Дали сте знаеле?
Дали сте знаеле?
Освен вино, кои други алкохолни пијалаци се правеле во библиски времиња?
▪ Во Библијата често се спомнуваат заедно „вино и опоен пијалак“ (5. Мојсеева 14:26; Лука 1:15). Зборот „пијалак“ не може да се однесува на напивки што биле производ на дестилација, бидејќи тој процес бил измислен со векови подоцна. Алкохолни пијалаци не се правеле само од овошје како грозје, урми, смокви, јаболка и калинки, туку и од мед.
Всушност, терминот „опоен пијалак“ би можел да се однесува и на пивото. Хебрејскиот збор преведен со „опоен пијалак“ е сроден со еден акадски збор што може да укажува на обичното пиво од јачмен што се правело во Месопотамија. Тој пијалак не содржел многу алкохол, но човек можел да се опијани ако испиел премногу (Изреки 20:1). Во древните египетски гробници се откриени глинени макети на пиварници и цртежи од луѓе што правеле пиво. Во Вавилон, пивото било вообичаен пијалак што се користел секојдневно како во палатите така и во домовите на сиромашните луѓе. И Филистејците пиеле слична напивка. На целата територија на Палестина, археолозите пронашле бокали со мало сито. Со тие садови пивото се процедувало за оние што пиеле да не голтнат некоја лушпа од јачменот од кој било направено.
Зошто во времето на апостол Павле било особено опасно да се плови во некои периоди од годината?
▪ Поради неповолните ветрови, на еден брод со кој пловел апостол Павле му требало многу време за да стигне на запад по должината на брегот на Мала Азија. Библискиот извештај вели дека на извесно место ‚пловидбата станала опасна, бидејќи веќе поминал и есенскиот пост за Денот на очистувањето‘. Павле им рекол на своите сопатници дека секој обид да го продолжат патувањето ќе носи со себе и ризик од загуба „не само за товарот и бродот туку и за [нивните] души“ (Дела 27:4-10).
Постот за Денот на очистувањето се паѓал кон крајот на септември или во почетокот на октомври. Римските морнари знаеле дека, општо земено, било безбедно да се патува од 27 мај до 14 септември. Оттогаш па до 11 ноември пловидбата била прилично несигурна, а од 11 ноември до 10 март се сметало дека морето воопшто не е поволно за пловење. Една причина била нестабилноста на времето, како што може да се види од она што подоцна му се случило на Павле (Дела 27:13-44). Морнарите биле изложени на ризик од силни бури, како и на поголеми проблеми при пловидбата. Облаците го покривале сонцето дење, а ѕвездите ноќе. Освен тоа, маглата и дождот ја намалувале видливоста и ги криеле потенцијалните опасности.
[Слика на страница 23]
Дрвени модели на египетски пивски шишиња
[Извор на слика]
Erich Lessing/Art Resource, NY
[Слика на страница 23]
Римски товарен брод, о. 100-200 год. од н.е.
[Извор на слика]
Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.