Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Застапувај го вистинскиот Бог!

Застапувај го вистинскиот Бог!

Катче за младите

Застапувај го вистинскиот Бог!

Упатство: Седни на тивко место и прочитај ги стиховите што се дадени подолу. Додека читаш, замисли си дека си во тоа време и на тоа место. Претстави си ги околината и луѓето. Слушај ги гласовите. Соживеј се со чувствата на главните ликови. Живо претстави си ги настаните.

Главни ликови: Илија, Ахав и околу 450 пророци на Ваал.

Кратка содржина: Илија покажува дека, за разлика од Ваал, Јехова е моќен Бог.

1 АНАЛИЗИРАЈ ЈА СЦЕНАТА. (ПРОЧИТАЈ 1. ЦАРЕВИТЕ 18:17-40.)

На еден лист нацртај скица од која може да се види каде се наоѓале Илија, пророците на Ваал и жртвениците.

Какви звуци допираат до тебе додека читаш за хаосот опишан во стихови од 26 до 29?

․․․․․

Што мислиш, како се чувствувал Илија додека зборувал со пророците на Ваал?

․․․․․

2 РАЗМИСЛИ ПОДЛАБОКО.

Зошто Илија требало да биде храбар за да зборува со Ахав и потоа да го направи испитот што понижил стотици пророци на Ваал? (Мала помош: Прочитај 1. Царевите 18:4, 13, 14.)

․․․․․

Истражувај темелно и дознај нешто повеќе за обожавањето на Ваал. На пример, какви обичаи се практикувале? Како влијаело тоа врз Израелците?

․․․․․

Што мислиш, зошто Илија ископал дупка околу Јеховиниот жртвеник, а потоа побарал да се наполни со вода?

․․․․․

3 ИЗВЛЕЧИ ПОУКА. ЗАПИШИ СИ ШТО НАУЧИ ЗА...

храброста да се застапува вистинскиот Бог:

․․․․․

благословите што ги добиваат оние кои се храбри:

․․․․․

ДРУГИ ПОУКИ.

Во кои ситуации би можел да покажеш поголема храброст додека го застапуваш вистинскиот Бог?

․․․․․

4 ШТО ТИ ОСТАВИ НАЈСИЛЕН ВПЕЧАТОК ОД ОВОЈ ИЗВЕШТАЈ, И ЗОШТО?

․․․․․

Ако немаш Библија, побарај од Јеховините сведоци. Други библиски публикации можеш да најдеш на www.watchtower.org и на www.dan124.com

[Рамка на страница 31]

Информации во врска со обласниот конгрес

Почнувајќи од оваа година, датумите и локациите на кои ќе се одржат обласните конгреси повеќе нема да бидат наведени во Стражарска кула, туку можат да се најдат на веб-страницата jw.org.