Дали папата е „наследник на Свети Петар“?
Дали папата е „наследник на Свети Петар“?
ВО 2002 год., папата Јован Павле II му напиша писмо на бискупот од Лимбург (Германија), со кое поништи една негова одлука во врска со абортусот. Папата ја образложи својата постапка велејќи дека е одговорен за „мирот и единството на сите цркви според волјата на Исус Христос“. Тој тврдеше дека има авторитет да ја поништи одлуката на бискупот затоа што, како папа, е „наследник на Свети Петар“.
Како што е објаснето во една католичка енциклопедија, „Христос го поставил Св. Петар над сите апостоли“. Католичката црква тврди и дека „Христос одредил секогаш по Петар да има некој што ќе ја наследи таа положба, а тие наследници се римските бискупи“ (New Catholic Encyclopedia издание од 2003 год., том 11, страници 495-496).
Овие тврдења се многу сериозни. Дали си ја проверил нивната точност? Размисли за одговорот на следниве три прашања: 1) Дали Библијата потврдува дека Петар бил првиот папа? 2) Што ни открива историјата за потеклото на папството? 3) Дали со своите постапки и учења папите покажуваат дека се наследници на Петар?
Дали Петар бил првиот папа?
За да докажат дека црквата е основана врз Петар, католиците веќе долго време се осврнуваат на Исусовите зборови запишани во Матеј 16:18: „Ти си Петар. На оваа карпа ќе го изградам своето собрание“. Всушност, овој стих е испишан на латински јазик под куполата на базиликата Свети Петар во Рим.
Августин, почитуван црковен отец, некое време сметал дека собранието било изградено врз Петар. Меѓутоа, кон крајот на својот живот, тој го сменил своето мислење за значењето на Исусовите зборови. Во едно дело познато како Retractations, Августин тврдел дека црквата, т.е. христијанското собрание, била изградена врз Исус, а не врз Петар. *
Точно е дека апостол Петар често се спомнува во евангелијата. Исус избрал тројца апостоли — Јован, Јаков и Петар — да бидат со него во неколку посебни прилики (Марко 5:37, 38; 9:2; 14:33). На Петар му ги доверил „клучевите на царството небесно“ за да го отвори патот до Царството — прво за Евреите и преобратениците, потоа за Самарјаните и на крајот за не-Евреите (Матеј 16:19; Дела 2:5, 41; 8:14-17; 10:45). Бидејќи по природа бил многу отворен човек, Петар понекогаш зборувал во името на другите апостоли (Дела 1:15; 2:14). Но, дали поради тоа бил глава на собранието во првиот век?
Навистина, апостол Павле напишал дека на Петар му било дадено „апостолство меѓу обрежаните“ (Галатите 2:8). Меѓутоа, ако се прочита целиот извештај, може да се види дека со тие зборови Павле не сакал да каже дека Петар го водел собранието. Тој само спомнал каква била улогата на Петар во делото на проповедање меѓу Евреите.
Иако на Петар му биле дадени големи одговорности, никаде во Библијата не можеме да прочитаме дека се сметал за глава на собранието и дека како таков донесувал одлуки за сите ученици. Во своето писмо тој напишал дека е „апостол“ и „старешина“ — ништо повеќе (1. Петрово 1:1; 5:1).
Што ни открива историјата за потеклото на папството?
Според тоа, кога и како се родила идејата да се поставуваат папи? Идејата дека е во ред еден човек да биде на повисока положба од своите соверници се појавила додека апостолите сѐ уште биле живи. Какво гледиште за тоа имале самите апостоли?
Апостол Петар им рекол на мажите што предводеле во собранието ‚да не господарат над оние што се Божја сопственост‘ туку да се опашаат со понизност (1. Петрово 5:1-5). Апостол Павле предупредил дека во самото собрание ќе се појават луѓе кои „ќе изнесуваат искривени учења за да ги повлечат по себе учениците“ (Дела 20:30). Кон крајот на првиот век од н.е., апостол Јован напишал писмо во кое строго го прекорил ученикот Диотреф. Зошто? Една причина била тоа што тој човек ‚сакал да биде прв‘ во собранието (3. Јованово 9). Ваквите совети на апостолите извесно време служеле како заштита од амбициите на оние што биле жедни за висока положба (2. Солуњаните 2:3-8).
Кратко по смртта на апостолите, некои поединци почнале да стекнуваат поголем углед. Во една книга пишува: „Најверојатно до средината на вториот век, во Рим немало само еден ‚монархистички‘ бискуп“ (The Cambridge History of Christianity). Но, во третиот век, бискупот на Рим се поставил себеси како највисок авторитет, барем над некои цркви. * За да го поткрепат тврдењето дека бискупот од Рим има највисок авторитет, некои составиле список со наследници на Петар.
Меѓутоа, овој список не го поткрепува тоа тврдење. Зошто? Прво, некои имиња на списокот не можат да се проверат. Што е уште поважно, за тој список не постои никаква основа. Зошто? Дури и ако Петар навистина проповедал во Рим, како што се наведува во некои световни дела од првиот и вториот век, нема докази дека бил глава на тамошното собрание.
Еден доказ дека Петар не бил глава на собранието во Рим е тоа што, кога апостол Римјаните 16:1-23). Ако Петар бил глава на собранието во Рим, зар Павле би пропуштил да го спомне или, пак, би го игнорирал?
Павле го напишал писмото до Римјаните, спомнал многу христијани од тој град, но ниту еднаш не го спомнал Петар (Исто така, кога Петар го напишал своето прво вдахновено писмо, Павле му го напишал второто писмо на Тимотеј, во кое го спомнал Рим. Всушност, додека бил во тој град, Павле напишал шест писма, но во ниедно не го спомнал Петар.
Околу 30 години откако Павле ги напишал своите писма, апостол Јован напишал три писма и книгата Откровение. Но, никаде не навел дека собранието во Рим било најистакнато ниту, пак, спомнал некаков водач на црквата што бил поставен на највисока положба како наследник на Петар. Ниту Библијата ниту историските докази не го поткрепуваат тврдењето дека Петар се поставил себеси за прв бискуп на собранието во Рим.
Што покажуваат однесувањето и учењата на папите?
Со право би очекувале некој што тврди дека е „наследник на Свети Петар“ и „Христов намесник“ да постапува и да поучува за истите работи како Петар и Христос. На пример, дали Петар очекувал неговите соверници да му оддаваат некаква посебна чест? Не. Тој не сакал да му се искажува почит на некој посебен начин (Дела 10:25, 26). А Исус? Тој рекол дека дошол да им служи на другите, а не да му служат (Матеј 20:28). Но, што да се каже за папите? Дали тие избегнуваат високи положби, звучни титули и наметливо фалење со богатството и моќта?
Петар и Христос биле чесни и праведни луѓе кои го унапредувале мирот. Спореди ги нивните дела со она што го вели еден католички лексикон за папата Лав X: „Бидејќи бил вмешан во политички и честопати непотистички зделки и оддаден на расипнички задоволства, Лав X ги запоставил важните задачи во врска со духовноста“ (Lexikon für Theologie und Kirche). Карл Амон, католички свештеник и професор по црковна историја, вели дека извештаите за папата Александар VI откриваат „крајна дрскост, злоупотреба на власта, купување и продавање црковни служби и вршење неморал“.
А што да се каже за учењата на папите? Какви се во споредба со учењата на Петар и на Христос? Петар не верувал дека сите добри луѓе одат на небото. Во врска со добриот цар Давид, тој отворено рекол: „Давид не се вознесе на небото“ (Дела 2:34). Петар не поучувал дека треба да се крштаваат новороденчиња. Наместо тоа, учел дека крштавањето е чекор што еден верник треба свесно да го преземе (1. Петрово 3:21).
Исус велел дека ниеден од учениците не треба да се поставува над другите. „Ако некој сака да биде прв, нека биде последен од сите и нека им биде слуга на сите“, рекол тој (Марко 9:35). Кратко пред да умре, на своите следбеници им ги дал следниве јасни упатства: „Не дозволувајте да ве нарекуваат учители, зашто еден е вашиот учител, а сите вие сте браќа. И никого на земјата не нарекувајте го татко, зашто еден е вашиот Татко — оној што е на небесата. Не дозволувајте ниту да ве нарекуваат водачи, зашто еден е вашиот Водач — Христос“ (Матеј 23:1, 8-10). Што мислиш, дали папите се држат за учењата на Петар и на Христос?
Некои велат дека папата треба да остане на својата положба дури и ако не живее како христијанин. Дали тоа ти звучи разумно? Исус рекол: „Секое добро дрво дава добар плод, а секое гнило дрво дава безвреден плод. Добро дрво не може да даде безвреден плод, ниту, пак, може гнило дрво да даде добар плод“. Со оглед на ова што го разгледавме, мислиш ли дека Петар или Христос би сакале да имаат некаква врска со гнилите плодови на папите? (Матеј 7:17, 18, 21-23).
[Фусноти]
^ пас. 7 Исусовите зборови се однесувале на тоа кој е Христос и каква е неговата улога, а не каква е улогата на Петар (Матеј 16:13-17). И самиот Петар подоцна рекол дека Исус бил карпата врз која било изградено собранието (1. Петрово 2:4-8). Апостол Павле потврдил дека „аголниот камен–темелник“ на христијанското собрание е Исус, а не Петар (Ефешаните 2:20).
^ пас. 14 И Исус и апостолите предупредиле дека во христијанското собрание ќе се појават мажи што ќе шират отпаднички учења (Матеј 13:24-30, 36-43; 2. Тимотеј 4:3; 2. Петрово 2:1; 1. Јованово 2:18). Овие изјави се оствариле кога црквата, или собранието, во вториот век почнала да прифаќа пагански обичаи и да ги меша библиските учења со грчката филозофија.
[Слика на страница 25]
Дали папите го следат примерот на Петар?