Одговор на библиски прашања
Кое е Божјето име?
Членовите на нашето семејство имаат име. Дури и домашните миленичиња имаат име! Зар не би било логично дека и Бог има свое име? Во Библијата, за Бог се спомнуваат многу титули, како што се Семоќен Бог, Севишен Господар и Творец, но тој има и лично име. (Прочитај Исаија 42:8.)
Многу преводи на Библијата го содржат Божјето лично име во Псалм 83:18. На пример, во Свето писмо — превод Нов свет, тој стих гласи: „Единствено ти, чие име е Јехова, си Севишен над целата земја!“
Зошто треба да го користиме Божјето име?
Бог сака да му се обраќаме со неговото лично име. Сите ние користиме лични имиња кога зборуваме со оние што ги сакаме, како што се нашите блиски пријатели. Зар треба да биде поинаку кога му се обраќаме на Бог? Освен тоа, и Исус Христос рекол дека треба да го користиме Божјето име. (Прочитај Матеј 6:9; Јован 17:26.)
Меѓутоа, за да бидеме Божји пријатели, треба да знаеме за него и други работи освен неговото име. На пример, каков е Бог? Можно ли е да бидеме блиски со него? Одговорот на овие прашања ќе го најдеш во Библијата.