Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Еден заговор за убиство пропаѓа!

Еден заговор за убиство пропаѓа!

Катче за младите

Еден заговор за убиство пропаѓа!

Упатства: Седни на тивко место и прочитај ги стиховите што се дадени подолу. Додека читаш, замисли си дека си во тоа време и на тоа место. Претстави си како изгледаат околината и луѓето. Слушај ги гласовите. Соживеј се со чувствата на главните ликови. Живо претстави си ги настаните.

АНАЛИЗИРАЈ ЈА СЦЕНАТА. (ПРОЧИТАЈ ДАНИЕЛ 6:1-28.)

Што мислиш, каков човек бил Дариј? Како си го замислуваш неговиот изглед? Каков тон на гласот „слушаш“ кога зборува тој? (Повторно прочитај ги стиховите 14, 16, 18-20.)

․․․․․

Каква била јамата, и како би ги опишал лавовите?

․․․․․

Што мислиш, што се случило првите неколку минути откако била запечатена јамата во која го фрлиле Даниел.

․․․․․

РАЗМИСЛИ ПОДЛАБОКО.

Зошто управителите во царството на Дариј му биле љубоморни на Даниел? (Повторно прочитај го стих 3.)

․․․․․

Зошто Даниел решил да не се крие кога ќе се моли, иако можел да се помоли без да го види никој? (Повторно прочитај ги стиховите 10 и 11.)

․․․․․

Зошто Дариј си мислел дека е добар законот за молитвите што му предложиле да го донесе? (Повторно прочитај го стих 7.)

․․․․․

ИЗВЛЕЧИ ПОУКА. ЗАПИШИ СИ ШТО НАУЧИ ЗА...

храброста, дури и кога ни се противат:

․․․․․

колку е важна молитвата:

․․․․․

Јеховината грижа за оние што му се верни:

․․․․․

ШТО ТИ ОСТАВИ НАЈСИЛЕН ВПЕЧАТОК ОД ОВОЈ ИЗВЕШТАЈ, И ЗОШТО?

․․․․․