Човек од источна Азија во древна Италија
Човек од источна Азија во древна Италија
КАКО било можно пред 2.000 години еден човек од источна Азија да живее во древното Римско Царство? Тоа прашање се наметнало по едно неверојатно откритие на археолозите во јужна Италија во 2009 год.
Ископувањата се вршеле на древните римски гробишта во Вањари, на 60 километри западно од Бари. Таму биле откриени 75 човечки скелети. Со анализа на коските се утврдило дека повеќето од нив биле од тоа место. Сепак, еден скелет ги изненадил истражувачите. Анализите на неговата митохондријална ДНК покажале дека по мајчина линија потекнува од источна Азија. * Посмртните останки датираат од првиот или вториот век од н.е. Според еден извештај во врска со ова откритие, „изгледа дека тоа било првпат во Римското царство да се пронајде скелет на човек од источноазиско потекло“. Кој бил тој човек?
„На прв поглед можеби ќе помислиме дека овој човек бил поврзан со трговијата на свила која цветала меѓу Кина и Рим“, пишува во истиот извештај. Меѓутоа, се смета дека оваа трговија се одвивала преку низа посредници, или прекупци, од кои никој не го поминувал целиот пат меѓу Кина и Италија. Тој пат бил долг 8.000 километри.
Што можеме да дознаеме од местото каде што биле пронајдени останките? Во старо време, Вањари бил селски имот во сопственост на императорот, каде што работниците топеле железо и правеле глинени тули. Многу од нив биле робови, а веројатно бил роб и овој човек од Истокот. Всушност, начинот на кој бил погребан покажува дека не се работи за богат човек. Од личните предмети што биле закопани крај него, пронајдено е само едно обично грне, а врз неговиот леш било погребано уште едно тело.
Зошто ова откритие е важно за нас? Ширењето на христијанската порака во првиот век зависело од тоа колку далеку патувале луѓето во минатото. Библијата ни кажува дека по Педесетница 33 год. од н.е., добрата вест се раширила насекаде преку луѓето од други земји што престојувале во Ерусалим (Дела 2:1-12, 37-41). Ако ништо друго, овој скелет покажува дека во тоа време некои луѓе од источна Азија патувале во медитеранските земји. *
[Фусноти]
^ пас. 3 Со анализа на митохондријалната ДНК не можат да се добијат податоци за потеклото по таткова линија.
^ пас. 6 Постојат докази и дека луѓе од Запад патувале во источна Азија. Види ја статијата „До каде на исток отишле мисионерите?“ во Стражарска кула од 1 јануари 2009 год.
[Карта на страница 29]
(Види во публикацијата)
РИМ
Вањари
Средоземно Море
ИСТОЧНА АЗИЈА
ТИХИ ОКЕАН
[Слика на страница 29]
Скелет на човек од источна Азија откриен во една древна римска гробница
[Извор на слика на страница 29]
© Su concessione del Ministero per i Beni e le Attività Culturali-Direzione Regionale per i Beni Culturali e Paesaggistici della Puglia-Soprintendenza per i Beni Archeologici della Puglia