Добро користи ја својата љубопитност
Добро користи ја својата љубопитност
„Човекот е суштество што поставува прашања. Откако ќе се родиме, почнуваме да прашуваме... Би можело да се рече дека историјата на човештвото е историја на прашања што сме ги поставувале и одговори што сме ги давале самите ние, луѓето“ (Октавио Паз, мексикански поет).
ШТО го инспирира готвачот да измисли некој нов рецепт? Што го тера истражувачот да оди во далечни и, можеби, опасни места? Што го наведува детето да поставува толку прашања? Најчесто тоа е љубопитноста.
Како е со тебе? Дали новите идеи или потрагата по одговори на интересни прашања ја будат твојата љубопитност? На пример: ‚Како настанал животот? Зошто постоиме? Дали постои Бог?‘ Многумина од нас уште од мали љубопитно поставувале вакви прашања за да откријат какви се нештата и зошто постојат. Кога некоја работа ќе нѐ заинтересира, се трудиме да дознаеме сѐ за неа. Ваквата љубопитност може да води до многу убави сознанија. Меѓутоа, може да води и до проблеми, па дури и до големи неволји.
Потребни се претпазливост и урамнотеженост
Покажана на неисправно место и на неисправен начин, љубопитноста може да биде опасна. На пример, од љубопитност едно дете може да допре жешка рингла, што ќе има тешки последици. Од друга страна, пак, љубопитноста може да нѐ мотивира да го продлабочиме своето знаење и да научиме многу нови работи. Но, дали би било мудро да се интересираме за сѐ што ќе ни ја разбуди љубопитноста?
Очигледно, има работи што не е пожелно да ги знаеме затоа што се штетни. Љубопитноста за порнографија, окултизам или учења на секти или екстремистички групи лесно може да нѐ вовлече во проблеми. Во врска со овие и слични работи, добро е да го имаме ставот на хебрејскиот псалмист, кој се молел: „Одврати ми ги очите од безвредни работи“ (Псалм 119:37).
Има работи што можеби не се штетни сами по себе, но се безвредни и непотребни. На пример, од каква полза е да знаеме сѐ за приватниот живот на филмските ѕвезди или на славните личности, да ги знаеме сите податоци за спортските тимови и играчи, или да знаеме сѐ за најновите апарати за домаќинството или модели на автомобили? На повеќето луѓе не им е од никаква полза тоа што се „експерти“ на овие полиња.
Добар пример што нѐ мотивира
Се разбра, љубопитноста си има и своја позитивна страна. Да го земеме за пример Александар фон Хумболт, германски природонаучник од 19 век и истражувач според кој го добила името Хумболтовата струја, која тече крај западниот брег на Јужна Америка.
Еднаш Хумболт изјавил: „Уште од дете горев од желба да патувам во далечни места, места во кои ретко отишол некој Европеец“. Тој рекол дека оваа желба му се родила кога „во душата почувствувал силен порив на кој не можел да му одолее“. На 29-годишна возраст, патувал низ Средна и Јужна Америка на експедиција што траела пет години. Со информациите што ги собрал на своите патувања напишал патепис во 30 тома.
Хумболт се интересирал за сѐ — за температурата во океанот, за рибите што живееле во него, за растенијата на кои наидувал по патот. Се качувал по планини, истражувал реки и пловел по океани. Врз основа на истражувањата на Хумболт се поставени темелите на неколку области од современата наука. Сѐ започнало со неговата огромна љубопитност, како и со неговата незаситна желба за знаење што го следела цел живот. Според зборовите на американскиот есеист Ралф Валдо Емерсон, „Хумболт бил едно од оние чуда... што се појавуваат одвреме-навреме за да ни покажат што сѐ може да направи човечкиот ум, како и силата и обемот на неговите способности“.
Поле на кое вреди да се истражува
Се разбира, само на малкумина од нас околностите им дозволуваат да станат светски истражувачи или да дадат свој придонес на полето на науката. Меѓутоа, има една област на знаењето во која можеме и треба да се задлабочиме за да извлечеме многу поголема полза отколку од кој и да е друг потфат. Исус Христос кажал што е тоа кога во една молитва до својот небесен Татко рекол: „За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог, и оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3).
Ниедно друго знаење не може да го задоволи љубопитниот ум како што може знаењето за вистинскиот Бог, чие име е Јехова, и за неговиот Син, Исус Христос. Сети се на прашањата за животот што ги спомнавме во почетокот на оваа статија. Кон нив можеме да ги додадеме и следниве: ‚Зошто има толку страдања во светот? Дали луѓето ќе ја оштетат, па дури и ќе ја уништат Земјата? И што ќе направи Бог за човештвото да не доживее такво нешто?‘ Меѓутоа, кога ќе го дознаеме одговорот на овие прашања, не само што ќе биде задоволена нашата љубопитност туку и ќе добиеме вечен живот, како што рекол Исус. Зошто можеме да бидеме толку сигурни во тоа?
Библијата е вдахновена Божја реч. Христијанскиот апостол Павле напишал за неа: „Целото Писмо е вдахновено од Бог и корисно за поучување, за укорување, за поправање, за воспитување во праведноста, за да биде Божјиот човек вистински способен и потполно опремен за секое добро дело“ (2. Тимотеј 3:16, 17).
Размисли — апостолот рекол дека преку Библијата можеме да стекнеме знаење што може да ни покаже, односно да ни помогне да правиме сѐ што е добро. Таа може да ни помогне да гледаме на работите онака како што гледа Бог. Знаеме дека Божјето знаење и мудрост се далеку над сечии други. Пророкот Исаија бил вдахновен да ги напише следниве длабоки зборови што ги кажал Бог: „,Вашите мисли не се мои мисли и моите патишта не се ваши патишта‘, вели Јехова. ‚Зашто, како што се небесата повисоки од земјата, така се моите патишта повисоки од вашите патишта и моите мисли од вашите мисли‘“ (Исаија 55:8, 9).
Би сакал ли да научиш нешто повеќе за Божјите возвишени патишта и мисли? Дали твојата љубопитност те тера да дознаеш што вели за нив Божјата реч, Библијата? Дали сакаш да дознаеш што ќе стори Бог за да му стави крај на страдањето и кои убави работи ги наумил за луѓето што му се послушни? Во Библијата ти е упатена оваа покана: „Вкусете и видете колку е добар Јехова! Среќен е човекот кому тој му е прибежиште!“ (Псалм 34:8).
Длабоките вистини од Божјата реч можат да влијаат врз срцето на оној што е искрен исто како што светлината влијае врз човек кој бил слеп и прогледал. Апостол Павле рекол: „О длабочино на Божјето богатство, мудрост и знаење! Колку се неистражливи неговите судови и несфатливи неговите патишта!“ (Римјаните 11:33). Факт е дека ќе ни треба цела вечност за да го сфатиме потполно богатството на Божјето знаење и мудрост. Пред нас лежи прекрасна иднина — никогаш да не ни биде здодевно и секогаш да откриваме нешто ново.
Одржувај ја!
Повеќето од нас никогаш нема да станат славни истражувачи или изумители. А можеби никогаш во еден просечен животен век нема да разбереме сѐ што би сакале да знаеме. Сепак, не дозволувај твојата љубопитност да згасне. Одржувај ја жедта за знаење што Бог со толкава љубов ја всадил во нас.
Исправно користи го прекрасниот дар од Бог и добро разбери ја Божјата вдахновена реч, Библијата. Ако го направиш тоа, ќе најдеш смисла и радост во животот сега, а ќе можеш да водиш радосен и смисловен живот и во цела вечност. Бог „направил сѐ да е убаво во свое време“, пишува во Библијата. „Дури и вечноста им ја ставил на луѓето в срце, за да не можат да ги сфатат во потполност делата кои вистинскиот Бог ги направил“ (Проповедник 3:11).
[Рамка/слики на страница 21]
Дали си знаел дека...
• Со векови пред да се открие каква форма има Земјата врз основа на патувањата на Колумбо и Магелан, во Библијата било запишано дека нашава планета не е рамна, туку сферична (Исаија 40:22).
• Долго време пред астронаутите да видат дека Земјата лебди во празен простор, во Библијата било напишано дека таа не е обесена на ништо (Јов 26:7).
• Најмалку 2.500 години пред англискиот физичар Вилијам Харви да го открие крвотокот во човечкото тело, Библијата рекла дека срцето е извор на животот (Изреки 4:23).
• Пред околу 3.000 години, во Библијата со едноставни зборови е опишан водниот циклус на Земјата како дел од екосистемот што го овозможува животот на нашава планета (Проповедник 1:7).
Зар не е чудесно што овие научни факти се спомнати во Библијата долго време пред луѓето да ги разберат или да ги откријат? Всушност, во неа има богатство од информации битни за животот, кои чекаат да ги откриеш.
[Слика на страница 19]
Александар фон Хумболт