Пророштво 6: Проповедање по целиот свет
Пророштво 6: Проповедање по целиот свет
„Оваа добра вест за царството ќе биде проповедана по целиот свет“ (МАТЕЈ 24:14)
● Вајатија живее на еден далечен пацифички остров на архипелагот Туамоту. Иако овој архипелаг се состои од речиси 80 корални острови распослани на површина од преку 800.000 квадратни километри, таму живеат само околу 16.000 луѓе. Сепак, Вајатија и нејзините соседи биле посетени од Јеховините сведоци. Зошто? Затоа што тие сакаат да им ја пренесат добрата вест за Божјето Царство на сите луѓе — без разлика каде живеат.
ШТО ПОКАЖУВААТ ФАКТИТЕ? Пораката за Царството се пренесува низ целиот свет. Само во 2010 год., Јеховините сведоци потрошија над 1,6 милијарда часови за да ја објавуваат оваа добра вест во 236 земји. Тоа значи дека секој Сведок проповедал во просек по 30 минути на ден. Во изминатава деценија тие отпечатија и дистрибуираа над 20 милијарди примероци библиска литература.
ВООБИЧАЕН ПРИГОВОР. Библиската порака се проповеда илјадници години.
ДАЛИ ОВОЈ ПРИГОВОР ИМА ОСНОВА? Точно е дека и други проповедале за она што го пишува во Библијата. Меѓутоа, повеќето од нив го правеле тоа само кратко време и само на одредено подрачје. За разлика од нив, Јеховините сведоци организирано им проповедаат на стотици милиони луѓе низ целиот свет. Тие продолжуваат да проповедаат и покрај жестокото противење од страна на некои од највлијателните и најбезмилосни организации во човечката историја * (Марко 13:13). Освен тоа, Сведоците не добиваат плата за тоа што го прават, туку доброволно одвојуваат време и бесплатно ги делат библиските публикации. Нивното дело се финансира само со доброволни прилози.
ШТО МИСЛИШ ТИ? Дали ‚добрата вест за царството‘ се проповеда по целиот свет? Дали исполнувањето на ова пророштво значи дека нѐ очекува поубава иднина?
[Фуснота]
^ пас. 6 За да дознаеш нешто повеќе во врска со тоа, можеш да ги гледаш трите документарни филма Јеховините сведоци стојат цврсто наспроти нацистичкиот напад, Верни под испити и Пурпурни триаголници. Последните два филма ги нема на македонски, но достапни се на српски јазик.
[Истакната мисла на страница 9]
„Сѐ додека дозволува Јехова, ќе продолжиме ревносно да ја проповедаме добрата вест за Царството и ќе се трудиме на секој можен начин да дојдеме до луѓето“ (ГОДИШНИК НА ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ ЗА 2010)