Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Каде е Бог?

Каде е Бог?

Каде е Бог?

11 септември 2001 год.: Во 8.46 часот, еден комерцијален авион удри во северната кула на Светскиот трговски центар во Њујорк — што беше само првиот од низата терористички напади што следеа. Во наредните 102 минути загинаа околу 3.000 лица.

26 декември 2004 год.

Земјотрес во Индискиот Океан со јачина од 9,0 степени според Рихтеровата скала предизвика серија смртоносни бранови што погодија 11 земји, вклучувајќи ја и Африка — на оддалеченост од околу 5.000 километри. За еден ден загинаа или исчезнаа 150.000 луѓе, а повеќе од еден милион останаа без покрив над главата.

1 август 2009 год.: Еден 42-годишен човек и неговиот 5-годишен син удрија со воден скутер во дрвените греди на едно пристаниште. Таткото загина на самото место. Синчето беше тешко повредено, но почина следниот ден. „Се надевавме дека ќе преживее и дека ќе се случи некакво чудо“, рече една ужалена роднина.

Кога читаш за терористички напади или за природни катастрофи или, пак, ти лично доживуваш некоја трагедија, се прашуваш ли дали Бог гледа што се случува? Си помислуваш ли дека нѐ напуштил? Како што ќе видиме, Библијата дава утешен одговор на овие прашања.

[Извори на слики на страница 3]

© Dieter Telemans/Panos Pictures

PRAKASH SINGH/AFP/Getty Images

© Dieter Telemans/Panos Pictures