на работи што кај нас можат да разгорат неморални желби. Ако често размислуваме за погрешни работи, може толку многу да ги посакуваме што на крајот и ќе ги направиме. Ова би можело да го уништи нашето пријателство со Јехова. (Прочитај Јаков 1:14, 15.)
13. Што најверојатно си замислувала Ева?
13 Да разгледаме накратко како кај првата жена, Ева, се родила желба да јаде од забранетиот плод на „дрвото на спознанието на доброто и злото“ (1. Мој. 2:16, 17). Змијата ѝ рекла: „Вие нема да умрете. Зашто Бог знае дека, во оној ден кога ќе јадете од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како Бог и ќе знаете што е добро, а што зло“. Ева ‚видела дека плодот на дрвото е добар за јадење, примамлив за очите и пожелен за гледање‘. Каков бил резултатот од тоа? Библијата вели: „[Таа] скина плод и касна од него. Потоа му даде од плодот и на својот маж, кога беше со неа, па и тој јадеше“ (1. Мој. 3:1-6). Очигледно на Ева ѝ се допаднало она што ѝ го понудил Сатана: наместо некој да ѝ кажува што е добро а што лошо, таа ќе можела сама да донесува одлука во врска со тоа. Колку опасно било ваквото размислување! Откако Ева му дала од плодот и на својот маж, ‚гревот влегол во светот и преку гревот смртта‘ (Рим. 5:12).
14. Кои предупредувања ги дава Библијата во врска со неморалот?
Мат. 5:28). А апостол Павле го дал следново предупредување: „Не размислувајте за тоа како да ги задоволите желбите на телото“ (Рим. 13:14).
14 Се разбира, гревот на Ева не бил поврзан со неморал. Но, Исус јасно предупредил дека е погрешно да си замислуваме работи што кај нас ќе подбудат неморални желби. Тој рекол: „Секој што гледа во жена со страст, веќе извршил прељуба со неа во своето срце“ (15. Какво богатство треба да си собираме, и зошто?
15 Библијата исто така предупредува дека е опасно да мечтаеме по големо богатство, а на сметка на тоа да го занемариме нашето пријателство со Јехова. Всушност, богатството е како висок ѕид за богатиот само „во неговото мечтаење“ (Изр. 18:11). Исус раскажал една споредба за да покаже колку е неразумен оној што „собира богатство за себе, а не е богат пред Бог“ (Лука 12:16-21). Јехова се радува кога се трудиме да му угодиме (Изр. 27:11). А и ние сме среќни кога ја имаме неговата милост затоа што си собираме „богатство на небото“ (Мат. 6:20). Без сомнение, блиското пријателство со Бог е нашето најголемо богатство.
ПРЕСТАНИ ПРЕТЕРАНО ДА СЕ ГРИЖИШ
16. Што може да ни ги намали грижите?
16 Ако се трудиме да се збогатиме во овој свет, тоа ќе ни донесе многу грижи (Мат. 6:19). Исус предупредил дека оние што се преокупирани со пари нема да успеат да го задржат Божјето Царство на прво место во својот живот (Мат. 13:18, 19, 22). Освен тоа, некои постојано се загрижени за сите лоши работи што би можеле да им се случат. Ако не ги држиме под контрола негативните мисли, тие можат да ни наштетат и во физички и во духовен поглед. Затоа, да имаме доверба во Јехова и да не заборавиме дека „од загриженост срцето на човекот му премалува, а добриот збор го радува“ (Изр. 12:25). Ако си загрижен за нешто, зборувај со некој што му служи на Јехова и што добро те познава. Разговорот со родителите, со брачниот другар или со некој доверлив пријател може многу да ни ги намали грижите.
17. Како Јехова ни помага да се справиме со грижите?
17 Јехова разбира како се чувствуваме повеќе од кој и да е друг, и може да ни даде мир кога ќе нѐ притиснат грижи. Павле напишал: „Не бидете загрижени за ништо, туку во сѐ — со молитви и молби, со благодарење — изнесете му ги своите барања на Бог. И мирот Божји, кој ја надминува секоја мисла, ќе ги чува вашите срца и вашиот ум преку Христос Исус“ (Фил. 4:6, 7). Затоа, кога си загрижен, размислувај за помошта што Јехова ни ја дава за да останеме блиски со него, како и за помошта што ја добиваме преку нашите браќа и сестри, старешините, верниот роб, ангелите и Исус.
18. Како може да ни помогне способноста да си го замислуваме она што не сме го доживеале?
18 Како што видовме, способноста да си го замислуваме она што не сме го доживеале може да ни помогне да бидеме како Јехова (1. Тим. 1:11; 1. Јов. 4:8). Ќе бидеме среќни ако покажуваме искрена љубов, ако мислиме на последиците од нашите постапки и ако се бориме против грижите кои можат да ни ја одземат радоста. Затоа, да си замислуваме каков ќе биде животот под власта на Божјето Царство и да даваме сѐ од себе за да се угледаме на Јехова така што ќе покажуваме љубов, љубезност и мудрост (Рим. 12:12).