Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

3. Како да се молиме?

3. Како да се молиме?

3. Како да се молиме?

КОГА станува збор за молитвата, многу верски преданија најголем акцент ставаат на начинот на кој човек се моли, како што се положбата на телото, зборовите и обредот. Меѓутоа, Библијата ни помага да не мислиме толку на тоа, туку да се сосредоточиме на некои поважни работи од прашањето „Како да се молиме?“

Во Библијата се спомнати многу верни Божји слуги што се молеле на различни места и со различна положба на телото. Тие се молеле во себе или на глас, во зависност од околностите во кои се наоѓале. Се молеле со погледот кренат кон небото или, пак, наведнати кон земјата. Наместо да користат икони, бројаници или молитвеници, тие се молеле од срце, со свои зборови. Зошто Бог ги услишувал нивните молитви?

Како што спомнавме во претходната статија, тие верни луѓе му ги упатувале молитвите само на еден Бог — Јехова. Треба да имаме на ум уште една важна работа. Во 1. Јованово 5:14 читаме: „А во ова се надеваме на Бог: што и да бараме во склад со неговата волја, тој нѐ слуша“. Нашите молитви треба да бидат во склад со Божјата волја. Што значи тоа?

За да се молиме во склад со Божјата волја, треба да знаеме која е Божјата волја. Затоа, проучувањето на Библијата има многу важна улога. Дали тоа значи дека Бог нема да нѐ чуе ако немаме големо познавање на Библијата? Не, туку Бог очекува од нас да откриеме која е неговата волја, да се трудиме да ја разбереме и потоа да ја вршиме (Матеј 7:21-23). Треба да се молиме во склад со она што го учиме.

Додека учиме за Јехова и за неговата волја, ни се зајакнува верата — што е уште една многу битна работа поврзана со молитвата. Исус рекол: „Сѐ што ќе побарате со вера во молитва, ќе добиете“ (Матеј 21:22). Верата не значи лековерност. Напротив, верата значи да се верува во нешто кое, иако не се гледа, е поткрепено со цврсти докази (Евреите 11:1). Библијата содржи многу докази дека Јехова, кого не можеме да го видиме, е реален, дека ја заслужува нашата доверба и дека е спремен да одговори на молитвите на оние што покажуваат вера во него. Освен тоа, секогаш можеме да го молиме Јехова да ни даде уште вера. Тој многу сака да ни го даде она што ни е потребно (Лука 17:5; Јаков 1:17).

Има уште една важна работа поврзана со тоа како да се молиме. Исус рекол: „Никој не доаѓа кај Таткото, освен преку мене“ (Јован 14:6). Значи, на Таткото, Јехова, можеме да му пристапиме само преку Исус. Затоа, Исус им рекол на своите следбеници да се молат во негово име (Јован 14:13; 15:16). Тоа не значи дека треба да му се молиме на Исус. Наместо тоа, се молиме во името на Исус, имајќи на ум дека благодарение на него можеме да му се обратиме на нашиот совршен и свет Татко.

Еднаш, најблиските следбеници на Исус го замолиле: „Господару, научи нѐ да се молиме“ (Лука 11:1). Јасно е дека не го прашувале за основните работи што веќе ги спомнавме. Учениците, всушност, сакале да знаат што да кажат во молитвите. Со други зборови, тие како да го прашале: ‚За што да се молиме?‘

[Истакната мисла на страница 6]

Молитвите што ги слуша Бог се во склад со Неговата волја, се кажуваат со вера и се упатени во името на Исус