Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Татко на децата без татко

Татко на децата без татко

Приближи му се на Бог

Татко на децата без татко

2. Мојсеева 22:22-24

„БОГ во своето свето живеалиште им е татко на децата без татко“ (Псалм 68:5). Овие зборови запишани под водство на светиот дух ни кажуваат нешто многу трогателно за Јехова Бог — тој се грижи за потребите на оние што се во неповолна положба. Неговата грижа за децата на кои им умрел едниот родител јасно се гледа од Законот што им го дал на Израелците. Да ги разгледаме зборовите од 2. Мојсеева 22:22-24, каде што за првпат во Библијата се спомнува изразот „дете без татко“.

Бог опоменува: „Не правете зло... на дете без татко“ (22. стих). Тоа не било само молба да се биде човечен, туку директна заповед од Бог. Детето што го изгубило својот татко — а со тоа и својот заштитник и хранител — било незаштитено и лесно можело да биде повредено. Никој не требало ‚да му прави зло‘ на едно такво дете. Во други библиски преводи, зборот „прави зло“ е преведен со „злоупотребува“, „малтретира“ и „искористува“. Да му се наштети на дете без татко било сериозна работа во Божји очи. Колку сериозна?

Законот понатаму велел: „Ако им направиш некакво зло, па тие почнат да викаат кон мене, сигурно ќе го чујам нивниот викот“ (23. стих). Во 22. стих, Јехова се обраќа во второ лице множина, но во 23. стих преминува на второ лице еднина. И секој поединец и народот како целина биле должни да ја послушаат оваа Божја заповед. Јехова гледал; тој го свртел увото кон децата без татко, спремен да одговори кога ќе го повикале за помош (Псалм 10:14; Изреки 23:10, 11).

Тогаш, што ќе се случело ако некој му згрешел на дете без татко, па тоа дете имало причина да му се пожали на Бог? „Мојот гнев ќе се распали“, вели Јехова, „и ќе ве погубам со меч“ (24. стих). Еден библиски прирачник вели дека ова „буквално значи ‚и мојот нос ќе се вжешти‘, што е идиом за силен гнев“. Забележи дека Јехова не оставил судиите во Израел да го спроведат овој закон. Лично тој ќе извршел суд над секој што ќе искористувал беспомошно дете (5. Мојсеева 10:17, 18).

Јехова не се променил (Малахија 3:6). Жал му е за децата што останале без едниот или без обата родитела (Јаков 1:27). Биди сигурен дека Таткото на децата без татко со право се лути кога некој ги малтретира невините дечиња. Оние што ќе се обидат да искористат незаштитено дете нема да го избегнат „распламтениот гнев на Јехова“ (Софонија 2:2). Таквите злобни луѓе ќе сфатат колку „страшно е да се падне во рацете на живиот Бог“ (Евреите 10:31).