Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дали сиромаштијата значи дека Бог не те сака?

Дали сиромаштијата значи дека Бог не те сака?

Дали сиромаштијата значи дека Бог не те сака?

БОГ им рекол на древните Израелци: „Никој кај тебе не треба да биде сиромашен“. Ова било така затоа што во Законот што им го дал имало прописи за грижа за сиромашните, па дури и за ослободување од долгови (5. Мојсеева 15:1-4, 7-10). Според тоа, меѓу Израелците не требало да има сиромашни луѓе, бидејќи Јехова ветил дека ќе ги благослови. Сепак, благословот зависел од тоа дали Израелците ќе го слушаат Законот. Но, тие не биле послушни.

Меѓутоа, ова не значело дека некои имале малку во материјален поглед затоа што Бог не ги сакал, исто како што не значело дека други имале многу затоа што Бог ги сакал. Многу од Божјите верни слуги биле сиромашни луѓе. Пророкот Амос бил сиромав овчар и сезонски работник (Амос 1:1; 7:14). Во деновите на пророкот Илија, кога во Израел завладеал глад, Илија зависел од гостопримството на една сиромашна вдовица. Додека траел гладот, она малку брашно и масло што ги имала таа биле одржувани со чудо. Ниту Илија ниту вдовицата не станале богати, туку Јехова им ги обезбедил само најосновните работи (1. Царевите 17:8-16).

Непредвидените настани би можеле да доведат некого до работ на сиромаштијата. Несреќен случај или некоја болест би можеле привремено или трајно да спречат некого да работи. А смртта може да остави зад себе сираци и вдовици. Дури и таквите тешки околности не значат дека Бог не ги сака оние што се погодени од нив. Извештајот за Ноемина и Рут е охрабрувачки пример за тоа со колкава љубов Јехова се грижи за сиромашните. Иако по смртта на нивните мажи Ноемина и Рут останале сиромашни, Јехова Бог ги благословил и се погрижил за она што им требало (Рут 1:1-6; 2:2-12; 4:13-17).

Се разбира, сиромаштијата не е доказ дека Бог не те сака. Оние што му се верни на Јехова Бог може да се потпрат на зборовите на цар Давид: „Бев млад и остарев, но никогаш не видов праведник да биде оставен, ниту неговите деца да просат за леб“ (Псалм 37:25).

[Слика на страница 8]

Иако Ноемина и Рут биле сиромашни, Бог ги благословил и со љубов се грижел за нив