„Дали луѓето ќе ја уништат Земјата?“
„Дали луѓето ќе ја уништат Земјата?“
● Гледано од вселената, планетата Земја е како прекрасен сино-бел скапоцен камен. Но, гледано одблизу, нашиот дом е во неволја. Зошто? Одговорот е едноставен: Луѓето се лоши станари. Тие ја уништуваат Земјата преку загадувањето, неконтролираното сечење на шумите и прекумерното искористување на нејзините природни богатства. Но, ја уништуваат и морално и духовно преку насилство, крвопролевање и неморал.
Ваквата жална состојба била проречена во Библијата уште пред две илјади години (2. Тимотеј 3:1-5; Откровение 11:18). Во неа е проречено и дека Бог — а не некој човек — потполно ќе ги исправи работите. Овие важни теми ќе бидат разгледани во јавното предавање „Дали луѓето ќе ја уништат Земјата?“ Тоа ќе биде изнесено на Обласните конгреси на Јеховините сведоци со тема „Нека дојде Божјето Царство!“, кои од мај ќе почнат да се одржуваат низ целиот свет.
Срдечно си поканет да присуствуваш. За да дознаеш која е најблиската локација стапи во контакт со Јеховините сведоци во твоето место или пиши до издавачите на ова списание. На веб-страницата www.dan124.com се наведени локациите на конгресите во Македонија Србија Косово Албанија и други земји.