Библијата менува животи
Библијата менува животи
ШТО му донело поголемо задоволство на еден човек од Шкотска од успешната кариера? Што му помогнало на еден човек од Бразил да престане со неморалниот живот и да се откаже од пушењето крек кокаин? Како еден човек од Словенија успеал да престане да се опива? Прочитај што имаат да ни кажат тие.
„Ми одеше добро во животот“ — ЏОН РИКЕТС
РОДЕН: 1958
ЗЕМЈА: ШКОТСКА
НЕКОГАШ: УСПЕШЕН БИЗНИСМЕН
МОЕТО МИНАТО: Имав убаво детство. Татко ми беше офицер во Британската армија, па затоа често се селевме. Освен во Шкотска, живеевме и во Англија, Германија, Кенија, Малезија, Ирска и Кипар. Уште од осумгодишна возраст одев во интернатски училишта во Шкотска. Дипломирав на Универзитетот во Кембриџ.
Кога имав 20 години влегов во нафтениот бизнис, со кој се занимавав осум години. Најпрво работев во Јужна Америка, потоа во Африка, па во Западна Австралија. Откако се преселив таму основав инвестициска фирма, која подоцна ја продадов.
Со приходот од таа продажба можев да се пензионирам на возраст од 40 години. Слободното време го користев за патувања. Двапати ја поминав Австралија со мотор, а бев и на пат околу светот. Сѐ ми одеше добро во животот.
КАКО БИБЛИЈАТА МИ ГО ПРОМЕНИ ЖИВОТОТ: Уште пред да се пензионирам, сакав на некој начин да му се заблагодарам на Бог за животот што го живеев. Почнав да одам во Англиканската црква, во која како дете ме носеа моите родители. Но, во црквата многу малку се зборуваше за Библијата. Потоа се заинтересирав за учењата на мормоните, но и кај нив не ми се допадна тоа што многу од учењата не ги темелеа на Библијата.
Еден ден кај мене дојдоа Јеховини сведоци. Веднаш забележав дека своите учења ги темелат исклучиво на Библијата. Еден од стиховите што ми ги прочитаа беше и 1. Тимотеј 2:3, 4. Таму пишува дека Бог сака „најразлични луѓе да се спасат и добро да ја запознаат вистината“. Голем впечаток ми остави тоа што Сведоците ми објаснија дека не е доволно само да знаеме нешто од Библијата, туку дека треба добро да се запознаеме со вистините запишани во неа.
Тоа што ја проучував Библијата со Јеховините сведоци ми помогна добро да се запознаам со вистините во неа. На пример, увидов дека Бог и Исус не се дел од некакво мистериозно тројство, туку дека се две Јован 14:28; 1. Коринќаните 11:3). Ми беше мило што ја дознав оваа едноставна вистина. А ми беше и криво што во минатото потрошив толку труд за да разберам нешто што е невозможно да се разбере!
посебни личности (По кратко време почнав да одам и на нивните состаноци. Ме воодушевија срдечноста и моралната цврстина на луѓето таму — ми изгледаа како светци! Љубовта меѓу нив ме увери дека ја пронајдов вистинската религија (Јован 13:35).
МОЈОТ ЖИВОТ СЕГА: Откако се крстив, се запознав со Дајан, која беше Јеховин сведок. Таа пораснала во семејство на Јеховини сведоци и имаше многу убави особини, кои ме привлекоа. По некое време се венчавме. Љубовта и поддршката што ми ги дава се вистински благослов од Јехова.
И јас и Дајан многу сакавме да се преселиме некаде каде што има поголема потреба да се проповеда добрата вест од Библијата. Во 2010 год., се преселивме во Белизе (Средна Америка). Во оваа земја ги поучуваме луѓето што го сакаат Бог и имаат ценење за Библијата.
Најдов душевен мир кога ја дознав вистината за Бог и за неговата Реч, Библијата. Среќен сум што поголемиот дел од времето го посветувам за да проповедам, и до сега им помогнав на мнозина да дознаат нешто повеќе за Библијата. Неизмерна радост ми носи кога гледам дека библиската вистина менува нечиј живот на подобро — како што беше случај и со мене. Конечно го пронајдов најдобриот начин на кој може да му се заблагодарам на Бог за животот што го живеам.
„Беа многу фини со мене“ — МАРИСИО АРАУЖУ
РОДЕН: 1967
ЗЕМЈА: БРАЗИЛ
НЕКОГАШ: ВОДЕЛ НЕМОРАЛЕН ЖИВОТ
МОЕТО МИНАТО: Пораснав во Аваре, мирно гратче во државата Сао Паоло. Неговите жители припаѓаат главно на работничката класа.
Татко ми умрел додека мајка ми била бремена со мене. Како мал, ги облекував алиштата на мајка ми кога таа не беше дома. Почнав да покажувам женски манири, и луѓето мислеа дека сум хомосексуалец. Со текот на времето, почнав да имам сексуални односи со момчиња и мажи.
Немав ни дваесет години кога почнав да барам сексуални партнери (и мажи и жени) секаде каде што можеа да се најдат — по баровите, ноќните клубови, па дури и црквите. За време на карневалот се облекував како жена и танцував самба на парадите. Бев многу популарен.
Се дружев со хомосексуалци, проститутки и зависници од дрога. Под влијание на некои од нив почнав да земам крек кокаин, и многу брзо станав зависник. Понекогаш пушевме по цела ноќ. На периоди се повлекував од сите и цел ден пушев крек. Толку ослабнав што се раширија муабети дека имам СИДА.
Римјаните 10:13, каде што пишува: „Секој што го повикува името на Јехова, ќе биде спасен“. Од тие зборови сфатив колку е важно да го користиме името Јехова. Многупати, откако цела вечер ќе пушев крек кокаин, ќе го отворев прозорецот, ќе погледнев во небото и со солзи ќе го молев Јехова да ми помогне.
КАКО БИБЛИЈАТА МИ ГО ПРОМЕНИ ЖИВОТОТ: Некаде во тоа време сретнав Јеховини сведоци. Тие беа многу фини со мене. Еден од библиските стихови што ми ги прочитаа бешеБидејќи бев загрижен за мајка ми, која многу страдаше затоа што гледаше дека си го уништувам животот, решив да престанам да се дрогирам. Кратко потоа, почнав да ја проучувам Библијата со Јеховините сведоци. Тие ме уверија дека проучувањето ќе ме направи уште порешен да се откажам од зависноста — и навистина беше така!
Колку повеќе ја проучував Библијата толку појасно ми беше дека морам да го сменам животот. Најтешко од сѐ ми беше да престанам да живеам како хомосексуалец, затоа што таков бев откако знаев за себе. Една од работите што ми помогнаа беше тоа што го сменив друштвото. Ги прекинав контактите со поранешните другари и престанав да одам во барови и ноќни клубови.
Иако не ми беше лесно да ги направам тие промени, ме утеши сознанието дека Јехова се грижи за мене и дека разбира колку тешка борба водам (1. Јованово 3:19, 20). Во 2002 год., прекинав да живеам како хомосексуалец и се крстив како Јеховин сведок.
МОЈОТ ЖИВОТ СЕГА: Бидејќи беше многу одушевена од промените што ги направив, и мајка ми почна да ја проучува Библијата. За жал, по некое време доби мозочен удар. Без оглед на тоа, нејзината љубов кон Јехова и кон вистините од Библијата и понатаму расте.
Изминативе осум години сум во полновремена служба, што значи дека голем дел од времето посветувам за да ги поучувам другите за Библијата. Морам да признаам дека одвреме-навреме сѐ уште се борам со неисправни желби. Но, ми дава сила тоа што сум свесен дека, секогаш кога ќе изберам да не постапам според нив, го радувам Јехова.
Тоа што сум близок со Јехова и живеам на начин што го одобрува ми ја зголемува самопочитта. Денес сум среќен човек.
‚Бев буре без дно‘ — ЛУКА ШУЦ
РОДЕН: 1975
ЗЕМЈА: СЛОВЕНИЈА
НЕКОГАШ: СЕ ОПИВАЛ
МОЕТО МИНАТО: Роден сум во Љубљана. Детството ми беше безгрижно сѐ до мојата четврта година. Тогаш татко ми изврши самоубиство. По таа трагедија, мајка ми мораше напорно да работи за да има од што да живееме јас и мојот постар брат.
Кога имав 15 години, се преселив кај баба ми. Кај неа ми беше убаво, бидејќи
во близина живееја многу мои другари. Освен тоа, имав и поголема слобода отколку дома. На 16 години почнав да се дружам со некои што секој викенд се опиваа. Ја пуштив косата, имав бунтовен стил на облекување и почнав да пушам.Иако пробав разни дроги, трајна навика ми стана само пиењето. Наскоро, од само неколку чаши вино, на едно седнување можев да испијам повеќе од едно шише. Станав експерт да скријам колку сум пијан. Честопати, само по мојот здив можеше да се осети дека сум пиел. Сепак, дури ни тогаш никој не можеше да препознае дека сум испил неколку литри вино или пиво — и тоа помешани со вотка!
Многупати јас бев тој што им помагаше на другарите да останат на нозе по цела вечер помината во диско, иако најчесто имав испиено двојно повеќе од нив. Во една прилика случајно чув како еден од нив рече дека сум буре без дно. Тоа ме здоболе до срце.
Почнав да размислувам што правам со животот. Ме преплавија чувства на безвредност. Ништо ми немаше смисла.
КАКО БИБЛИЈАТА МИ ГО ПРОМЕНИ ЖИВОТОТ: Некаде во тоа време забележав дека еден мој школски другар се смени, стана посмирен. Ме интересираше зошто се смени, па затоа го поканив да излеземе на едно кафе. Ми објасни дека почнал да ја проучува Библијата со Јеховините сведоци. Ми раскажа некои работи што ги научил — работи кои ги слушнав првпат во животот бидејќи никогаш не бев поучуван за религија. Почнав да одам на состаноците на Јеховините сведоци и да ја проучувам Библијата со нив.
Тоа ми ги отвори очите за многу вистини кои силно влијаеја врз мене. На пример, дознав дека живееме во период што Библијата го нарекува „последните денови“ (2. Тимотеј 3:1-5). Исто така, дознав дека Бог наскоро ќе ги отстрани лошите луѓе од Земјата, а дека на добрите луѓе ќе им даде можност да живеат вечно во рај (Псалм 37:29). Имав силна желба да водам чист живот за да бидам меѓу тие добри луѓе.
Почнав да им кажувам на другарите за вистините што ги дознав од Библијата. Повеќето од нив ме исмеваа, но сето тоа на крајот испадна за добро. Нивната реакција ми помогна да видам дека не ми се вистински пријатели. Сфатив дека мојот проблем со пиењето е тесно поврзан со мојот избор на друштво. Тие цела седмица едвај чекаа да дојде викендот за да можат пак да се опијат.
Престанав да се дружам со нив и почнав да се дружам со Јеховините сведоци. Тоа имаше многу добро влијание врз мене, затоа што тие вистински го сакаа Бог и се трудеа да живеат според неговите мерила. Малку по малку престанав да пијам.
МОЈОТ ЖИВОТ СЕГА: Благодарен сум му на Јехова што веќе не ми треба алкохол за да бидам среќен. Навистина не знам што ќе станеше од мене ако продолжев да живеам како порано. Но, сега мојот живот е многу поубав.
Се радувам што веќе седум години служам во подружницата на Јеховините сведоци во Словенија. Тоа што го познавам Јехова и ја вршам неговата волја ми дава вистинска смисла во животот.